Вработена во комунална хигиена ги изненади сите откако го извади шлемот! - Канал 5

Вработена во комунална хигиена ги изненади сите откако го извади шлемот!

Многумина од нас поминуваат покрај чистачите на ѓубре не обраќајќи им внимание. 

Вработена во комунална хигиена ги изненади сите откако го извади шлемот!

Меѓу нив, меѓутоа, честопати има и образовани луѓе кои, за жал, поради разни околности не можеле да се вработат по струка, па се приморани да работат други работи.

Една фотографија преку ноќ стана вирална на Тик Ток и ги изненади корисниците на оваа социјална мрежа откако откри вистинска убавица зад униформата за чистење на една жена.

Додека ги празнела кесите од корпите за отпадоци, на оваа девојка ѝ пришол познат фотограф кој се претставува како „семкавквадрате“ и на TикТок го следат повеќе од 15 милиони луѓе. Тој случајно ја забележал младата жена која си ја вршела работата и ја замолил да ја фотографира. Бидејќи вработената носела шлем, ја замолил да го извади за фотографијата да биде појасна и поавтентична.

@semkavkvadrate ♬ Transgender - Crystal Castles

Зад униформата се криела вистинска убавина. Крупни темни очи и убаво лице без никакви корекции, како и насмевка што освојува за миг. Вака младата жена ги поздрави милионите придружници на познатиот фотограф.

Фотографијата им се допаднала на над милион негови придружници на ТикТок.

-Се надевам дека некој ќе ја види оваа убавица и ќе ѝ понуди работа како модел, благодарам што ја откривте – гласи еден од коментарите.

Корисниците се согласија дека младата жена е природна убавица и дека не ѝ се потребни никакви филтри. Многумина се надеваат дека ќе најде подобра работа, бидејќи како што рекоа, не и е местото во таа професија. Имаше и такви кои се посомневаа во автентичноста на фотографијата и помислија дека можеби станува збор за некој модел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција: Се заканил дека ќе ја обезглави наставничката, ќе оди во затвор

Во Франција, 47-годишен маж беше осуден на шест месеци затвор поради закана дека ќе ја обезглави наставничката која го казнила неговиот син.

Франција: Се заканил дека ќе ја обезглави наставничката, ќе оди во затвор

Пресудата беше изречена во итна постапка, шест дена по инцидентот во основно училиште во селото Ле Фога во близина на Тулуз во југозападна Франција, објавува Би-Би-Си.

На наставничката ѝ е дадена официјална заштита и моментално е на боледување. Поради инцидентот што се случи минатиот петок, нејзините колеги не одржаа часови во понеделник.

Францускиот министер за образование, Едуар Жефри, изјави дека ниту еден наставник не треба да се плаши да си ја врши работата и дека нападот врз еден од нив е напад врз целата институција. Жефри во текот на летото протурка закон кој го штити училишниот персонал од „значајни ризици“ по безбедноста или здравјето што може да ги претставуваат членовите на семејството на учениците. Министерот истакна дека ова е еден од првите случаи во кои ќе се применува новата регулатива.

Текот на настаните

Раководителот на одделот за образование на Тулуз, Карим Бенмилуд, потврди дека таткото бил повикан во училиштето на разговор. Градоначалникот на Ле Фога, Жан-Мари Пуиг, објасни за BFMTV дека момчето било немирно на час, па затоа било испратено во друго одделение за да се смири. Детето продолжило да се однесува лошо таму, а наставничката го опоменала.

Таткото бил налутен. Според градоначалникот, тој ја сретнал наставничката пред училиштето и ѝ се заканил дека „ќе ѝ ја отсече главата да беше машко“. Таткото подоцна се извинил, но против него била поднесена кривична пријава.

Судска одлука

Таткото на момчето се појавил пред судија во Тулуз завчера попладне. Според извештаите од францускиот суд, судијата му рекол дека таквите изјави се вознемирувачки. Обвинителот побарал шест месеци домашен притвор, но судијата му одредил затворска казна поради сериозноста на неговите постапки.

„Навистина не сум горд на себе“, рекол таткото на момчето, според обвинителите. Казната бара од него да посетува курс за граѓански права и одговорности и му забранува да има каков било контакт со наставничката или да се приближува до училиштето.

Пропис донесен во Франција во јули дозволува префрлање на ученици доколку постои сериозен ризик за персоналот. Се верува дека момчето и неговата помлада сестра ќе бидат префрлени во друго училиште. Се вели дека наставничката, која е во своите 50-ти години, е во длабок шок по заканите.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапи

ДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти за време на владеењето на СДСи ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапи

Државата плаќала 4,6 милиони евра провизии за неповлечени средства додека железничкиот Коридор 8 со години стоел незавршен.

Ова е сериозен скандал и резулат од неодговорното управување на СДС И ДУИ со стратешките инфраструктурни проекти. Првата и втората фаза не биле завршени, роковите биле пробиени, а наместо железничка инфраструктура граѓаните добиле милионски трошоци и нови долгови.

ДЗР констатирал неефикасно управување, a дополнително предупредил и ризик од губење на 61 милион евра европски грант за третата фаза на железничкиот Коридор 8.

Кој е одговорен за овие пропусти? Кој дозволил државата да плаќа милиони евра провизии? И кој ќе одговара ако со нечие постапување или непостапување е нанесена штета на државниот буџет?

СДС и ДУИ неодговорно постапувале со парите на граѓаните.

Јавното обвинителство мора да постапи по наодите на ДЗР. Да се испитаат сите одлуки, договори, постапки и одговорни лица и да се уврди дали има основа за кривична одговорност.

СДС и ДУИ не можат да се кријат и да молчат додека граѓаните ја плаќаат сметката за нивното катастрофално владеење во минатото.

4,6 милиони евра провизии, години доцнење незавршена железница и ризик за европски средства. Тоа е наследството од СДС и ДУИ.

Бараме одговорност за секој потрошен денар и за секоја одлука со која е оштетена државата. Не сме исти. Разликата е евидентна.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воз излета од шините во Франција, најмалку 20 повредени (ВИДЕО)

Околу 20 лица се повредени во железничка несреќа што се случи вчеравечер кога воз излета од шините помеѓу Руан и Кан во северна Франција, објавија француските власти.

Воз излета од шините во Франција, најмалку 20 повредени (ВИДЕО)

Возот превезувал 180 патници и излетал од шините во близина на градот Клеон во Нормандија, објави францускиот министер за транспорт Филип Табаро на социјалната мрежа „X“.

140 пожарникари биле на местото на несреќата помагајќи им на повредените и патниците, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер