Поранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина
1Поранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина
3Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
МакедонијаВработена на Онкологија сведочеше како се давале терапиите на клиниката во времето на Васев- Имаше истории кои не беа одобрувани веднаш откако ќе беа однесени. Откако историјата ќе се донесе во дневна болница се носи на потпис кај директорот. Медицинска сестра, која била одговорна за дневната болница на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, додека директор бил Нино Васев, на денешното судење за случајот Онкологија 2, сведочеше дека некогаш се случувало на клиниката да нема некоја терапија, а одредени пациенти да ја добијат, како и дека имало пациенти на кои им биле менувани препишаните терапии. На прашање од обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, сведокот, кој 22 години работи како медицинска сестра на Онкологија, рече дека имала задолжение да прави попис на лекови на неделно ниво и пациентите кои примале терапија од условен буџет да ги носи на одобрение кај директорот на Клиниката, кој во тоа време бил Васев. - Имаше истории кои не беа одобрувани веднаш откако ќе беа однесени. Откако историјата ќе се донесе во дневна болница се носи на потпис кај директорот. Со потпишан денешен извештај се прават четири копии и се пушта требување, еден извештај останува во аптека и два се чуваат во кластер, појасни таа. Рече дека некогаш се случувало на Клиниката да нема ваква терапија, а одредени пациенти да ја добијат. - Еден од тие пациенти беше Зоран, којшто примаше ампула пеценти. Во тој момент ја немаше на Клиниката, неговата сопруга беше некој инспектор, дојде и праша зошто нема и објаснивме, а таа рече ќе се качам кај директорот. По некое време се јавува директорот и ме повика во канцеларија каде беше и сопругата на пациентот и ми даде ампула паценти. Јас ја земав и ја спремив во амбуланта. Уште еден пациент, Салиху, која примаше ампула кејтруда. Имаше земено ампула, што ја немаше на Клиниката. Уште еден пациент, што мене ми се случило, и за него сум земала ампула од канцеларијата на директорот, изјави сведокот. Докторот принта два извештаја, еден за историја, еден за пациентот, за што сведокот рече дека се сеќава дека имало пациенти на кои биле менувани препишаните терапии. - Имаше еден пациент за кој ја се сеќавам, во извештајот беше шкртната дозата, која беше помала и напишана во ракопис поголема доза. За пациентот Игор, кој примаше ампула принтуда, приметив дека се повторува во извештаите кои ги правиме на три недела. Не сум лекар, сестра сум, но терапијата се прима на 21 ден, рече сведокот. На прашање од Обвинителството дали терапијата била примена на Клиниката, сведокот рече дека имало пациент кој терапија примал во Клиничка болница Штип, за што си имал дозвола од доктор за тоа, исто како и за уште еден пациент, за што тие потпишувале дека ги примаат ампулите и потоа се потпишуваат повторно кога ги враќаат празните. - Можам да кажам за дневна болница, не за Клиниката. Ние правевме, аи се уште правиме попис на неделно ниво на лекови, каде се гледа состојбата. Имаше ситуација пред новогодишниот попис 2022 година, кадешто видовме дека ни фалат 90 ампули гемзарт. Тоа беше баш пред Нова година. Прво се јавивме кај главната сестра, па потоа кај директорот. Кога почнавме на работа после Нова година, на 3 јануари ме повика директорот и ме праша од кога фалат. Му кажав дека правиме попис на неделно ниво и дека на пописот пред Нова година фалат 90 ампули. Имаше и еден случај, кој беше задолжен за спремање на терапија, дојде и кажа дека требуваните лекови зомета, биле оставени на маса во кутија на Работната маса ги снемало. Направивме вонреден попис и потоа дојде полиција. Тоа се два случаи на кои вака се сеќавам, рече сведокот. На дополнително прашање од обвинителката, дали сведокот знае како биле чувани лековите во канцеларијата на директорот, рече дека не знае. -Не знам како биле чувани, но со оглед дека беа ладни, најверојатно биле во фрижидер, појасни сведокот. Прашана дали доколку една терапија е приватно набавена од пациентот тоа би било наведено во историјата, сведокот рече да, тоа ќе биде наведено во медицинската историја на пациентот. На вкрстено прашање од бранителот на Васев, адвокат Никола Ставрев, дали потписот на директорот Никола Васев единственo значи дека го има на залиха, таа кажа дека потписот на директорот значел дека се одобрува терапијата. На прашање на бранителот на Нехад Нухи, адвокат Анита Бегова, дали од нејзиниот исказ може да заклучи дека во кабинетот на директорот има аптека, сведокот рече дека аптека не може да има. -Аптека не може да има. Ама лековите што ги напоменав, јас сум ги земала од таму. Јас кажав дека директорот мене ми ја даде ампулата, а не на пациентот. Не сум видела од каде го земал лекот, рече сведокот. На потпрашање дали директорот ги добил лековите од пациентот, сведокот рече дека ако бил приватно купен, лекот ќе бил даден од пациентот. Судот на следното рочиште ќе треба да се произнесе и по барање на одбраната за изземање на вештото лице Елизабета Дамевска Јовановска. Бранителот на второобвинетиот, адвокат Анита Бегова, рече дека на 13 јули 2017 година е евидентиран престанок на функцијата економски директор, а во текот на истражната постапка и изготвувањето на вештачењето истата е вработена во правно лице во рамки на Клиничкиот центар Мајка Тереза, што извршува услуги за сите универзитетски клиники, меѓу кои и за Онкологија. - Во РСМ согласно регистар на вештаци од материјално финансиско работење има регистрирани 1216 вешти лица од оваа област. Прашање е зошто, токму од 1216 вешти лица е одбрана Елизабета Дамевска Јовановски, која не може да биде вешто лице во оваа постапка. Дополнително, во 2018 година се пренесени салда од 2017 кога таа била економски директор, а техничкиот советник бил медицински директор на Клиниката, изјави Бегова. Адвокатот на Васев, реагираше дека станува збор за заговор од поранешниот медицински директор и економска директорка што може да се потврди од два документи кои го достави до Судот и ЈО. - Од овој документ видно е дека МВР целата постапка ја има започнато со пишување по медиуми, по што изготвил и план за работа од кој е видно дека МВР уште во 2023 година по препорака на Милан Ристовски побарало вештачењето од областа на економијата го изведена тогашниот организациски директор на Клиниката Елизабета Дамевска Јовановска. Оттука очигледно е дека станува збор за подметната работа на МВР, за сега Обвинителството упорно тврди дека се по нејзин избор, изјави адвокатот Ставрев. Судот на почетокот на денешното рочиште информираше дека одбраната на Васев на 15 септември доставила гаранција до Судот, што ќе биде проследена на одлучување. Обвинетите Васев и Нухи на минатото рочиште негираа вина за делата кои им се ставаат на товар. Одбраната, тврди дека обвинението против нив е неосновано и политички монтирано врз основа на економско вештачење од лица кои се исто инкриминирани, наведувајќи дека станува збор за претходниот медицински и економски директор на Клиниката кои биле сменети од Васев. Кривичниот суд во јуни годинава го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година. Судењето за случајот „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал, продолжува на 9 октомври со сослушување сведоци.Тагови: Кривичен суд онкологот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПоранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвеш и неговата сопруга Џоана Санз одлучија да стават крај на заедничкиот живот, а една од главните причини за разделбата е неговата сè поголема посветеност на религијата. Веста за нивниот развод ја објави шпанскиот новинар Хави Охоса, кој разговарал со сопругата на Алвеш и дознал детали за нивната одлука. Двојката стапи во брак во 2017 година, а во октомври 2025 година ја добија ќерката Хулиета. Според новинарите, Џоана Санз покренала постапка за развод бидејќи начинот на живот на екс фудбалерот на Барселона го оддалечува сè повеќе од неговото семејство. Во последните месеци, 43 годишниот Алвеш патува низ светот како проповедник и предавач, ширејќи ја евангелската вера. На 25 март 2024 година, Алвеш беше пуштен од затворот „Бријанс“ во близина на Барселона откако плати кауција од еден милион евра, а претходно беше осуден на четири и пол години затвор под обвинение за силување. Сепак, на 28 март 2025 година, Апелациониот совет на Судот на правдата на Каталонија го ослободи од обвиненијата, по што тој стана целосно слободен човек. Тогаш тој целосно ѝ се сврте на религијата. Токму оваа животна посветеност, како што е наведено, довела до сериозно отуѓување од сопругата. Наводно, на Санз не му пречело тоа што тој имал вера, што ја читал Библијата или што одел во црква, но ја вознемирувало тоа што религијата станала центар на неговиот живот, поради што таа се чувствувала осамено и запоставено. „Тоа го оддалечи од неа и од нивната ќерка, а таа се чувствува сосема сама. Таа има разбирање за верата на Дани и не би имала ништо против тој да ја чита Библијата или да оди во црква. Сепак, неговата одлука да му го посвети целиот свој живот на религијата го изолираше од неговото семејство“, пренесува новинарот зборови на сопругата на Алвеш. Според истите изјави, Санц конечно одлучила да стави крај на таквиот однос со зборовите: „Доста е, ми е преку глава, овде завршува сè“. Поранешниот дефанзивец на Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен на тој начин би можел да стави крај на бракот што траеше речиси девет години. Засега, ова се информациите што ги објави еден шпански новинар, повикувајќи се на разговор со Џоана Санц.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНов проблем за европскиот шампион ПСЖ, поради тешка повреда заврши сезоната Дезире Дуе Еден од најталентираните фудбалери на денешницата ја заврши сезоната! Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, 21 годишниот Дезире Дуе во саботата навечер трпеше страшн болка откако се повреди на првенствениот натпревар на францускиот гигант против Ница. Крилото на ПСЖ, Дезире Дуе, ја заврши сезоната откако ги скина предните вкрстени лигаменти на натпреварот против Ница, исто како и Квича Кварацхели еден месец претходно. Само еден ден подоцна пристигна ужасната вест. Дезире Дуе ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено, поради што ќе мора да паузира неколку месеци. Тој ќе биде опериран до крајот на ноември, по што ќе започне периодот на рехабилитација, кој во одредени случаи може да трае и до девет месеци. Секако, Дуе нема да се врати на терените до крајот на оваа сезона. Овој крилен напаѓач на Париз, кој важи за еден од најталентираните фудбалери на планетата, оваа сезона одигра 15 натпревари, при што постигна шест гола и забележа четири асистенции. Се очекуваше тој да биде еден од главните адути на Пари Сен Жермен во продолжението од сезоната, особено со оглед на тоа што Квича Кварацхели е отсутен поради повреда. Пред точно еден месец, Пари Сен Жермен објави дека грузискиот фудбалер ќе мора да паузира подолго време поради скинати предни вкрстени лигаменти – истата повреда што сега ја доживеа и Дезире Дуе. Без овие двајца играчи, ПСЖ ќе биде значително ослабен, особено во Лигата на шампионите, каде што имаат амбиција да ја освојат третата титула по ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ЖивотПрамен коса од Џорџ Вашингтон продаден на аукција за 4.000 долариПрамен коса од првиот американски претседател Џорџ Вашингтон, кој бил врамен, е продаден на аукција за 4.000 долари, објави Би-Би-Си. Праменот бил во сопственост на Џон Гедсби, кај кого Вашингтон престојувал во 1799 година, непосредно пред неговата смрт истата година. Подоцна, според „Ричмонд аукшнс“ (Richmond Auctions) – аукциската куќа што го продала предметот – тој завршил кај колекционерот Џон К. Латимер, кој го набавил од еден од потомците на Гедсби. Името на новиот сопственик не е објавено. Продажбата што се случи вќера не претставува рекорд кога станува збор за аукции на коса од Вашингтон. Три влакна, за кои се верува дека биле земени од него непосредно пред или по неговата смрт и чувани во приврзок, биле продадени во 2021 година за речиси 40.000 долари. Гадсби, жител на тогаш малиот град Александрија, Вирџинија, го угостил Вашингтон на вечера, кратко пред смртта . Ова го потврдува изјавата од 1928 година на внуката на Гадсби, Џулија Тен Ајк Мекблер, која е објавена на веб-страницата на аукциската куќа „Ричмонд Оукшнс“ (Richmond Auctions). Мекблер навела дека нејзиниот дедо дошол до прамен од косата на Вашингтон „преку пријателство и дружење за време на неговите последни денови“. Тој го ставил праменот во рамка и го закачил на ѕид „под портретот на генералот Вашингтон во нашиот дом во градот Вашингтон, каде што го гледав целиот свој живот“. Според „Ричмонд Оукшнс“, Гадсби организирал прослави за роденденот на Вашингтон во 1798 и 1799 година. Политичката кариера на Вашингтон Вашингтон ги предводел американските сили до победа над Британците во Американската војна за независност и учествувал во изготвувањето на Уставот на САД, пред да стане првиот претседател на Соединетите Држави во 1788 година. Тој се повлекол од функцијата во 1797 година, откако отслужил два претседателски мандата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33