Вработен во тетовскиот универзитет крадел пари од студентите, финансиската полиција му поднесе кривична - Канал 5

Вработен во тетовскиот универзитет крадел пари од студентите, финансиската полиција му поднесе кривична

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово.

Вработен во тетовскиот универзитет крадел пари од студентите, финансиската полиција му поднесе кривична

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово, кое извршувало работни задачи како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење, поради постоење основи на сомнение дека сторило кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 и „Фалсификување исправа“ од член 378 од Кривичниот законик на Македонија.

Пријавениот А.З., како вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово, во периодот од март 2020 година до февруари 2023 година ја злоупотребил својата службена положба и овластувања со намера да прибави противправна имотна корист за себе на начин што, искористувајќи ја својата службена позиција наместо паричните средства што во готовина му биле доверени од студентите на Природно-математичкиот факултет (прв и втор циклус), Факултетот за физичка култура и Факултетот за медицина да ги уплати на сметката на Универзитетот преку веб-апликацијата Е-pay (www.epay.unite.edu.mk), по основ на партиципација, кофинансирање и други трошоци за студирање, тој ги присвоил за себе, при што противправно се стекнал со имотна корист во вкупен износ од 3.362.272 денари, а за истиот износ причинил штета на Буџетот на Универзитетот во Тетово.

Со цел да го прикрие присвојувањето на паричните средства и трагите од стореното кривично дело, пријавениот изработувал фалсификувани потврди за наводно извршени уплати преку апликацијата Е-pay, кои им ги предавал на студентите како доказ за извршена уплата. За нивната изработка искористил податоци, вклучително и QR-код, од автентична потврда за извршена уплата преку Е-pay со банкарска картичка на неговата сестра, по што со измена на податоците за уплаќачот, износот и датумот на уплата ја преправал потврдата и така фалсификуваните потврди им ги доставувал на студентите. Студентите, верувајќи дека уплатата е извршена, ги прикачувале потврдите како прилог („attachment“) во електронскиот систем и истовремено ги доставувале до студентската служба како доказ за извршена уплата.

Управа за финансиска полиција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Едукативна трибина за превенција од малигни заболувања „Заедно за рано откривање, заедно за живот“

Раното откривање може да спаси живот. Со оваа порака денеска од Драчево започна кампањата „Розев октомври“ посветена на подигнување на свеста за ракот на дојка. 

Едукативна трибина за превенција од малигни заболувања „Заедно за рано откривање, заедно за живот“

Во „Паркот на бранителите“ се одржа едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, на која лекари, пациенти и граѓани разговараа за превенцијата, навремените прегледи и лекувањето.

Наташа Бабулова, членка на здружението „ХЕМА-ОНКО“, пред присутните ја сподели личната борба со ракот на дојка. Нејзината порака е дека стравот не треба да биде причина за одложување на прегледот, бидејќи токму навременото откривање на болеста може да биде пресудно за понатамошното лекување.

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија посочија дека раната дијагноза е еден од најважните фактори во борбата со болестадека навременото јавување кај лекар овозможува болеста да се открие во порана фаза и пациентките навреме да го започнат потребниот третман.

Трибината ја организираа Општина Кисела Вода и здружението „ХЕМА-ОНКО“, а градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска истакна дека целта е преку вакви настани информациите за превенцијата и раната дијагностика да стигнат до што поголем број граѓани.

Денешната трибина во Драчево е почеток на активностите на кампањата која ќе трае до 4-ти октомври и ќе се заокружи со „Розев пикник“ на Школка во Градскиот парк.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АБА-лигата бара нови судии: Познати услови и рокот за пријавување

Регионалната кошаркарска АБА-лига распиша конкурс за нови судии кои во иднина би можеле да ја делат правдата во регионалното кошаркарско натпреварување.

АБА-лигата бара нови судии: Познати услови и рокот за пријавување

Право на пријавување имаат судии кои имаат најмалку 25 години и пет сезони искуство на највисокото ниво од домашното првенство или на меѓународната сцена.

Од кандидатите се очекува добро познавање на англискиот јазик и соодветна физичка подготвеност, а сите пријавени ќе треба да поминат низ неколку стручни проверки.

Процесот на селекција ќе вклучува тест за правилата на кошарката, анализа на спорни и карактеристични ситуации од натпревари, проверка на познавањето на англискиот јазик, физичко тестирање и интервјуа со кандидатите.

Заинтересираните судии можат да поднесат пријави најдоцна до 21 септември, до 15:00 часот.

Регионалното натпреварување исто така ги објави судиските хонорари за сезоната 2026/27, кратко откако во јавноста се појавија информации дека Здружението на судии на АБА-лигата побарало значително подобрување на материјалната и правната положба на судиите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Австралија нареди отстрел на ајкула поради напад, потрагата по телото на пливачот продолжува

Мажот кој вчера наутро загина во напад од ајкула на плажата Соренто во Перт, Австралија, е идентификуван како 63-годишниот Грег О'Нил. 

Австралија нареди отстрел на ајкула поради напад, потрагата по телото на пливачот продолжува

Тој пливал близу до брегот кога бил нападнат од голема бела ајкула. ​​

Неговото семејство го опиша како посветен татко и сопруг и голем љубител на океанот, пренесува ABC News.

„Нашето семејство е длабоко потресено и скршено од ужасната трагедија во која животот го загуби еден татко, иден дедо, брат, вујко, сопруг и пријател – Грег Џејмс О'Нил“, се вели во соопштението на семејството.

„Тој беше великодушен и посветен семеен човек кој на своите деца им пружаше огромна љубов, внимание и можности. Грег го сакаше океанот и беше страстен пливач, љубител на спортот, посветен работник и, пред сè, великодушен и духовит човек. Длабоко сме благодарни за сите изрази на сочувство и поддршка што ги добивме.“

Министерката за рибарство на Западна Австралија, Џеки Џарвис, издаде налог за фаќање и убивање на ајкулата. Сепак, таа нагласи дека не смета оти е соодветно да се спроведе поширока акција за нивно истребување по овој инцидент.

Плажите во северните предградија на Перт и денес остануваат затворени додека продолжува потрагата по ајкулата и по телото на жртвата, О'Нил.

Министерката Џарвис објаснила дека одлучила да издаде налог за уништување откако полицијата успеала да ја идентификува ајкулата пред таа да отплива.

„Ја донесов одлуката земајќи ги предвид вонредните околности на нападот, опасноста што ја претставуваше таа ајкула и можноста за прибирање докази за истрагата на судскиот вештак“, изјави Џарвис.

Џарвис забележува дека ова е првпат по десет години во Западна Австралија да се издаде налог за фаќање и убивање ајкула, но нагласува дека масовното истребување на големите бели ајкули не е решение во овие околности. „Големите бели ајкули се меѓународно заштитеен вид. Тоа не значи дека ќе ги истребиме сите грабливци во океанот. Не сакам да им давам на луѓето лажно чувство на сигурност, бидејќи е невозможно целосно да се елиминира секој ризик“, изјави таа.

Досегашната стратегија на Западна Австралија се потпираше на обележување и следење на ајкулите, апликации за предупредување, сирени, заштитни мрежи и лични уреди за одвраќање на ајкули. Министерката најави дека владата ќе ги преиспита постоечките мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер