Вработен во музеј во Русија му скршил нос на посетител, инфлуенсерка го снимила инцидентот - Канал 5

Вработен во музеј во Русија му скршил нос на посетител, инфлуенсерка го снимила инцидентот

Популарната руска инфлуенсерка Анастасија Миронова, која има 1,5 милиони следбеници, објави шокантна приказна на Инстаграм дека нејзиниот придружник Николај Никитин бил нападнат од вработен во познатиот музеј Ермитаж во Санкт Петербург.

Вработен во музеј во Русија му скршил нос на посетител, инфлуенсерка го снимила инцидентот

На снимката, која повеќе не е достапна на Инстаграм на инфлуенсерот, се гледа крвавото лице на Никита во еден од атриумите на музејот. Никитин, наводно, го прекршил протоколот за ковид на музејот обидувајќи се да влезе во музејот преку одреден излез, пренесува The Art Newspaper.

Миронова тврди дека на Никитин, кој ја придружувал до музејот, вработен во музејот му го скршил носот кога застанале во близина на влезот за да покажат ковид пропусница, што сега е услов за влез во руските музеи.

„Моментално сум во главната зграда на Ермитаж и еден вработен му го скрши носот на личноста со која бев. Дали е ова нормално?“ Миронова ги прашала нејзините придружници. Набрзо следеле бројни коментари од други, кои тврделе дека и тие имале лошо искуство во Ермитаж.

„Вработениот кој го извршил прекршокот целосно ја признава својата вина и се извинува за неговите премногу емотивни постапки. Тој го објаснува ова со општата состојба на нервоза поврзана со пандемијата и нејзиното влијание врз животот, вклучително и новиот режим на музејот“, се вели на веб-страницата на музејот. Иако првично е објавено дека вработениот бил музејски чувар, подоцна било утврдено дека прекршокот го сторил Илја Астров, научен соработник во музејот.

За Ермитаж ова е втор инцидент за многу кратко време. Само два дена претходно, музејот објавил дека побарал истрага за инцидентот што се случил на 20 октомври кога младиот Кирил Смородин бил обвинет за кршење на новиот закон за „јавна навреда на бранителите на татковината“. Имено, тој во музејската галерија на хероите од војната против Наполеон во 1812 година ставил свој стилизиран портрет и го споделил на социјалните мрежи.

Руските инфлуенсери неодамна биле на удар на локалните власти поради нивните несоодветни постапки, а неколку во моментов се соочуваат со сериозни тужби и потенцијална затворска казна по објавувањето на провокативни слики со верски обележја во позадина. Пред неколку дена судот во Санкт Петербург пресудил дека Ирина Волкова, манекенката која на Инстаграм објави фотографија на која е откриен нејзиниот гол задник пред катедралата Св. Исак, сепак нема да биде задржана во истражен затвор. Таа се соочува со кривична пријава за „навреда на верски чувства“.

За разлика од неа, таџикистанскиот блогер Руслан Бобиев не успеал да се извлече и судот во Москва ги осуди него и неговата девојка на десет месеци затвор поради кршење на истиот закон, откако објавиле фотографија на која симулираат орален секс пред познатата катедрала Свети Василиј Блажениот на Црвениот плоштад.

Законот за навреда на религиозните чувства е донесен со поддршка на Руската православна црква по „панк молитвата“ на Пуси Рајотс наречена „Марија, Богородице, избркај го Путин“ во московската катедрала „Христос Спасител“ во 2012 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер