Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик
2Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик
3Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.
ЖивотВозрасните кои немаат добар однос со родителите, во детството ги доживеале следните искустваБез разлика колку се трудат, дури и најгрижливите родители понекогаш ќе им нанесат одредена болка на своите деца. Начинот на кој родителите се однесуваат кон своите деца има влијание врз нив и го обликува нивниот однос во иднина. Прекинувањето на односот со родителите не е нешто што едноставно се случува, туку тоа е последица на траума од детството. Кога возрасните ги прекинуваат односите со своите родители, тоа е обично затоа што родителите не се спремни или способни да ги слушнат и прифатат нивните искуства како реални. „YourTango“ сподели некои од најчестите негативни искуства во детството кои можат да влијаат на односот или прекинот на односот помеѓу децата и родителите. Емоционално запоставување Исто како што им е потребна храна и засолниште, на децата им требаат и емоционално достапни родители. Присуството на родителите и нивното изразување на интерес се знаци на љубов, а децата кои се емотивно запоставени често растат верувајќи дека нивните родители всушност не ги сакале. Последиците од емоционалното запоставување се протегаат многу подалеку од детството, што негативно влијае на тоа како овие деца подоцна влегуваат во односи како возрасни личности. Тие често се чувствуваат отуѓено од своите семејства и огорчено затоа што не го добиле вниманието и љубовта што им биле потребни. Оваа огорченост и недоверба кон нивните родители може да ги поттикне да се дистанцираат од нив за да ја заштитат сопствената емоционална благосостојба. Условна љубов Возрасните кои ги прекинуваат односите со своите родители, обично доживеале условна љубов како деца. Чувствувале остра осуда доколку погрешат, т.е. како нивните родители да ја повлекуваат љубовта доколку не ги исполнат нивните очекувања, пишува Your Tango. Семејниот психотерапевт Сиду Аројо-Бултер објаснува дека „условната љубов станува условно самоприфаќање“. Додека условната љубов е поврзана со достигнувањата на детето и способноста да им угоди на родителите, безусловната љубов значи дека детето е сакано и прифатено токму како што е. Една од најштетните лекции што децата можат да ги научат од условната љубов е верувањето дека се сакани само ако ги исполнуваат туѓите очекувања. Како возрасни, таквите поединци често се сомневаат во сопствената вредност и постојано се усогласуваат со очекувањата на другите, барајќи потврда дека навистина се достојни за љубов. Прекршување на приватноста Взаемната почит и доверба се основа на секоја врска, вклучувајќи ја и онаа помеѓу родителите и децата. Некои родители веруваат дека нивната родителска улога вклучува целосна контрола врз животот на нивното дете, па затоа ги читаат нивните дневници, пребаруваат низ нивните фиоки, прислушуваат разговори и влегуваат во нивната соба без да тропнат. Децата не се обврзани да толерираат непочитување, но поради нивната зависност од родителите често немаат друг избор. Возрасните кои имале такви искуства во детството, често ги прекинуваат односите со своите родители за да воспостават сопствено чувство на сигурност и автономија. Нестабилна семејна средина Растењето во нестабилен дом е искуство кое често води до прекин на односите со родителите во зрелоста. На децата од таквите семејства често не им се задоволувале основните потреби, поради што морале да се фокусираат на преживување наместо на безгрижно детство, пријателства и игра. Психотерапевтот Патрик Техан ги опишува таквите семејства како „систем на хаос“, во кој чести се неисполнетите обврски, непредвидливите промени и недостатокот на стабилност, пишува YourTango. Децата од таквите домови развиваат силна независност, водени од чувството на срам затоа што растат во хаотични услови. Како возрасни, тие тешко дозволуваат да бидат блиски и се плашат дека секоја емотивна врска одеднаш би завшрила. Претерано високи очекувања Родителите поставуваат очекувања, но ако тие се премногу високи и недостижни, може да ја нарушат самодовербата на детето и да доведат до отуѓување во зрелоста. Експертот за детски развој Пат Танер Нелсон објаснува дека "реалните очекувања им овозможуваат на децата да доживеат успех и да изградат позитивно чувство за самопочит. Кога родителите бараат совршенство, децата често се чувствуваат како никогаш да не се доволно добри". Засрамувањето како воспитен метод Децата кои биле засрамувани од нивните родители тешко закрепнуваат бидејќи тоа има долгорочна штета врз нивната самодоверба. Ваквите непријатни искуства стануваат длабоки емоционални рани кои го обликуваат начинот на кој овие поединци подоцна поминуваат низ животот. Родителите кои го користат срамот како дисциплински метод не го постигнуваат посакуваниот ефект. Наместо да ги мотивира да го променат своето однесување, засрамувањето ги тера децата да се сомневаат во себе и тоа да се одразува во текот на целиот нивен живот. Тивко казнување (игнорирање) Поединците кои доживеале тивко казнување или игнорирање од нивните родители во детството добиваат порака дека мора да бидат незабележливи и совршено прилагодени на очекувањата на нивните родители. Со оваа форма на казнување нема простор за грешка. Тивкото казнување е всушност суптилна форма на емоционално злоставување бидејќи родителите ја прекинуваат комуникацијата и поврзаноста со детето. Експертот за односи, д-р Маргарет Пол, објаснува: „Со тивкото казнување се казнува детето така што им се ускратува љубовта и вниманието. Сепак, децата не разбираат дека не можат да ги контролираат реакциите на другите. Како резултат на тоа, во зрелата возраст развиваат чувства на несигурност и ги прекинуваат односите со нив за да го заштитат своето емоционално здравје“. Вклучување на дете во родителски конфликти Триангулација е термин кој опишува ситуација кога некој се вовлекува во конфликт меѓу две други лица. Кога родителите ги вклучуваат децата во сопствените проблеми и емоционални конфликти, тоа може да има сериозни последици во нивниот емоционален развој. Децата тогаш чувствуваат одговорност за решавање на проблемите на нивните родители, иако тоа никогаш не би смеела да биде нивна улога. Овој тип на товар не исчезнува и кога децата ќе пораснат. Напротив, лицата кои во детството биле емоционални посредници помеѓу родителите често ги прекинуваат односите со нив за конечно да го почувствуваат внатрешниот мир што го немале. Недостаток на емоционална потврда Наместо да ги признаат чувствата на своето дете, родителите ги минимизираат за да ја заштитат сликата за себе. Децата треба да чувствуваат дека нивните чувства се прифатени и разбрани. Но, ако родителите постојано ги игнорираат, отфрлаат или го пренасочуваат разговорот кога ќе се појави нешто тешко, детето може да порасне со чувство дека нивните искуства не се важни. Кога тоа трае со години, откако ќе пораснат, тие често одлучуваат да го прекинат односот со родителите за да го зачуваат сопственото чувство за идентитет, пренесува YourTango. Преголемо споделување на родителските проблеми Децата се потпираат на нивните родители да ги водат низ детството и да им обезбедат стабилна основа за иднината. Меѓутоа, кога родителите ги бришат границите и ги оптоваруваат своите деца со сопствените проблеми, тоа често ги спречува да се развиваат здраво. Преголемото споделување на личните проблеми со децата често е знак на парентификација, феномен во кој децата ги преземаат емотивните или практичните улоги на возрасните и се грижат за своите родители. Возрасните кои во детството го носеле товарот на родителите, најчесто го прекинуваат односот со нив за конечно да ги воспостават своите граници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаОд четврток нема да се примаат деца во градинка без примена вакцина против морбили? „Ако нема примено МРП вакцина од четврток вашето дете нема да биде примено во градинка“. Ваков телефонски позив од воспитувачки утрово добиле дел од родителите чии деца ја посетуваат градинката „8-ми март“ во Кисела вода, кои се обратија до Канал 5, но сакаа да останат анонимни. Велат дека ја одложиле вакцинацијата по насока на медицинска препорака, и иако имаат намера да ги имунизираат своите деца, сепак реагираа за ваквата забрана поради тоа што ефективна мерка за вакво нешто не постои. Канал 5 стапи во контакт со Директорката на градинката, таа во телефонска изјава тврди дека вакво нешто не се случувало, и дека сите деца ќе бидат примани во градинка, иако препораките за законската обрска ќе ја продолжат, но само како укажување. Во меѓувреме и родители од Ѓорче Петров се обратија до редакцијата посочувајќи дека добиле соопштение на вибер во кое стои дека како установа имаат препораки што мораат да ги почитуваат без да биде прецизно јасно што стои во нив, но на врата кога денеска ги оставиле децата во градинка им кажале дека од четврток нема да бидат примени внатре ако немаат МРП. Од општината Ѓорче Петров демантираа дека во градинките се спроведуваат било какви забрани, а потврдија дека во дописот на ИЈЗ пратен до нив има само препораки за проверка на вакционалниот статус и протокол за постапување со дете кои за време на престојот ќе јави симптоми, но нема никакви забрани за прием на деца. Во протоколите на ИЈЗ стои дека треба се изврши проверка на вакциналниот статус на сите деца и вработени во установата, со посебен акцент на примени дози МРП вакцина, а родителите на децата со пропуштени дози да се известат и упатат до надлежниот вакцинален пункт за проверка и дополнување на вакцинацијата согласно Календарот за имунизација. Во Македонија нема епидемија на морбили, засега има потврдено 5 случаи, еден возрасен странец од Косово и четири дечиња, три бебиња до една година а едно е на година ипол. За време на викендот се тестирале два сомнителни случаи кои се негативни, потврдија од ИЈЗ за Канал 5. Министерот за здравство Сашо Клековски во последните изјави кажа дека засаега нема услови за прогласување на епидемија, и посочи дека нема да се применуваат присилни мерки за имунизација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазикДелот од правосудниот испит во кој се симулира судски процес, ќе се полага само на македонски јазик, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски. Тој појасни дека понуденото предлог решение за правосудниот испит не значи овозможување за негово целосно полагање на албански јазик, туку можност теоретскиот дел да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, но не и практичниот. „Нема да има решение со кое ќе се полага испитот на албански јазик. Студентите ќе можат оној дел којшто е поврзан со нивните додипломски студии на јазик различен од македонскиот, а во Македонија такви студии се одржуваат на три јазици на албански, турски и англиски да го полагаат на тој јазик на кој го дооформиле своето високо образование. Оној дел од правосудсниот испит што се симулира судски процес, дел од кривична постапка и дел од граѓанска постапка ќе биде на македонски и со тоа уште еднаш се потврдува дека правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва тоа е македонскот јазик, бидејќи тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со друго право или политиканства коишто се поврзани со тоа“-– Христијан Мицкоски, претседател на Влада . Прашањето околу полагањето на правосудниот испит повторно се отвори во јавноста откако лидерот на владината колаициска партија ЗНАМ Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на Владата ако се дозволи правосуден испит на албански јазик и најави дека од премиерот Мицкоски ќе побарал свикување лидерска средба на колициско ниво за утврдување на таканарачени црвени линии по ова прашање. Ваквата изјава на Димитриевски пак наиде на остри реакции кај дел од политичарите од албанскиот политички блок од каде меѓудругото го обвинуваат и за шовинизам. Инаку во предлог решението кое министерот за правда Јетотн Шасивари пред три недели го презентираше пред студентите Албанции, се нуди теоретскиот дел од правосудниот испит, кој опфаќа 12 предмети, да се полага на албански јазик, а практичниот дел, составен од два испита, на македонски. За ваквиот предлог закон ќе се бара мислење и од Венецијанската комсија, па дури потоа ќе биде испратен во Собранието. Студентите по средбата со Шасивари изразија незадоволство поради како што рекоа делумното решение и не ја исклучија можноста повторно да излезат на улица доколку нивното барање не биде исплнето во целост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.Во Основниот суд во Кочани се одржа првото рочиште во судскиот процес против Ива Михаилова, по нејзиното бегство во Бугарија. Таа е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани, а по бегството, судот по предлог на обвинителство донесе решение да и се суди во отсуство и по неа да се распише потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски. Михајло, Ива Михаилова преку тамошните медиуми порача дека нема намера да се враќа во земјава и побара да учествува на судењето преку видео-врска, но судот го одби барањето. Кое е образложението? Михаилова не планира да се враќа, побара да ја учествува на судењето он-лајн од Бугарија, што е одбиено од судот. -Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter