На видеото се гледа како автомобил во движење прегазува човек пред една пекара, а потоа излегува човек од автомобилот и почнува да го тепа прегазениот со цврст предмет.
Овој инцидент следи по претходна тепачка која се случила два часа по полноќ во едно локално кафуле каде е повредено 24 годишно момече, а еден час подоцна, момчето и неговиот татко седнале во автомобил и еден од напаѓачите го пресретнале пред пекарата. Тие го прегазиле со автомобилот, а потоа и двајцата тргнале да го тепаат прегазениот човек.
Моментот на нападот е после втората минута во видеото, предупредуваме дека содржината е вознемирувачка.