3Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
3Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
ЗдравјеВознемирувачка статистика, за еден ден рекордни 242 починати и скоро 15000 ново заболени од коронаБројот на жртви од новиот коронавирус во кинеската провинција Хубеи нагло се зголеми за 242, но значително пораснал и бројот на заразени – за 14.840, соопштија денеска здравствените власти откако почнаа да ги користат новите методи за дијагностОва е рекорден број на регистрирани смртни случаи и зарази во еден ден, со што вкупниот број на луѓе кои починале од последици од новиот коронавирус во Кина сега се зголеми на 1.310, а бројот на заразени на 48.206. Здравствените власти во провинцијата, жариштето на коронавирусот, објавија дека од денеска во билансот ги вклучуваат и луѓето кај кои болеста е дијагностицирана со новите методи. Провинциската здравствена комисија минатата недела најави дека ќе почне да ги признава резултатите од компјутерска томографија, радиолошки метод на снимање на пациентите, како потврда за инфекцијата, што им овозможува на болниците побрзо да ги изолираат пациентите. Провинцијата Хубеи претходно ги признаваше само резултатите од тест со рибонуклеинска киселина, кој покажува присуство на вирусот, но потребно е извесно време да се добијат резултати. Користењето на скенер може брзо да покаже инфекции на белите дробови, така што пациентите ќе можат навреме да почнат со лекување и со тоа да се зголеми и можноста да бидат излекувани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку 109 мигранти загинаа кога бродот се преврте во близина на ЏибутиНајмалку 109 мигранти, меѓу кои и 15 деца, загинаа, а повеќе од 116 се водат како исчезнати откако брод со околу 350 луѓе се преврте на пат од Џибути кон Јемен, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ). Бродот се преврте во текот на ноќта меѓу 8 и 9 октомври во близина на Гухере, северно од Обок, пристанишен град во Џибути. Според податоците на ИОМ, повеќе од 80 луѓе ја преживеале несреќата и сите тие се државјани на Етиопија, пренесува Срна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисФото: Алкараз изненади со нов имиџВториот светски тенисер Карлос Алкараз изненади со нов изглед.Шпанскиот тенисер се појави на тенискиот терен без препознатливата брада, но со мустаќи. Карлос Алкараз се појави на мечот од второто коло во Шангај со нов, интересен изглед. Шпанскиот тенисер ја избричил брадата и остави само мустаќи, а потоа на теренот ја оправда улогата на фаворит. Во второто коло го победи Аргентинецот Хуан Мануел Серундоло со 6:3, 6:3 и се пласираше во третото коло. Мечот траеше само 66 минути. Новиот изглед не бил случаен. Алкараз открил дека сè започнало откако победил на турнирот во Токио, каде што ја освоил својата прва титула по враќањето по повредата на зглобот. Тој се договорил со членовите на својот тим дека, доколку победи на турнирот, сите ќе пуштат мустаќи и ќе настапат во Шангај со тој изглед. „Ќе ги задржат цела недела. Отсекогаш сум сакал да излезам на теренот со мустаќи. Пред Токио рековме: 'Ако победам на турнирот, сите мора да имаме мустаќи и да играме со нив во Шангај'. Навистина е забавно, се смееме и уживаме“, објасни Алкараз. По победата, тој се потпиша на камерата со пораката „Тим Мустаќи“, со што дополнително покажа дека целата приказна ја прифатил како забавен предизвик заедно со луѓето од својот тим.Тагови: Карлос Алкараз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВинисиус му се извини на Реал, потоа ги нападна судиите: „Каква срамота!Бразилецот Винисиус Жуниор им се извини на соиграчите и на навивачите на Реал Мадрид поради исклучувањето на натпреварот против Виљареал, но набрзо потоа се огласи и ги критикуваше судиските критериуми.Бразилскиот фудбалер доби директен црвен картон во 72. минута, откако за време на натпреварот го повлече Нејтан Салиба за коса. Реал Мадрид оствари минимална победа над Виљареал, но натпреварот го одбележа еден необичен потег на бразилскиот напаѓач. Винисиус влезе во игра во второто полувреме, а само 20 минути подоцна беше исклучен по проверка преку ВАР. Инцидентот се случи близу средината на теренот, во ситуација кога топката не беше во непосредна близина. Контроверзниот Вини го повлече Салиба за косата, поради што судијата, по прегледувањето на снимката, одлучи директно да му покаже црвен картон. Поради исклучувањето, голот што Бразилецот го постигна во продолжението на акцијата беше поништен. Vinicius Jr. fue expulsado del partido ante el Villarreal por una agresión previa a lo que había sido el segundo gol del Madrid 🟥😳. https://t.co/XRQoClHOwp — ESPN Deportes (@ESPNDeportes) October 10, 2026 По натпреварот, Винисиус се огласи на социјалните мрежи и им се извини на Реал Мадрид и на навивачите. „Радоста продолжува, им се извинувам на тимот и на навивачите“, напиша Винисиус на Инстаграм. Сепак, тој не застана тука. Во следната објава, тој сподели неколку ситуации за кои смета дека покажуваат нееднакви критериуми при судењето, тврдејќи дека токму тој бил казнет во случаи кога други играчи поминале без истите санкции. „Кој доби жолти и црвени картони овде? Само Винисиус, каква штета!“, напиша Бразилецот.Тагови: Винисиус Жуниор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook