Возможно е да слабеете додека спиете, но само со оваа напивка (рецепт)

Оваа напивка ќе направи чуда за вашето тело и фигурата.

Не само што ќе ви го забрза метаболизмот, туку ќе ви помогне и да ги согорите вишокот маснотии и да го намалите апетитот.
Потребно: Еден поголем грејфрут од кој отприлика би требало да исцедите отприлика една чаша сок. Потоа додадете лажичка органски мед и две лажички јаболков оцет.
Подготовка: Излупете го грејфрутот во блендер, а потоа додадете го медот и оцетот. Блендирајте се на најмала брзина додека не добиете течна маса а ќе знаете дека е готово кога повеќе нема да ја гледате пулпата од грејфрутот.
Како да ја пиете?
Ако сте на диета, ова можете да го пиете наместо еден оброк дневно, но најдобри резултати ќе постигнете ако ја пиете напивката во вечерните часови, наместо вечерата.
Да заклучиме, најпрепорачливо би било оваа напивка да пиете една недела наместо вечера, па потоа да направите пауза од недела дена. Повторувајте го овој процес се додека не биде задоволни со вашата тежина.

Спасовски од Шуто Оризари: Да не се попречува изборниот процес

 Да не се попречува изборниот процес, да не се закануваат, да не навредуваат, да останат на ниво на демократски вредности!

Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и коалицијата за европска иднина од ИЕ2, Оливер Спасовски, имаше свое обраќање во Шуто Оризари.

„Денеска продолжуваме со изборната кампања во Шуто Оризари на разговор со граѓаните за претседателските и парламентарните избори на 8 мај. Сакам да се сретнеме со сите граѓани, да влеземе во секоја куќа во општината Шуто Оризари, да поразговараме со секого за нашата перспектива на Македонија”, рече Спасовски. Притоа, тој ја истакна важноста да се гласа на 8 мај.

„Многу е важно граѓаните да останат смирени и овој втор круг од изборите да помине во демократска атмосфера. Упатувам порака до сите оние се дрзнуваат на било кој најчин да го попречуваат изборниот процес, да се закануваат, да навредуваат, да останат на ниво на демократски вредности. Да ги почитуваат граѓаните и на мирен, фер и демократски начин да заврши изборниот процес. Воедно ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски заокружувајки го бројот 1, и да гласаат за листата на пратеници исто така под број 1 за коалицијата за европска иднина”, порача Спасовски.

Како до празнична трпеза без да се оптовари домашниот буџет?

Како наближуваат велигденските и првомајските празни, така растат и цените на овошјето и зеленчук, јагнешкото месо.  

Канал 5 напарви обиколка на еден скопски пазар, но и во дел од месарите, каде засега единствено велат поскпаено е само јагнешкото месо. Поразговаравме и со дел од пазарџиите. Ако до вчера килограм краставица на скопските пазари можеше да се најде и за 50 денари килограм, денеска цената е повисока за 10 денари, од 5 до 10 денари има промени и кај доматот, компирот, салатите. Дел од пазарџиите велат можно е цените да растат и во следните денови.

„Некоја роба има разлика, но не верувам да се качи пред Велгиденот, може да се качи ама нема народ пари. 5 10 денари не е страшно, вчера беше краставицата 50 сега 60 денари. Доматот 100. Немаат граѓаните пари, со минимланна плата не може да искочи на крај со ова. “--изјави, трговец на пазар.

Граѓаните ги прават последните подготовки пред празниците, тие викендов се растрчаа по пазарите да купат по некое овошје и зеленчук, но велат не можат многу да си дозволат бидејќи цените постојано растат. Во зависност од домашниот буџет и цените на производите трпезата годиава ќе биде велат поскромна.

„Се спремаме и за велигден и за мај... Се знае дека се е поскапено, ќе биде малце исто ама посиромашно...“

„За некоја нијасна поскапено е да... “

„Секогаш има, секогаш имало или ќе има. Ако не многу од се помалку и пак ќе има....“

„Има и поскпаување и поевтинување негде има... Послаба ќе биде ама ....“

Досега цената на јагнешкото месо за килограм во дел од месарите и маркетите е зголемена од 150 до 200 денари. Дел од сточарите велат пред велигденските празници цената секогаш била повисока, но ова што сега се случува е нералано. Според нив најголемиот проблем е кај трговците кои ставаат високи маржи, бидејќи велат нивната откупна цена е 220 денари за килограм, па јагнето според нив не би требало да биде поскапо од 500 денари.

Се враќа ли од утре старата цена на осигурителните полиси?

Утре владината комисија при Министерството за финансии за автоодговороност ќе одлучува за новата цена за осигурување на возилата. 

Според неофицијални информации, поскапувањето за 15 % кое го донесе Нациналното биро по барање на осигурителните компаниии - комисијата при ресорното министерство ќе го поништи, со што се очекува да се врати старата цена .

Претходно реагираа и од Агенцијата за супервизија на осигурување од каде посочија дека зголемувањето на цената е неорпавдано.

Од Националното биро за осигурување пак велат дека цената на авто-осигурувањето е непроменета од 2008 година, и според нив, поскапувањето на осигурителните полиси е реално, поради како што велат – повисоките цени на автомобилите и резервните делови.

притисни ентер