Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
2Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
ЖивотВозела 9 часа само за да си докаже дека партнерот ја изневеруваЕдна корисничка на Tик Ток неодамна сподели неколку видеа на кои открива како момчето со кое е во врска една година ја изневерува со неколку жени.Да биде уште полошо, таа наскоро ќе добие дете со една од нив. „Кога сте во врска на далечина и возите девет часа за да го видите, а тој заборавил да ги уништи доказите од неверството“, напишала таа покрај видеото во кое наоѓа женски производи за туширање во неговата бања - пренесува „ Дејли Стар“. Во серијата видеа што ги снимила, жената објаснува дека го запознала на Тиндер додека била во Атланта, но подоцна се преселила на Флорида. Таа го посетувала партнерот еднаш месечно и кај него престојувала две недели, заедно со своите деца. Таа забележала розева четка за заби во фиоката во тоалетот, се посомневала и почнала да бара други производи. Кога пронашла женски лосион за тело, сфатила дека нешто не е во ред. Таа по ова се соочила со партнерот, а тој се обидел да ја убеди дека пронајдените предмети ѝ припаѓаат на негова пријателка. Потоа почнала да забележува други работи. На крајот, младиот човек признал дека се гледа со некоја девојка која била во третиoт месец од бременоста. Понатаму таа објаснува како се обидел да ја натера да ја игнорира спорната ситуација, бидејќи наводно сакал да продолжи да биде со неа. -Не можев ништо друго освен да заминам. Бев во шок, бевме заедно една година, тој беше очув на моите деца и бевме емотивно поврзани – заклучила таа. Благодарение на социјалните мрежи подоцна открила дека нејзиното момче ја изневерува со повеќе жени и решила засекогаш да стави крај на таа врска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаТешка сообраќајка во Италија: Татко и двете мали ќерки загинаа, мајката се бори за живот (ВИДЕО)Тешка семејна трагедија се случи во Италија, кога 53-годишен татко и неговите две ќерки, на возраст од само 8 и 14 години, загинаа во ужасна сообраќајна несреќа.Несреќата се случила кратко пред 8 часот наутро на државниот пат Јонио-Тирено број 682, помеѓу раскрсниците Меликучо и Росарно. Автомобилот во кој се наоѓало четиричленото семејство се судрил со камион. Мајката на девојчето исто така била тешко повредена во несреќата и била однесена во болница во Полистена на лекување, објавува „Раи њуз“. Полицијата, екипите на брзата помош и пожарникарите веднаш пристигнале на местото на трагедијата. Сообраќајот на овој дел беше запрен за да може полицијата да спроведе истрага, а екипите да го поправат патот.Тагови: италија ќерки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦана: Опаѓа бројот на пациенти со западнонилска треска, двајца се критично Бројот на пациенти со нилска треска почна да опаѓа со воведените мерки со прскање против комарци и чистење на каналите. Бројот на пациенти со нилска треска почна да опаѓа со воведените мерки со прскање против комарци и чистење на каналите. Двајца пациенти се критични се уште, вели доктор Фадил Цана директор на Клиниката за инфективни болести во Вести Плус на Канал 5.. Морбилите се идна епидемија во Македонија. Од морбили умираат деца, вакцинацијата е единствен спас, објасни д-р Цана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОЈО: Приведен висок функционер со обележани 17 500 евраПод раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа.Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра. Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне. Детали од настанот обвинителството ќе сподели во текот на утрешниот ден, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter