Возачи се степаа по инцидент на трка (ВИДЕО) - Канал 5

Возачи се степаа по инцидент на трка (ВИДЕО)

Возачите Сем Мајер и Тај Гибс се степаа на Наскар трката.

Возачи се степаа по инцидент на трка (ВИДЕО)

На патеката Мартинсвил во Вирџинија дошло до инцидент меѓу нив двајца. Гибс реагирал затоа што Мајер во еден момент го „заковал“ за ѕид.

По трката, Гибс побарал од ривалот да објасни зошто го направил тоа. Кога не го сфатил, реши да се справи со ситуацијата со тупаници. Неколку пати го удри Мајер, а поголема тепачка спречија редарите. Мајер по судирот заврши во болница со полесни повреди на лицето.

„Се боревме за награда од 100.000 долари и јас скокнав пред него. Тој згреши и ме удри неколку пати. Сепак, тие удари се премногу слаби. Јас едвај ги почувствував“, рече Мајер, додека Гибс рече дека реагирал откако Мајер почнал да му се заканува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате?

Над 4.070 граѓани во Гостивар побарале медицинска помош.

СДСМ: Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате?

Вчера беа регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано во болница.

Водата била загадена со фекалии. А институциите молчеле.

Симптомите почнале на 14 јули.

Епидемија е прогласена дури на 19 јули.

Цели пет дена институциите не ја информирале јавноста навреме и не презеле мерки. Додека граѓаните масовно завршувале по амбуланти и болници.

Министерот Клековски потврди дека имало отстапувања во примероците.

Но, предупредувањето дојде доцна.

Ова не е технички пропуст туку системски колапс.

Кога институциите молчат додека илјадници луѓе се трујат,

тогаш повеќе не зборуваме за грешка. Зборуваме за однос кон граѓаните.

Одговорноста е јасна.

Прашањето е само кога некој конечно ќе ја преземе.

Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста.

Дали му верувате?, сде наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува 48. Илинденски коњички марш, коњаниците тргнуваат од Горно Лисиче кон Крушево

Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечерва во 18 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе тргнат  кон Крушево.

Почнува 48. Илинденски коњички марш, коњаниците тргнуваат од Горно Лисиче кон Крушево

Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечер, во 18 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои.

Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден, во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“.

– На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство – информира прес-службата на Општина Аеродром.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода

По една недела ограничено користење на водата и интензивни активности за санација на водоводниот систем, Гостивар денеска се очекува повторно да добие технички исправна вода за употреба.

Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека последните анализи по спроведеното хиперхлорирање на водоводната мрежа покажуваат подобрување на состојбата, а надлежните институции треба официјално да ја потврдат исправноста на водата за техничко користење.

„Екипи од Скопје од Водовод се во Гостивар, работат на хиперхлорирање на инсталациите. Резултатите се веќе добри и очекувам да излезе соопштение дека водата е технички исправна за користење. Во рекорден рок од една недела тоа се санираше“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека Владата ги презела сите мерки што биле во нејзина надлежност, додека за утврдување на евентуална одговорност за состојбата во Гостивар надлежно е Јавното обвинителство.

„Целосната одговорност и ингеренциите за тоа што се случи во Гостивар се кај ЈО, а тие понатаму ќе утврдуваат дали има потреба од дополнителна одговорност“, рече премиерот.

Во однос на критиките од опозицијата, Мицкоски порача дека Владата останува насочена кон решавање на проблемите и обезбедување нормални услуги за граѓаните.

Кризата со водоснабдувањето во Гостивар започна минатата недела, откако по појавата на повеќе случаи на гастроентеритис беше прогласена епидемија и започна истрага за можно загадување на водоводниот систем.

Во рамките на истрагата беа приведени директорката на гостиварското јавно комунално претпријатие Артана Асани, техничкиот директор Леон Мезини и раководителот на секторот за водоснабдување Вадедин Даути.

Поради проблемите со водата беа организирани пунктови и цистерни за техничка вода, а помош пристигна и од повеќе општини, Армијата и државните институции кои обезбедуваа вода за населението.

Во меѓувреме, стручни екипи од скопски „Водовод“ спроведоа дополнителни анализи и хиперхлорирање на системот со цел отстранување на микробиолошката контаминација и целосно нормализирање на состојбата.

Според најавите, безбедна вода за пиење гостиварци треба да добијат откако ќе бидат завршени сите контролни анализи и ќе биде потврдена целосната исправност на системот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер