СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија
1СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија
МакедонијаВозач од Крива Паланка возел во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес Осумдесет и едно годишниот М.А од Крива Паланка вчера попладне бил запрен од полиција поради тоа што возел во спротивен правец на автопатот Скопје - Велес.М.А. во 17:30 часот го управувал патничкото возило на автопатот Скопје-Велес, а на наплатната станица „Сопот“ во близина на Велес го запреле полициски службеници на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, затоа што возел во спротивна насока на автопат. Како што информираа попладнево од СВР Велес, при сообраќајна контрола кај наплатна станица „Сопот“ на автопатот Скопје-Велес, било сопрено патничко возило „хјундаи“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал 81 годишниот , М.А. при што било констатирано дека се движел во спротивен правец на автопатот. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,најавија од СВР Велес. Тагови: спротивна насока Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзијаПациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово - затоа што и болницата им е отруена.Во болницата во Гостивар, среде епидемија предизвикана од загадена вода, дежура:• еден специјалист инфектолог • четворица специјализанти • и дерматолози. Ова е состојбата на здравствениот систем што треба да се справи со масовно труење на граѓаните. Пациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово - затоа што и болницата им е отруена. Додека ова се случува: • Мицкоски и Клековски се на екскурзија. • Тошковски, откако го спроведе хиперхлорирањето, сега како „искусен експерт“ им предлага на граѓаните да ги испуштаат цевките - да го испуштат проблемот со бактеријата. • Сѐ уште нема официјален документ кој потврдува дека водата е технички исправна. Напротив - беше потврдено присуство на бактерија (вклучително и од директорот Стојанче Ангелов). • Тошковски сега најавува нови анализи на водата - затоа што досега очигледно не биле правено како што треба. Граѓаните се трујат. Болницата е преоптоварена. Пациентите се возат во друг град. А Мицкоски и неговата екипа на екскурзија. Ова не е кризна состојба, ова е целосен колапс на одговорноста. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧаир доби 20 нови клупи за граѓанитеОпштина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри услови за одмор и престој на граѓаните.Клупите се поставени во Топаана, Гази Баба, на улицата „Емин Дураку“, зад Чаирската џамија, како и во близина на маркетот „Сарај“ во Чаир, со што се збогатува урбаната опрема и се подобрува функционалноста на јавните простори. Поставувањето на урбаната опрема ќе продолжи и на други локации, согласно потребите на населбите и барањата на граѓаните, како дел од заложбите на Општина Чаир за создавање поуредена, пофункционална и поквалитетна урбана средина. Општина ЧаирТагови: Општина Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
СветСеута бара помош од Шпанија за над 1.000 малолетници без придружбаШпанската енклава Сеута, која сè уште се опоравува од приливот од 72.000 мигранти кои пристигнаа на нејзините брегови за една недела, бара стотици малолетници без придружба да бидат преместени низ европскиот дел од земјата, соопштија локалните лидери.Иако огромното мнозинство мигранти се вратиле во Мароко, околу 1.100 малолетници без придружба кои пристигнале пред и за време на приливот и не можат брзо да бидат депортирани, остануваат во енклавата, според локалната самоуправа. Многумина спијат во привремено сместување во магацини или на улиците бидејќи прифатните центри се преполни. Политичка тензија околу обврската за грижа за малолетници Иако регионалните влади мора да им помогнат на преоптоварените територии во време на вонредна состојба, тензиите растат меѓу конзервативната Народна партија (ПП) и крајно десничарската партија Вокс, кои заеднички управуваат со четирите региони, околу тоа дали треба да се придржуваат кон законот. Шефот на Вокс рече дека „ниту едно евро“ од шпанските пари не треба да оди кај малолетни мигранти. Дури и ако регионите ги прифатат, експертите предупредуваат дека процесот на идентификација и преместување може да трае со месеци и ќе бара индивидуални интервјуа, извештаи и контакти со земјите на потекло. „Бараме помош и поддршка“, изјави шефот на локалната самоуправа во Сеута, Хуан Хесус Вивас, за шпанската телевизија RTVE. „Ова е апсолутно неодржлива ситуација“, додаде тој. Реформата на законот предвидува рок од 15 дена за трансфер Според реформата на законот за имиграција од 2025 година, откако мигрантите ги преплавија прифатните центри на Канарските Острови, малолетниците без придружба треба да бидат преместени од преоптоварените територии во рок од 15 дена од првичната обработка. Поради несогласување со оваа политика, Вокс ги напушти петте регионални коалициски влади што ги предводеше во 2024 година заедно со Народната партија, која го поддржа планот на социјалистичката влада за преместување на 400 малолетници од Канарските Острови на Иберискиот Полуостров. Влијание врз односите со земјите од Европската Унија Од почетокот на реформата, 719 малолетници се префрлени од Канарските Острови, според владини бројки од април 2026 година, а повеќе од 400 малолетници кои пристигнале во Сеута се преместени во други покраини. Проблемот би можел да ги оштети и односите на Шпанија со европските земји управувани од конзервативци, како што е Италија, која го суспендираше Шенгенскиот договор за слободно движење на луѓе со Шпанија еден месец по приливот на мигранти во Сеута. Извор: Индекс.хрТагови: Шпанија Сеута Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08