АвтомобилизамВозач на Мерцедес избегна фатален судар на автопат- автомобил „лета“ во спротивна насока(ВИДЕО)Средба со возило кое вози на автопат во спротивна насока е една од најужасните и најопасните ситуации во сообраќајот.Во такви случаи, таквата средба често завршува со директен судир со најсериозни последици. Сепак, и да не дојде до несреќа, тоа е настан кој длабоко ќе остане врежан во меморијата на возачот со можни долгорочни последици по неговото ментално здравје. Колку е страшно сведочи ова видео кое ни доаѓа од полски автопат. На видеото се гледа сообраќајот на автопатот во кој возачот на шлепер од коловозната лента во спротивен правец со трепкање на светлата сигнализира опасност. Наскоро гледаме светла на автомобил кој вози во спротивна насока, а потоа кон него брза Мерцедес. Мерцедес закочил во последен момент, се префрлил од лентата и ја избегнал несреќата. Пред се, тука треба да му се честита на брзата реакција на возачот. Исто така, можно е да се работи за безбедносен систем за помош на возачот, предлагаат некои во коментарите на видеото. Системот е Evasive Steering Assist и во основа е автоматизиран систем за препознавање на пречките пред автомобилот и нивно избегнување. Како и да е, овој маневар ги спаси животите на патниците во двата автомобила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
ФудбалПо 18 години Алексис Санчез ја напушта Европа!По речиси две децении на највисокото ниво на европскиот фудбал, легендарниот чилеански напаѓач Алексис Санчез ја продолжува кариерата во американската МЛС-лига, откако потпиша двегодишен договор со Монтреал. 37-годишниот Санчез пристигнува во Канада како слободен играч, откако му истече договорот со Севиља. Иако раководството на шпанскиот клуб му понудија продолжување на соработката за уште една година – откако тимот успешно избегна испаѓање од елитната лига – Чилеанецот одлучи да ја одбие понудата и да побара нов предизвик преку Атлантикот. Со преселбата во Монтреал, Санчез станува дел од лигата која што доживува неверојатна експанзија и привлекува се поголем број на светски фудбалски ѕвезди. Во МЛС-лигата, Санчез го очекуваат поранешни соиграчи и ривали како Лионел Меси, Луис Суарез, Хеунг-мин Сон, Томас Милер, Роберт Левандовски, Касемиро и Антоан Гризман. Европската авантура на Санчез започна уште во 2006 година кога потпиша за Удинезе, по што следеа позајмици во Коло-Коло и Ривер Плата. По враќањето во Италија, тој прерасна во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А, што му донесе трансфер во Барселона под водство на Пеп Гвардиола. Во текот на својата блескава кариера, тој настапуваше за Арсенал, Манчестер Јунајтед, Марсеј, Интер Милано и Севиља, освојувајќи вкупно 16 трофеи. Меѓу значајните успеси се вбројуваат титулата во шпанското првенство и Светското клупско првенство со Барселона, двата трофеја во ФА Купот со Арсенал, како и двете титули во Серија А (Скудето) освоени со Интер Милано.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаЦентрална банка со важно предупредување: Не потпирајте се само на картички – чувајте готовина домаШто ако престанат да работат картичките? Шведска им даде совет на граѓаните.Шведската централна банка упати важно предупредување до граѓаните – сите полнолетни жители би требало дома да имаат доволно готовина за да ги покријат основните трошоци во текот на една недела, за да можат да купат храна, лекови и други неопходни производи во случај на војна или друга сериозна криза. Препораката ја издаде „Sveriges Riksbank“, централната банка на Шведска, а ја пренесува „Блумберг“. На граѓаните им се советува дома да имаат околу 1.000 шведски круни по возрасен, што е приближно 110 долари. Освен готовина, се препорачува поседување банкарски картички од различни издавачи, како и користење на локалниот систем за електронско плаќање „Swish“. Ова се првите насоки што шведската централна банка директно им ги упати на граѓаните кога станува збор за начините на плаќање во вонредни околности. „Граѓаните се важен дел од целокупната одбрана на Шведска и се клучни за зајакнување на националната подготвеност. Пристапот до различни начини на плаќање ја зголемува способноста на населението да врши трансакции во случај на привремени нарушувања, кризи или, во најлош случај, војна“, порачаа од Sveriges Riksbank. Препораките се дел од пошироката стратегија на шведските власти за подготовка на населението за можните последици од воени или сајбер-напади, во период на зголемени безбедносни ризици. Владата и претходно на секое домаќинство му испраќала брошури со инструкции како да се подготви за кризни ситуации. Во нив, меѓу другото, е наведено колку вода за пиење треба граѓаните да имаат во резерва, како и на кој начин можат да ги следат вестите доколку дојде до прекин на електричната енергија. Посебна ранливост претставува фактот што шведскиот систем за плаќање е еден од најдигитализираните во светот. Само приближно една од десет трансакции во земјата се врши со готовина, поради што евентуалните прекини во функционирањето на електронските системи би можеле да предизвикаат сериозни проблеми во секојдневниот живот. Токму затоа, Sveriges Riksbank побара и донесување нов закон со кој би се заштитил статусот на готовината како средство за плаќање, но таков пропис сè уште не е усвоен. Слични препораки до граѓаните веќе упатија и централните банки на Финска и Норвешка. На жителите им се советува дома секогаш да имаат одредена количина готовина, но и повеќе банкарски картички, за да имаат алтернатива во случај на проблеми со еден од системите за плаќање. Извор: Бизпортал фото: Engin_Akyurt/ PixabayТагови: банкарска картичка готовина кеш Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
МакедонијаЗападот „брка“ критични материјали а нашата Иловица е во „длабок сон“. Кој е виновен?Геополитичката трка за критични минерали ги принудува западните држави сè поактивно да го финансираат рударскиот сектор.Американскиот Центар за стратегии за критични минерали предупредува дека без поголема државна финансиска поддршка, Западот ќе продолжи да зависи од Кина за суровините клучни за современата технологија и одбраната. Но, додека развиените земји бараат начини да го зголемат јавниот капитал за ископ, во Македонија стои неискористен приватен инвестициски потенцијал. Проектот за бакар „Иловица“ останува во застој, иако за него веќе е обезбеден приватен капитал. Во време кога критичните минерали се основа за економска отпорност, игнорирањето на овој рударен потенцијал значи пропуштена можност за позиционирање на Македонија во новите глобални синџири на снабдување. Како што се истакнува во извештаите, битката за ресурси ќе ја добијат само оние земји кои можат брзо да мобилизираат капитал и да ги префрлат стратешките проекти во фаза на производство. Домашните експерти веќе апелираат Македонија да го искористи својот ресурсен потенцијал во соработка со западните партнери. Рудникот Иловица има капацитет да експлоатира 10 милиони тони руда годишно (со просечно производство од над 10.000 тони бакар) во период од 23 години. За разлика од Западот кој бара јавни пари, за овој проект веќе има приватен капитал кој нуди огромни економски придобивки: 340 милиони евра инвестиција само во првата фаза на изградба на рударскиот комплекс. Стотици нови директни вработувања. 75 милиони евра годишно кои ќе се слеваат во локални и регионални компании од угостителството, земјоделството, текстилната индустрија и тековното сервисирање. Во меѓувреме, Западот се соочува со недостиг на бакарен концентрат поради застрашувачката пазарна доминација на Кина, која досега инвестирала 98 милијарди долари во вакви проекти. Според Меѓународната агенција за енергетика, светот има потреба од над 500 милијарди долари нови инвестиции во критични минерали. Затоа, реализацијата на подготвени и финансирани проекти како „Иловица“ претставува стратешки императив кој носи долгорочен економски развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter