Возач на камион згмечил полициски автомобил , истрагата е во тек (ВИДЕО)

Драматичните снимки покажуваат сообраќајна несреќа што за среќа помина без жртви.

На снимката е прикажана необична сообраќајна несреќа во која камион со приколка удира во полициско возило. Наспроти очекувањата, ова не е потера. Полицискиот автомобил стоел на семафор, а потоа од спротивната насока пристигнал камион. Тој влегол во свиокот со неприлагодена брзина и на крајот се превртел, право врз полицискиот автомобил.

Сообраќајната незгода од Смирна, во близина на американскиот град Атланта ќе се памети и по тоа што немало ниту тешко повредени. Имено, полицаецот заробен во автомобилот бил спасен благодарение на брзата реакција на пожарникарите и бил однесен во блиската болница, каде биле забележани само полесни повреди.

Во моментов се води истрага за да се обидат да се утврдат сите факти што довеле до оваа несреќа.

Либанската влада си поднесе оставка поради експлозијата

Либанската влада денеска поднесе оставка, пренесува АФП, а премиерот Хасан Диаб се очекува наскоро да го стори истото. Оваа вест е потврдена за локалните медиуми од страна на неколку сега поранешни министри.

Министерот за здравство Хамад Хасан им рече на новинарите по состанокот на владата: „Целата влада си поднесе оставка“. Хасан додаде дека премиерот Хасан Диаб ќе се упати кон претседателската палата каде ќе си поднесе оставка во име на сите министри.

Премиерот Диаб ќе се обрати пред нацијата во 19:30 часот по локално време, пренесува Ројтерс.

Оставките дојдоа по дводневните немири во Либан поради експлозијата во Бејрут што се случи минатиот вторник и начинот на кој владата реагира на целата ситуација.

Претходно, министерот за правда Мари Клод Најм, министерот за информации Манал Абдел Самад и министерот за животна средина Дамјанос Катар поднесоа оставки.

Покрај тоа, најмалку девет члена на парламентот поднесоа оставки.

Голем пожар во близина на Тирана ,горат стари автомобили (ВИДЕО)

Голем пожар избувнал на  пункт за собирање отпадоци и гробишта со автомобили во близина на Тирана.

Пожарот избувнал попладнево во близина на патот „Тирана-Нодрок“.Како што може да се види од видеата, од местото се шират големи црни облаци од чад.

Компанијата каде избувна пожарот е наречена „Мерсини“. Според информациите, три пожарни возила тргнале кон местото на настанот.

Сè уште не се знае што го предизвикало пожарот.

Подготвени 5. 000 доброволци за третата фаза на вакцината против корона

Саудиска Арабија наскоро ќе ја започне третата фаза од клиничките испитувања на потенцијалната кинеска вакцина против Ковид 19, во која ќе учествуваат околу 5.000 доброволци, соопшти саудиското Министерство за здравство.

Минатиот месец компанијата ChangShino Biologics објави дека е во преговори со Русија, Бразил, Чиле и Саудиска Арабија за третата фаза на тестирање на можната вакцина, пренесува Ројтерс.

Истражувачите претходно рекоа дека оваа вакцина, развиена во соработка со кинескиот воен истражувачки тим, делува безбедно и создава имунолошки одговор кај повеќето субјекти.

притисни ентер