Возач на Формула 1 ги чисти улиците на поплавените градови во Италија: Секоја чест (ВИДЕО) - Канал 5

Возач на Формула 1 ги чисти улиците на поплавените градови во Италија: Секоја чест (ВИДЕО)

Лидерите на Формула 1 пред три дена ја откажаа Големата награда на Емилија-Ромања, трка која требаше да се вози во Имола овој викенд.

Возач на Формула 1 ги чисти улиците на поплавените градови во Италија: Секоја чест (ВИДЕО)

Причината се страшните поплави кои го зафатија тој италијански регион, однесоа десетина животи и оставија огромен број луѓе без покрив над главата. Еден од возачите се истакна по своето однесување во тешките моменти.

Раководството на Формула 1 упати препорака до тимовите што поскоро да го напуштат погоденото подрачје. Членовите на тимот АлфаТаури беа едни од нив. Нивното седиште се наоѓа во Фаенца, град кој се наоѓа во тој регион. Како и во Имола, така и таму има проблеми. Јуки Цунода, 23-годишниот јапонски возач на Алфа Таури, не само што можеше да ги гледа овие проблеми, туку отиде да помогне колку што можеше во тој момент.

Твитер профилот на Формула 1 ја објави неговата фотографија, а на неа се гледа како со лопата во рака вади вода и чисти кал од улицата. Цунода сезонава освои два бода во трките во Формула 1, но со овој потег доби голем број обожаватели кои го фалат неговиот потег. „Возач на денот“, „Честитки“, „Моја почит“, „Убав гест“... се дел од коментарите под објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун во Јапонија: Доаѓаат ветрови со брзина од над 200 километри на час

Се очекува голем, моќен тајфун да стигне до копното во јужна Јапонија, Окинава и Амами.

Тајфун во Јапонија: Доаѓаат ветрови со брзина од над 200 километри на час

Властите ги повикаа жителите во областите да останат во состојба на висока готовност поради силни ветрови, кои би можеле да достигнат повеќе од 200 километри на час и обилни дождови во текот на следните неколку дена, објави „NHK“.

Јапонските метеоролози соопштија дека тајфунот Долфин се наоѓал 180 километри источно-североисточно од островот Минамидаито во префектурата Окинава.

Тајфунот се движи кон запад со брзина од 15 километри на час. Ветрови до околу 145 километри на час дуваат во близина на центарот на тајфунот, со максимални налети од околу 215 километри на час.

Ветрови од најмалку 90 километри на час дуваат во радиус од 220 километри од центарот на бурата. Се очекува максималната брзина на ветерот денес да достигне околу 125 километри на час во Окинава, 90 во Амами и околу 70 во јужен Кјушу. Налетите на ветерот веројатно ќе достигнат 180 километри на час во Окинава, околу 125 во Амами и околу 110 во јужен Кјушу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Во текот на вчерашнит ден (05.08.2026) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 222 возачи.

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Од нив, 186 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, сите возеле без возачка дозвола, а 14 мотоцикли се одземени.

За време на контролата санкционирани се и 197 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер