Возач го искористил пешачкиот надвозник за да го премине автопатот (ВИДЕО) - Канал 5

Возач го искористил пешачкиот надвозник за да го премине автопатот (ВИДЕО)

Сузуки Џимни е одлично теренско возило, а неговата одлична моќ за маневрирање е овозможена од неговите крајно компактни димензии.

Возач го искористил пешачкиот надвозник за да го премине автопатот (ВИДЕО)

Ова му овозможува да се движи по шумски патишта без потешкотии, но очигледно и во управувањето преку места наменети само за пешаци.

Оваа необична снимка доаѓа од провинцијата Ксинџијанг во Кина, каде возачот на мал Сузуки решил да го премине автопатот преку пешачки надвозник. Тесниот надвозник очигледно не е проблем, како и бројните скалила. Наследникот на легендарниот модел Самурај направи сè како што треба.

И, ако се прашувате која е причината за овој необичен маневар на возачот, објаснувањето е многу практично. Поточно, возачот, наводно, го промашил излезот од автопатот и решил да направи полукружно свртување. Ова е исклучително опасно на автопатот, па тој решил да ја испроба „пешачката патека“ за да дојде на другата страна.

На крајот, тоа скапо го чинело затоа што целиот маневар бил забележан од полициски патроли. Според South China Morning Post, полицаецот не бил импресиониран од подвигот, па му е изречена казна од 28 долари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани

Кобен ден за семејство од Македонија- во сообраќајна несреќа меѓу автомобил и камионна автопат во Словенија загинаа тројца, од кои две деца и нивната баба, а нивните родители се тешко повредени.

Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани

Неофицијално, според информациите на Канал 5 се работи за четиригодишно и 11 годишно дете, а жената имала 74 години, родум од Центар Жупа, а живееле во Равена, Италија. Тие починале на самото место, а за 33-годишната мајка која имала тешки повреди бил ангажиран хеликоптер за транспорт до клиника. Таткото, пак,кој го возел автомобилот, бил пренесен со амбулатно возило. Дека се работи за македонски државјани потврдија од македонското МНР, од каде соопштија дека амбасадата во Љубљана е во комуникација со тамошните институции за понатамошниот тек на постапката. За несреќата има детали и во билтенот на словенечката полиција.

- На 27 август околу 16:30 полицијата била известена за сериозна сообраќајна несреќа на автопатот, помеѓу Унец и Равбаркоманда. Учествувале камион и патничко возило. На местото на настанот веднаш биле испратени неколку полициски патроли и пожарникари. Товарното возило поради дефект останало за прено на лента за застанување. Возачот на патничкиот автомобил удрил во задниот дел од приколката. Во автомобилот имало пет лица, сите државјани на Македонија. Лекар на местото на несреќата констатирал смрт на три лица.-МВР на Р. Словенија

Словенечките медиуми споделуваат и детали како настанала трагедијата. Наводно камионџијата бил 64 годишен маж од Босна и Херцеговина и бил надвор од возилото па затоа не е меѓу повредените. Семејството се возело со Ауди А4 управувано од 39 годишниот маж, кој прво удрил во заштитната ограда, а потоа во камионот. Причината на судирот засега е непозната.

Километарските колони создале проблеми и за екипата на итната помош, која едвај пристигнала до местото на настанот. Според медумите имало и такви возачи кои не создале услови за коридор на брз проток на албулантното возило, а не ги почитувале ниту насоките од полицијата да не излегуваат од возилата.

Од моментот на судирот од попладне до полноќ автопатската делница накај Копер била затворена поради увидот на истражните органи и возилата биле пренасочувани кон Логатец.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Со почит кон нашата традиција, да се потсетиме на вредностите што нè обединуваат

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче беше во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка.

Филипче: Со почит кон нашата традиција, да се потсетиме на вредностите што нè обединуваат

На сите православни верници им го честитам овој голем празник и им посакувам добро здравје, мир, спокој и благосостојба. Со почит кон нашата традиција, да се потсетиме на вредностите што нè обединуваат – љубовта, добрината, солидарноста и грижата еден за друг. , напиша Филипче на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јакимовски три недели бил на лекување во приватна болница, по третманот повторно е во затворот Скопје

Лидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, кој на 15-ти јули почна со отслужување на затворската казна, три недели бил на лекување во приватна болница.

Јакимовски три недели бил на лекување во приватна болница, по третманот повторно е во затворот Скопје

Информацијата за Канал 5 ја потврди директорот на затворот, Бобан Утковски, без да открие детали за дијагнозата или конкретната здравствена состојба на Јакимовски, поради доверливост на медицинските податоци. Утковски појаснува дека Јакимовски на петти август се пожалил на здравствени тегоби, по што му бил овозможен медицински третман и здравствена грижа во приватна болница. Јакимовски таму останал три недели и пред два дена бил вратен во затворот во Скопје. Екс градоначалникот на Карпош беше правосилно осуден на една година затвор за незаконска изградба на општинската зграда во Карпош, а во затворската казна му се пресметани и петте месеци што ги помина во куќен притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер