ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година
Амбасадата на Македонија и македонскиот КИЦ во Загреб со импресивна културно-уметничка програма одбележаа 35 години независност
1ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година
2Амбасадата на Македонија и македонскиот КИЦ во Загреб со импресивна културно-уметничка програма одбележаа 35 години независност
ЕвропаВоз падна од пет метри висок мост во Минхен Едно лице е тешко повредено откако товарен воз синоќа падна од мост во германскиот град Минхен.Ова го објави ДПА, повикувајќи се на соопштение од полицијата во главниот град на Баварската покраина. Два вагона излетаа од шините на мостот, се одвоија од возот и паднаа од висина од околу 5 метри, соопштија властите, според кои сè уште истражуваат што превезувал возот, објави Билд. Сепак, полицијата експлицитно изјави дека товарот сигурно не претставува опасност за јавноста, пишува БТА. Мостот би можел да остане затворен до утре. Инцидентот се случил на железничка линија која главно ја користат товарни возови, изјави портпаролот на германската железничка компанија „Дојче Бан“. Нема промени во возниот ред на локалните и меѓуградските возови. Германската железница (Дојче Бан) има многу строги протоколи за маневрирање на товарни возови, особено ноќе. Сепак, Минхнер Нордринг е една од најпрометните товарни рути во Баварија, бидејќи ги поврзува големите индустриски области и ранжирната станица Минхен-Норд. Иако техничките инциденти се ретки, кога се случуваат за време на маневрирањето, тие обично се резултат на: Човечки грешки во комуникацијата (погрешно поставен прекинувач или предвремено движење). Отказ на системот за сопирање за време на спојувањето на вагоните. Полицијата соопшти дека се „далеку од кревање на вагонот“ бидејќи структурата на мостот била оштетена, па затоа на земја се користеле специјални кранови, а улицата под мостот во Милбертсхофен останала целосно блокирана.Тагови: воз Минхен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСе смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиникаНема нови приеми на пациенти на Клиниката за инфективни болести, со нилска треска.Од клиниката за Канал 5 потврдија дека е пуштен пациент од клиниката кои се лекувал повеќе од една недела и е во добра здравствена состојба. Засега на клиниката има седум пациенти со нилска треска, двајца се во тешка состојба и се во одделот за интензивно лекување. Осум пациенти починаа поради компликации од нилската треска и имале и други заболувања, сите се на возраст над 60 години. Од Град Скопје највија дека денска ќе се прскаат водните површини против ларави од комарци.Тагови: западно нилска треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 годинаКога СДС зборува за јавниот долг, прво треба да одговори за сметката што ја остави зад себе заедно со ДУИ додека беше на власт.ВМРО ДПМНЕ ја презеде одговорноста да ја води Владата во јуни 2024 година со јавен долг над 60 проценти од БДП. Денес долгот изнесува 58,8 проценти од БДП, односно е понизок од затекнатото ниво, со тоа што Владата уредно ги сервисира обврските што ги наследи. Во наредните години доспеваат околу 8 милијарди евра долгови преземени во времето на СДС и ДУИ. Само во 2026 година доспеваат околу 1,5 милијарди евра, а потоа уште 1,5 милијарди во 2027, 1,9 милијарди во 2028, 1,3 милијарди во 2029 и 1,4 милијарди евра во 2030 година. Тоа е сметката што ја остави СДС со ДУИ и треба да одговорат и за 4,5 милијарди евра со кои ја задолжи државата за само 7 години. За што беа потрошени тие пари? Ако сакаат да зборуваат за економија нека зборуваат со официјални бројки, но тоа не им одговора оти бројките не се на нивната страна на водење лажни кампањи. Бројките покажуваат дека растот на економијата во вториот квартал од 2026 година за 4,3 проценти. Дека економските политики на Владата се добри говори и фактот дека осум квартали по ред има раст од над 3 проценти. И без годините на ковид пандемијата, разликата сепак е очиглефна. Просечниот раст кај претходната власт на СДС и ДУИ е околу 2,6 проценти. Затоа наместо СДС да ги извртyва фактите, време е да одговори за долговите, потрошените милијарди и сметката што ја остави зад себе. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАмбасадата на Македонија и македонскиот КИЦ во Загреб со импресивна културно-уметничка програма одбележаа 35 години независностСвечената програма започна со интонирање на хрватската и македонската државна химна, со моќна и импресивна изведба на професионалниот хор ПРО АРС, под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски.Амбасадата на Македонија во Хрватска и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, со свечен прием и врвна културно-уметничка програма го одбележаа 8. Септември еден од најзначајните датуми во поновата македонска историја во знакот на 35 години независност на Македонија. На свеченоста која се одржа во Хрватскиот државен архив во Загреб присуствуваа високи претставници на државни институции, дипломатски претставници на амбасадите акредитирани во Република Хрватска, верски великодостојници, високи претставници на Македонската православна црква во Хрватска, Македонци кои живеат во Хрватска, како и бројни гости. Во своите обраќања, амбасадорот на Македонија во Хрватска Н.Е. Драган Ѓурчевски, директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб Мими Ѓоргоска Илиевска и директорот на Македонскиот државен архив Димитар Богески, истакнаа дека 8. Септември е повеќе од државен празник – тој е симбол на државноста, на достоинството и на националното заедништво. Свечената програма започна со интонирање на хрватската и македонската државна химна, со моќна и импресивна изведба на професионалниот хор ПРО АРС, под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски. Централниот дел од прославата беше свечениот концерт на македонска хорска музика на меѓународно реномираниот хор ПРО АРС под диригентство на маестро Сашо Татарчевски со дела од македонски композитори, инспирирани од македонската историска традиција и изложбата на македонскиот Државен архив, „Архивските документи – столб на македонскиот идентитет“ на авторите Бранислав Светозаревиќ, Марина Ѓоргиевска и Никица Тасевска. ПРО АРС со својата маестрална интерпретација и силен емотивен набој ѝ даде посебна свеченост на вечерта, претставувајќи ја убавината, богатството и живата сила на македонската музичка традиција, а изложбата на Македонскиот државен архив – „Архивските документи – столб на македонскиот идентитет“, создаде впечатлива целина во која македонската култура и историја беа претставени на најдостоинствен начин. Музиката и архивскиот документ, секој на свој начин, ја раскажаа истата приказна – приказната за еден народ, за неговата колективна меморија и за неговата вековна борба за сопствена држава. Преку средбата на музиката и историската документаристика беше потенцирана важната улога на културната дипломатија во процесот на приближување и на соработка меѓу народите и државите. Културната дипломатија не е само претставување на сопственото наследство, туку создавање простор за меѓусебно разбирање, почитување и продлабочување на пријателските односи меѓу Македонија и Хрватска. Централниот настан по повод одбележување на 35 години независност на македонската држава во Хрватскиот државен архив во Загреб носеше длабока порака: архивскиот документ го чува паметењето, музиката го оживува, а културата го претвора во трајна врска меѓу луѓето и државите. Вечерта беше збогатена и со дегустација на македонска храна и вино. Во текот на месец септември во Загреб и Хрватска следуваат уште десетици културни настани по повод 35 години независност на Македонија како дел од годишната програма на македонскиот КИЦ во Загреб, поддржана од Министерството за култура и туризам.Тагови: Загреб КИЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter