Воспитувачка обвинета дека е премногу секси: Поради овие фотографии, морала да даде отказ (фото) - Канал 5

Воспитувачка обвинета дека е премногу секси: Поради овие фотографии, морала да даде отказ (фото)

Поради секси фотографии на Инстаграм, воспитувачката Викторија Демешкина се нашла во центарот на скандалот, кој го започнале родителите на децата во градинката.

Воспитувачка обвинета дека е премногу секси: Поради овие фотографии, морала да даде отказ (фото)
Откако ги виделе сликите на Викторија на Инстаграм, родителите се побуниле со коментари дека нејзините пози и изрази на лицето имаат сексуална конотација.


#красотка #воспитание #воспитатель #russia #россия

A post shared by Виктория Демешкина (@viktoriya_demeshkina) on


Тие исто така истакнале дека дваесет и шестгодишната воспитувачка се облекува непримерно, а посебно го издвоиле црвениот тесен фустан и бела маица која ги открива градите.


Я любою свою работу #follow4follow #followme #followforfollow #follow

A post shared by Виктория Демешкина (@viktoriya_demeshkina) on


Светлана, мајка на дете кое ја посетува градинката, прва ги нашла спорните фотографии кои ја шокирале, а потоа и збуниле.

„Случајно го видов нејзиниот профил на Инстаграм, а многу од фотографиите од сексуална природа. Самиот изглед и начинот на кој се облекува може лошо да влијаат на децата“, изјави таа.


#news #supernatural #love #like4like

A post shared by Виктория Демешкина (@viktoriya_demeshkina) on


Слично како Светлана размислуваат и другите родители кои упатиле жалба до управата на градинката, која се согласила дека сликите на воспитувачката се премногу секси.


Солнечные зайчики☀️ всем любви и удачи #like4like #likeforlike #instalike #tagsforlikes

A post shared by Виктория Демешкина (@viktoriya_demeshkina) on


Тие веднаш реагирале барајќи од неа да ги отстрани своите фотографии, а Викторија се бранела дека фотографиите покажуваат одредени моменти од нејзиниот живот, и дека нема ништо непримерно на нив.

Поради одбивањето да ги отстрани, управата одлучи да не и исплати бонус, месечен надомест кој го имаат воспитувачките во Русија, а набргу потоа Викторија дала отказ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево време со попладневни врнежи од дожд и засилен ветер

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. 

Утре сончево време со попладневни врнежи од дожд и засилен ветер

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

14 Попова Шапка, 18 Крушево, 22 Маврови Анови, 24 Берово, Претор, Охрид, Прилеп, 25 Крива Паланка, 26 Битола, Виница, Тетово, 27 Штип, 28 Скопје Петровец, Зајчев Рид, Струмица, Демир Капија, Кавадарци, Велес, 29 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и топло со мала до умерена локална облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на новата работна седмица ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а од среда ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски во посета на Делчево: Дигитални решенија за поефикасни општини и поквалитетни услуги за граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска престојуваше во работна посета на Делчево, каде што присуствуваше и се обрати на седницата на Советот за развој на Источниот плански регион.

Андоновски во посета на Делчево: Дигитални решенија за поефикасни општини и поквалитетни услуги за граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска престојуваше во работна посета на Делчево, каде што присуствуваше и се обрати на седницата на Советот за развој на Источниот плански регион, пред градоначалниците и претставниците на општините од регионот.

На седницата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и локалните самоуправи, како и за приклучување на општините кон платформата за интероперабилност и Документ менаџмент системот – ДМС.

Платформата за интероперабилност овозможува безбедна размена на податоци меѓу институциите, додека ДМС обезбедува електронско управување и целосна следливост на документите и предметите. Нивната примена значи побрзи постапки, помалку хартија и чекање, поголема транспарентност и поквалитетни услуги.

„Податоците треба да се движат, а не граѓаните. Дигиталната трансформација мора да биде присутна во секоја општина, бидејќи нејзината вистинска вредност се гледа преку побрзи, поедноставни и подостапни услуги“, порача Андоновски.

Во рамки на посетата, министерот Андоновски, заедно со градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, го посети и новиот Туристички културен информатор.

Современиот простор е опремен со поддршка од Министерството за дигитална трансформација и ќе придонесе за подобро претставување на културните, природните и локалните потенцијали на Делчево и Пијанец.

За време на посетата беше истакнато и значењето на Центарот за услуги – ЕТУ, кој веќе функционира во Делчево. Големата искористеност на услугите потврдува дека Центарот е од особено значење за жителите, овозможувајќи им полесен пристап до услугите на јавната администрација.

„Делчево забрзано се развива преку проекти што носат конкретни придобивки и нови можности за граѓаните. Министерството продолжува да ги поддржува локалните иницијативи и современите решенија што го подобруваат квалитетот на услугите“, истакна министерот Андоновски.

Кабинет на Министер

Стефан Андоновски,

Министер за дигитална трансформација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Украина и Русија веќе нема да си ја напаѓаат енергетската инфраструктура

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Украина и Русија постигнале договор за прекин на нападите врз енергетските објекти.

Трамп: Украина и Русија веќе нема да си ја напаѓаат енергетската инфраструктура

„Украина се согласи да не напаѓа руски енергетски објекти. Русија се согласи да го стори истото! Зголемувањето на цените на дизелот низ целиот свет во голема мера се должи на војната меѓу Русија и Украина, а не на Иран“, напиша Трамп на Truth Social.

Трамп го обвинува Зеленски за недостигот на дизел

Објавата на Трамп дојде еден ден откако тој го повика својот украински колега Володимир Зеленски да престане да го напаѓа руското производство на дизел.

Украина со месеци интензивно ја напаѓа руската инфраструктура за производство на гориво, значително намалувајќи го капацитетот на руските рафинерии и предизвикувајќи широко распространет недостиг. Како одговор, Русија го забрани извозот на дизел, втор најголем извозник на дизел во светот, по САД.

„Г-дин Зеленски мора да направи едно нешто. Тој мора да престане да го уништува руското производство на дизел затоа што предизвикува недостиг на дизел“, рече Трамп за време на официјалната посета на Ирска.

Цената на дизелот, клучно гориво за камиони, возови, трактори и бродови, во петокот за прв пат надмина 6 долари за галон во САД, според Американската автомобилска асоцијација (AAA).

Цените на нафтата исто така растат

Во исто време, глобалните цени на нафтата надминаа 108 долари за барел поради војната на Блискиот Исток. Снабдувањето е дополнително ограничено поради застојот во Ормутскиот теснец, низ кој претходно тече околу една петтина од светските залихи на нафта, додека САД и Иран се борат за контрола на клучниот воден пат.

Во меѓувреме, гасоводот Исток-Запад на Саудиска Арабија, главна алтернативна рута за земјата богата со нафта за извоз на нафта преку Црвеното Море, беше затворен во петокот. Прекинот се случи откако нападите со беспилотни летала започнати од Ирак дополнително ја комплицираа ситуацијата.

Но, Трамп рече дека зголемувањето на цените на дизелот не е „предизвикано од Блискиот Исток“, туку „од она што се случува во Русија и Украина“.

Украина, чија енергетска инфраструктура исто така постојано е цел на руски напади, тврди дека рафинериите се легитимни цели бидејќи нивните напади го негираат финансирањето од Москва и ја намалуваат домашната поддршка за војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер