Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин
ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија
1Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин
2ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија
3СДСМ: ВМРО-ОКГ призна пад на довербата од 40% па објави дека народот живее добро поради Гета и дека сака да го викаат талог
АвтомобилизамВоскресна легендата од СССР: Волга се врати, а зад сето тоа стои познат брендНовите модели „C50“ и „K50“ се базираат на возилата „Geely“ и доаѓаат од поранешната фабрика на „VW“.Легендарниот советски автомобилски бренд Волга се враќа на пазарот, но овој пат со голема помош од кинеската компанија „Geely“, додека поранешната фабрика на „Volkswagen“ во Нижни Новгород беше избрана за производство. По неуспешниот обид да се врати во 2024 година, Волга сега претставува два нови модели - теренецот „K50“ и седанот „C50“. И двата автомобили се практично редизајнирани верзии на постојните модели на „Geely“, со минимални промени во нивниот надворешен изглед. Волга „K50“ е базирана на моделот „Geely Monjaro“ и има речиси идентичен дизајн, со само малку поинаква решетка на ладилникот и значка на Волга. Според руските медиуми, таа е напојувана од 2,0-литарски турбо бензински мотор со 238 КС, во комбинација со осумстепен автоматски менувач и погон на сите тркала. Од друга страна, „Volga C50“ ја користи основата на моделот „Geely Preface“. Тоа е класичен седан со модерен ентериер, дигитална контролна табла и вертикално поставен инфозабавен екран. Ќе се нуди со 2,0-литарски турбо мотор со 150 или 200 КС, со седумстепен менувач со двојна спојка. Особено е интересно што двата модели ќе излезат од производствената линија на поранешната фабрика на „VW“ во Нижни Новгород, каде што претходно се произведуваа моделите на Шкода и „Volkswagen“ за рускиот пазар. Враќањето на Волга покажува како рускиот пазар на автомобили, по заминувањето на западните производители, е сè повеќе зависен од кинеските партнери, додека добро познатите домашни имиња добиваат нова шанса преку ребрендирани модели. Извор: Б92Тагови: Волга СССР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИва Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој преминИва Михаилова, жителка на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка која заврши со смртни последици, ја напуштила Македонија заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија.Ива Михаилова, жителка на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка која заврши со смртни последици, ја напуштила Македонија заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија, иако во рамки на постапката, како мерка на претпазливост ѝ се одземени личните документи објави бугарската БТВ., Михаилова изјави дека поради влошената здравствена состојба во која се наоѓа, одлучила да се врати во Бугарија.„Ја преминавме границата со мојот адвокат. Моето здравје се влоши, тој ме зеде и се вративме во Бугарија без никакви проблеми вели таа и додава дека на границата ја покажала македонска лична карта. Таа меѓу другото изјави дека се чувствува безбедно во Бугарија , а се жалеше дека во Македонија била репресирана поради бугарското потекло и според неа тоа било и една од причините зошто била обвинета “,вели Михаилова за БТВ. На прашањето дали има намера да се врати во Македонија за судењето, чие следно рочиште е закажано за 9 ноември таа одговори:„Случајот продолжува со или без мене. Ќе видиме како ќе биде“.Нејзиниот адвокат одби да каже на кој граничен премин поминале, велејќи дека не сака да им предизвика проблеми на луѓето кои, според него, им помагале. Во меѓувреме, од бугарското министерство за надворешни работи објавија дека не биле однапред известени за случајот и тврдат дека не учествувале во организацијата за враќање на младата Ива во Бугарија.Се уште нема информација и од македонското мвр како Ива Михаилова ја преминала границата со оглед на тоа што ѝ се одземени личните документи, како и преку кој граничен премин ја напуштила државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Акал ќебапВо понеделник (05.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Нино ВеличковскиСостојки за денешниот рецепт: 500 гр. јагнешки мозок 500 гр. јагнешко месо 500 гр. јагнешка марамица 1 главица кромид 1 чешне лук масло сол, шарена сол и др. зачини по избор Бешамел сос за премачкување Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАВидео: Јокиќ маестрален на натпревар од предсезоната. Трипл-дабл за 26 минутиЕден од најдобрите светски кошаркари, српскиот центар Никола Јокиќ одигра одличен натпревар во победата на Денвер Нагетс над Чикаго Булс со 133:128, во подготвителен меч пред почетокот на новата НБА-сезона.31 годишниот Јокиќ оствари „трипл-дабл“ учинок за само 26 минути поминати на теренот, завршувајќи го натпреварот со 22 поена, 11 скока и 10 асистенции. Трикратниот НБА МВП имаше шут од игра 8 од 12 (вклучувајќи 1 од 2 за три поени), додека од линијата за слободни фрлања погоди пет од седум обиди. Тој запиша и една блокада, а до „трипл-дабл“ стигна уште во текот на првите три четвртини. Јокиќ одлично го отвори натпреварот. Во првата четвртина ги погоди сите пет шута од игра и постигна 14 поени, а до крајот на мечот повторно покажа зошто важи за еден од најдобрите додавачи меѓу високите играчи во историјата на кошарката. Големо внимание привлекоа неколку негови асистенции, вклучувајќи и едно атрактивно додавање преку речиси целиот терен. COACH JOKER 🃏 After dropping a triple-double in 3 quarters of play (22p, 11r, 10a), Nikola Jokić remained locked in on the bench to help guide his team down the stretch! The @nuggets pick up the preseason win 👏 https://t.co/HIVQcapvsE — NBA (@NBA) October 12, 2026 Најефикасен играч на Денвер беше Арон Гордон со 25 поени, додека Камерон Џонсон додаде 15. Кај Чикаго се истакна Леонард Милер, кој постигна 26 поени влегувајќи од клупата и имаше реализација од 11 од 14 обиди од поле. Минатата сезона, Јокиќ ја продолжи низата од шест последователни сезони во кои завршуваше меѓу првите двајца во гласањето за МВП-наградата. Иако „трипл-дабл“ учинокот од подготвителните натпревари не се вбројува во неговата официјална НБА-статистика, синоќешниот настап покажа дека српскиот центар е во одлична форма пред почетокот на новата сезона. Пред стартот на регуларниот дел од сезоната, Денвер го очекуваат уште неколку подготвителни натпревари против Лос Анџелес Клиперс и Лос Анџелес Лејкерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook