Вооружени разбојници нападнале момче, но тогаш се појавила неговата девојка и „ги средила“ (ВИД - Канал 5

Вооружени разбојници нападнале момче, но тогаш се појавила неговата девојка и „ги средила“ (ВИД

На социјалните мрежи кружи видео, наводно снимено во Арлингтон (Тексас).

Вооружени разбојници нападнале момче, но тогаш се појавила неговата девојка и „ги средила“ (ВИД

Младиот човек се враќал во станот кога го пресретнале двајца вооружени разбојници, а драматичните сцени ги снимила надзорна камера.

Јасно се гледа колку е исплашен младото момче, додека криминалците вперуваат пиштол кон него, а потоа се случил неверојатен пресврт.

Одеднаш се појавува неговата девојка која носи голема пушка во рацете! Тоа беше доволно за криминалците да исчезнат за секунда, оставајќи ја зад себе несудената жртва.

Во спротивно, којзнае што ќе се случело. За среќа, тој имал девојка која била доволно храбра да не дозволи нејзиниот сакан да настрада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врнежливо време од утре до средината на следната недела со ниски температури- во вторник снег на планините

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. 

Врнежливо време од утре до средината на следната недела со ниски температури- во вторник снег на планините

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

15 Попова Шапка, 20 Крушево, 22 Маврови Анови, Охрид, Претор, 24 Берово, Тетово, 25 Крива Паланка, Прилеп, 26 Битола, Зајчев Рид, 27 Демир Капија, Виница, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, 28 Велес, 28 Скопје Петровец, Штип.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Сончево и релативно топло попладнево имаше зголемена облачност. До крајот на денот ќе има услови за појава на врнежи во северните и западните делови. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во врнежи од снег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одмазда за рускиот напад врз автобуска постојка- Украина ја погоди најголемата руска рафинерија (ВИДЕО)

Украински беспилотни летала нападнаа рафинерија за нафта во Омск, Русија. 

Одмазда за рускиот напад врз автобуска постојка- Украина ја погоди најголемата руска рафинерија (ВИДЕО)

Локалното население пријавило две експлозии и чад од централата, а гувернерот на областа Омск го потврдил нападот, пишува Telegram ASTRA, а пренесува Prm.ua.

„Нападната е рафинеријата во Омск. Од цевките излегува чад. Се слушнале две експлозии“, велат локалните жители.

Гувернерот на Омската област Виталиј Хоценко изјави дека руската воздушна одбрана наводно го одбила нападот со беспилотни летала. Според него, оперативните служби во регионот се ставени во состојба на готовност.

Пред нападот во областа Омск беше прогласена опасност од дронови. На аеродромот во Омск се воведени привремени ограничувања за прием и испраќање на авиони.

Рафинеријата Омск е една од најголемите рафинерии за нафта во Русија. Рафинеријата веќе беше цел на напад на украински беспилотни летала во јули оваа година, по што нејзината работа беше целосно прекината.

Да потсетиме дека ноќта кон четвртокот, 8 октомври, украинските одбранбени сили, според прелиминарните информации, нападнале два важни индустриски капацитети во Русија - комплексот за преработка на нафта „Гаспром Нефтехим Салават“ во Башкортостан и фабриката „Саста“ во регионот Рјазан. Пријавени се пожари на територијата на двете компании.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меси доби понуда што не се одбива

Лионел Меси, најдобриот фудбалер на сите времиња, се збогува со репрезентацијата на Аргентина против Бенин, со што заврши една одлична фудбалска приказна. 

Меси доби понуда што не се одбива

Сепак, Аргентинецот нема да застане кога е во прашање клупскиот фудбал, а пристигна и многу интересна понуда.

Меси освои бројни натпреварувања во светскиот фудбал, но никогаш не играл во Копа Либертадорес.

- Мислам дека треба само да игра во Копа Либертадорес, па го прашувам дали го прифаќа овој предизвик - рече претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) Алехандро Домингез.

Фудбалерот на Интер Мајами дури и не размислувал за оваа одлука, но навистина не би било чудно да го видиме во ова натпреварување. Најдобриот фудбалер на сите времиња практично освоил сè што може да се освои, а можеби и кренал уште еден трофеј во својата богата кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер