БалканВооружен грабеж во филијала на поштата во грчкиот град Лутраки – одземени околу 32.000 евраСпоред грчките медиуми, грабежот се случил рано утрово, кусо пред 8 часот, сторителот бил вооружен со калашников, а откако ги одзел парите, побегнал во непознат правец заедно со својот соучесник, кој го чекал во возило.– Маскирано лице откако со чекан ја скршило стаклената врата на филијала на пошта во грчкиот град Лутраки на Пелопонез, под закана со оружје од вработените кои во тој момент го полнеле банкоматот со пари, одзел околу 32.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, грабежот се случил рано утрово, кусо пред 8 часот, сторителот бил вооружен со калашников, а откако ги одзел парите, побегнал во непознат правец заедно со својот соучесник, кој го чекал во возило. Во тек е истрага на полицијата за пронаоѓање и апсење на сторителите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возилоСите возеле без возачка дозвола, од нив тројца малолетници, а двајца учествувале и во сообраќајни незгоди.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола, од нив тројца малолетници, а двајца учествувале и во сообраќајни незгоди. Пет лица во Тетово (двајца малолетници), тројца во Скопје, двајца во Прилеп (еден малолетник) и по едно лице во Делчево, Штип, Гевгелија, Зајас и Демир Хисар возеле без возачка дозвола. Еден од малолетниците во Тетово и уште еден друг возач претодно учествувале во сообраќајни незгоди. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРуски воен брод пукал кон јахта во ЛаманшМорнари од руски воен брод испукале предупредувачки истрел кон јахта што му се приближила во Ламанш, дознава британската новинска агенција „Press Association (PA)“.Инцидентот се случил во вторник околу 11:40 часот, а според неофицијални информации, вмешана била руската фрегата „Адмирал Григорович“. Сè се случило во морската област помеѓу британскиот остров Вајт и францускиот регион Нормандија. [Unconfirmed] Russian frigate Grigorovich has fired warning shots at a British yacht in the channel. British and French ships are mobilising in response. Incident comes after the Royal Navy boarded Shadow Fleet tanker SMYRTOS (IMO: 9389100) which has been sanctioned by HM… — Martin Kelly (@_MartinKelly_) June 16, 2026 Истрел бил испукан кога цивилен брод кој се приближил кон руски воен брод Крајбрежната стража во понеделник попладне добила дојави од цивилен брод под британско знаме што пловел во близина на руската фрегата „Адмирал Григорович“. Од британскиот брод било пријавено дека Григорович испукал предупредувачки истрел откако двата брода поминале опасно блиску еден до друг во каналот. Настанот е најнов во низата индикации за растечки тензии меѓу Велика Британија и Русија. Напад на командоси врз руски танкер Само два дена претходно, во недела, британските сили спроведоа голема операција во истиот канал. Командосите на Кралските морнарички сили и Националната агенција за борба против криминалот (NCA) извршија рација и ја презедоа контролата врз танкерот „Смиртос“. Бродот е под меѓународни санкции и припаѓа на таканаречената „флота во сенка“ на Русија, која се користи за таен транспорт на нафта. Извор: Индекс.хрТагови: воен брод Ламанш Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДен по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
МакедонијаБолнички службеник фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувањаАдминистративен службеник во ЈЗУ општа болница Прилеп е осомничен дека фотографирал дебитна платежна картичка на прилепчанец, а потоа со нејзините податоци извршил десетици интернет-трансакции, при што незаконски потрошил повеќе од 90.000 денари.Според пријавата од МВР, на 13 октомври минатата година, осомничениот, кој работел како административен службеник на шалтер за наплата во прилепската болница, ја фотографирал дебитната платежна картичка на лице од Прилеп. Потоа, во периодот до 19 февруари годинава, користејќи ги податоците од картичката, извршил вкупно 71 интернет-трансакција, при што била предизвикана штета во износ од 90 илјади денариТагови: банкарска картичка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДен по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38