КултураВоодушевувачки настап на Националната Опера и Балет пред 6000 посетители во Сараево!Срушен рекордот на посетеност на настан од музичко-сценски карактер!Почитувани, Чест ни е да Ве известиме дека уметниците на Националната Опера и Балет на Република Северна Македонија на 30.11.2019 г. во салата „Мирза Делибашиќ“ на Скендерија во Сараево, ја изведоа сценската кантата „Кармина бурана“ од Карл Орф. Историскиот рекорд во поглед на фасцинантната посетеност на театарски настан од музичко-сценски карактер досега припаѓал на Кинескиот државен балет со претставата „Црвениот женски одред“ која е изведена три пати во 1971 година. На 30.11.2019 тој рекорд го превзема настапот на Националната опера и балет од Република Севрна Македонија со изведбата на музичко-сценското дело „Кармина бурана“. Со повеќе од 200 уметници на сцената, пред полната Скендерија и воодушевените 6000 посетители меѓу кои и целиот дипломатски кор акредитиран во Сараево, најавуваниот наш настап од страна на домаќините како „МЕГА СПЕКТАКЛ“ навистина се случи . Настапот започна со увертира од операта „Кармен“ во изведба на нашиот оркестар и таа енергична музика на Жорж Бизе им даде невиден импулс на сите останата уметници. Следуваше „Кармина бурана“ во која учествува огромен број изведувачки ансамбл: Оперски солисти, балетски солисти, оркестар, хор и балетски ансамбл. Под диригентската палка на домашниот диригент, Емир Нухановиќ, кој таа вечер прославуваше 35 години уметничка работа, нашите уметници се надминаа себе си. Публиката не знаеше кого попрво да награди со громогласниот аплауз. На крајот во протоколарен дел маестро Нухановиќ додели Благодарници на своите професори и соработници, меѓу кои го спомна и нашиот диригент, проф. Фимчо Муратовски. На директорот на Националната опера и балет, Васо Ристов му беше доделено Специјално признание за исклучителен придонес во меѓународната соработка од областа на музичката уметност, кој исто така за успешната соработка, му додели Благодарница на маестро Нухановиќ. Покрај оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл, настапија оперските солисти Наде Талевска, Дејан Стоев и Андреа Ѕаупа од Италија, како и балетските солисти, Марија Кичевска-Шокаровска, Саша Евтимова, Ивана Коцевска, Игор Веланоски и Мирослав Митрашиновиќ. На самиот крај, воодушевената публика со френетични аплаузи и извици „Браво“ не само што ги награди уметниците, туку инсистираше на Bis и на нивно задоволство беше повторен делот „О Fortuna“ од Кармина Бурана. Гостувањето во Сараево беше настан за паметење и пример како се претставува својата куќа и држава, односно македонската музичка култура. Со почит, Национална Опера и Балет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЗабаваЗа светските шампиони Фабијан Руиз и Гави – 150 килограми домати! Освојувањето на Светското првенство им носи бројни награди на фудбалерите, но подарокот што го добија Фабијан Руиз и Гави е секако еден од најнеобичните.Двајца членови на шпанската репрезентација беа наградени со количина домати што одговара на нивната телесна тежина. Руиз и Гави се вратија во својот роден град Лос Паласиос и Вилјафранка – место јужно од Севиља со помалку од 40.000 жители – каде што во средата им беше приреден свечен пречек во градското собрание. Фудбалерот на „Пари Сен Жермен“, кој беше стартер во финалето против Аргентина, и играчот од средниот ред на „Барселона“ се појавија со златни медали околу вратот, а беа пречекани од градските власти и голем број навивачи. За да го прослават својот успех, Руиз и Гави застанаа на вагата за да се одреди количината на подароци. Резултатот беше: Фабијан Руиз – 85 килограми домати Гави – 68,5 килограми домати Orang lain juara Piala Dunia mungkin dapet uang atau mobil. Gavi sama Fabian Ruiz malah dikasih tomat sesuai berat badan mereka. Fabian dapat 84 kg tomat, sementara Gavi dapat 68 kg. Ternyata ini tradisi dari kampung halaman mereka, Los Palacios y Villafranca. Jesus Navas juga… — Akun Bola Asbun (@AkunAsbunAja) July 23, 2026 Локалните власти наведуваат дека оваа традиција станала „заштитен знак на општината“ кога станува збор за оддавање чест на врвни спортисти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаОтворен целосно реконструираниот градски базен во КавадарциГрадскиот базен во Кавадарци денес официјално е пуштен во употреба по завршената реконструкција.Во реконструкцијата како што појасни градоначалникот Митко Јанчев, биле вложени околу 1 милион евра преку владин јавен повик. Обновени се големиот и малиот базен, системот за филтрација и пречистување на водата, соблекувалните, санитарните јазли и останатите придружни содржини, а поставени се и нови водни атракции и детски реквизити. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаНевремето го оштети системот на Македонска пошта – три дена се доцни со достава на праткитеНевремето во Скопје предизвика проблеми и во Македонска пошта. Поради обилниот дожд била оштетена серверската соба, односно електронскиот систем за распределба на пратките, поради што веќе три дена има доцнење во доставата. Директорот на Македонска пошта, Куртиши, уверува дека проблемот се санира и очекува од утре доставата да се нормализира. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter