КултураВонредно изборно собрание на ДПМВо просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска треба да се одржи Вонредното изборно собрание, кое претходно беше закажано на 25 ноември 2023 година но, не се одржа поради немање кворум за работа.За оваа седница останува важечка кандидатурата на писателот Мирче Нешовски за претседател на ДПМ. Повикот за кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ беше објавен на 20 октомври минатата година, а рокот за доставување на кандидатурите беше до 4 ноември, при што со кандидатури се јавија шест кандидати. Од четворицата кандидати за претседател на ДПМ, досега се откажаа тројца. Блаже Миневски, на 22 јануари, Живко Грозданоски ја повлече својата кандидатура на 20 ноември лани, поради друг личен ангажман, а Гоце Ристовски се откажа на 13 ноември, поради разединетост на членството. Писателот Блаже Миневски преку соопштение образложи дека ја повлекува кандидатурата поради непроменетата состојба во врска со избирачкиот список, начинот на (не)информирање на членството и неисплатените патни трошоци на членовите од внатрешноста што присуствуваа на Вонредното собрание, како и поради информациите во врска со нелегитимноста на изборните процеси и раководењето на ДПМ што се појавија во јавноста. Тој додаде дека Писателската асоцијација на Македонија за првпат во своите 77 години се наоѓа на чекор од самоукинување. ДПМ, како што вели, мора да фати приклучок со новото време, излегувајќи од бездната во кое е фрлено свесно или несвесно во изминатиот период. За претседател на Собранието на ДПМ, кандидатурите ги повлекоа Стефан Марковски и Иван Антоновски. Писателот Иван Антоновски образложувајќи ја својата одлука за повлекување на кандидатурата, соопшти дека се надева оти ќе успее да спречи заедничките заложби за консолидација на ДПМ да бидат вовлечени во евентуални натамошни случувања што би немале правен легитимитет и дополнително би му наштетиле на Друштвото. И писателот Стефан Марковски изрази жалење што внатрешните поделби, ниските конфронтации за добивање позиции по секоја цена, а со тоа и влијание, дури и буквална злоупотреба на потписите на дел од членовите дополнително го деградираат реномето на ДПМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФИФА: Инфантино се откажа од спорните инвестициски плановиСветската куќа на фудбалот, (ФИФА) се откажа од идејата за продажба на дел од правата за Светското првенство на приватни инвеститори.Претходно, европската УЕФА, Азиската фудбалска конфедерација и КОНКАКАФ (земјите од Северна и Средна Америка) се изјаснија против, а сите 55 европски национални асоцијации донесоа радикална одлука, гласаа за целосен бојкот на сите натпреварувања на ФИФА (вклучувајќи ги и Светските првенства за мажи и жени). Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди дека се откажал од планот. „Проектот FIFA Forward Enterprise беше замислен како основа за понатамошно зајакнување на членките на ФИФА и развој на нашиот спорт низ целиот свет – особено во земјите каде што поддршката е најпотребна. Сепак, како што наведовме од самиот почеток, имплементацијата на проектот беше можна само со поддршка на мнозинството членки на ФИФА и преку консултации со нив, Советот на ФИФА, конфедерациите и другите засегнати страни.“ Откако внимателно ги сослушавме сите мислења, дојдовме до заклучок дека проектот предизвикал таква контроверзност што, без оглед на нивото на поддршка, тој повеќе не ја исполнува својата првична намена. Нашата цел отсекогаш била и останува иста – да се обединиме и да се подобриме. Во овој поглед, имплементацијата на овој предлог нема да се случи. „Во наредните денови и недели, имам намера повторно да ги соберам сите засегнати страни – во духот на заедничкиот интерес за нашиот спорт и со цел да продолжиме да го развиваме фудбалот насекаде, особено во оние земји на кои им е најпотребна нашата поддршка“, рече Инфантино во соопштението објавено на веб-страницата на ФИФА. Има шпекулации дека Инфантино ја изгубил поддршката од функционерите на ФИФА и контролата врз организацијата, па затоа може да се очекува дури и негова оставка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗемјотрес во Италија близу Неапол, 21 повреден, двајца во критична состојба (Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди вулканското подрачје Кампи Флегреи во близина на Неапол, при што се повредени 21 лице, а двајца од нив се во критична состојба.Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV) регистрираше земјотрес во саботата навечер на длабочина од три километри, објави порталот „Италпрес“. Неколку часа подоцна, околу 22 часот, беше регистриран уште еден земјотрес со јачина од 3,8 степени, а потоа беа забележани уште триесетина помали земјотреси. Земјотресот силно се почувствува во Неапол, каде што многу граѓани излегоа на улиците, а во некои делови од градот беше пријавен прекин во снабдувањето со електрична енергија.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПеколен викенд во Македонија, денес сончево и топло со температура до 39 степениСпоред Управата за хидрометеоролошки работи денеска времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 38 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПеколен викенд во Македонија, денес сончево и топло со температура до 39 степени09:00Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08