3Министерството за јавна администрација ја започна оперативната фаза за воспоставување на Академијата за обука и стручно усовршување на јавните службеници
СветВонредна состојба во покраина во Канада- горат 22 шумски пожари (ВИДЕО)Повеќе од 17.000 луѓе во западната канадска покраина Манитоба се евакуирани откако регионот го доживеа најлошиот почеток на сезоната на шумски пожари во последните години.„Владата на Манитоба прогласи вонредна состојба на целата покраина поради шумски пожари“, изјави премиерот на Манитоба, Ваб Кинев, на прес-конференција. Кинев рече дека побарал од премиерот Марк Карни да испрати канадска војска за да помогне во евакуациите и гаснењето пожари. Воени авиони, рече Кинев, ќе бидат распоредени веднаш за да помогнат во преместувањето на луѓето од оддалечените северни заедници на безбедно место, заедно со дополнителни ресурси за гаснење пожари. Close call on the Flin Flon fire Video credit: Trevor Gene. Manitoba has declared a province-wide state of emergency as wildfires continue to threaten communities across the province. An emergency alert issued at around 5:25 p.m. CT Wednesday said the measure was due to… pic.twitter.com/FWlDIIEDY7 — Eugene (@BreakingNews4X) May 28, 2025 Рударски град е евакуиран Евакуациите го вклучуваат градот Флин Флон, каде што на 5.000 жители им беше кажано да бидат подготвени да заминат додека голем пожар се приближуваше кон рударскиот град именуван по измислен лик во роман од 1905 година. На жителите на неколку други оддалечени градови и домородни заедници сега им е кажано да заминат. Се очекува повеќето од евакуираните да бидат префрлени со авион во Винипег, главниот град на Манитоба. On Tuesday, large wildfires continued to rage across Saskatchewan and Manitoba. pic.twitter.com/1I1hTVX6ks — CIRA (@CIRA_CSU) May 28, 2025 Единствениот автопат од Флин Флон што е сè уште отворен е преоптоварен со сообраќај, а локалните бензински пумпи останаа без бензин. „Имаме пожари во секој регион“ Премиерката Кинев рече дека ширењето на овие пожари е причина за тревога. „Ова е прв пат ова да не е пожар во еден регион, туку имаме пожари во секој регион. Тоа е знак на климатски промени на кои ќе мора да се прилагодиме“, рече Кинев. Дваесет и два пожари се активни во покраината. Само во изминатиот месец изгореа речиси 200.000 хектари шума, што е три пати повеќе од годишниот просек во последните пет години, рече Кирстин Хејвард од Службата за шумски пожари на Манитоба. „Манитоба има најголема активност на пожари во Канада оваа година, делумно поради подолгиот период на топли и суви услови“, рече таа. Климатските промени го зголемија влијанието на екстремните временски настани во земјата. Моментално има 134 активни пожари низ Канада, вклучувајќи ги и Британска Колумбија, Алберта, Саскачеван, Манитоба и Онтарио, од кои половина се сметаат за надвор од контрола.Тагови: канада пожарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ: Нештетно уништени над 27,5 тони небезбедно УХТ млеко поради зголемено присуство на афлатоксинИнспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми.Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации дефинирани со позитивните законски прописи. Небезбедните количини млеко кои биле наменети за пласман во синџир маркети во земјава, минатата недела под надзор на официјален ветеринар, нештетно се уништени на депонијата Дрисла. Мострите за лабораториско тестирање на двете небезбедни пратки УХТ млеко, земени се во рамки на Мониторинг програмата која инспекциските служби на АХВ на граничен премин ја реализираат за пратките со храна од животинко потекло кои се увезуваат во земјава. На 17 јули годинава Агенцијата донесе и Решение за воведување на посебни безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко, како и производи кои содржат згуснато млеко и млеко во прав со кои ги засили официјалните контроли при увоз на овој тип производи од животинско потекло преку вршење на задолжителни лабораториски испитувања и проверки на усогласеноста со барањата за квалитет, со цел на домашниот пазар да се пласираат исклучиво безбедни и квалитетни производи и да се обезбеди фер конкуренција и заштита на домашните производители и потрошувачите, стои во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваДетска работилница за најмладите и рап забава со „Жабата“ за тинејџерите во КарпошНеделното карпошово културно лето, започна на плоштадот „Фонтана“, во Карпош 3,.Неделното карпошово културно лето, започна на плоштадот „Фонтана“, во Карпош 3, каде што во рамки на проектот „Нашето Маало-детска интерактивна просторна инсталација“, организирана од архитектот Ружица Ивановиќ, дечињата заедно со своите родители учествуваа во боење и цртање на претходно изработената макета од архитектката. На тој начин, на детската работилница најмладите карпошани освен што се дружеа помеѓу себе , тие и го развиваа својот креативен и уметнички потенцијал. Во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, со почеток од 20:00, часот, во една пријатна, релаксирана и маалска атмосфера беше прикажан филмскиот класик од Димитрие Османли - „Мирно лето“, каде што меѓу присутните карпошани беше и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов. Филмските проекции во рамки на културното лето ќе траат до 27-ми овој месец, каде што љубителите на добриот филм, заедно со своите соседи, роднини и пријатели, во предвидениот термин на истата локација, ќе можaт да уживаат во селектираните филмски остварувања од домашната македонска кинематографија. Вечерта кулминираше со рап изведбата на „Стефан Трајковски- Жабата“, кој со своите авторски изведби ја крена публиката на нозе и направи одлична забава пред своите маалски другари, соседи и пријатели. На настапот на „Жабата“, на фонтана во Карпош 3 беше присутен и заедно со жителите на Карпош 3 се забавуваше и дружеше првиот човек на Општината, Сотир Лукровски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБензините поскапи за 1,5 , дизелот за 3,5 денариРегулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62%Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62% во однос на одлуката од 17.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 3,795%, кај дизелот за 4,842%, кај екстра лесното масло за 3,958% и кај мазутот зголемувањето е за 6,467%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5340%. Од 25.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 100,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 45,576 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,850 ден/кг. и сега ќе изнесува 45,576 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.8.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook