Вонредна инспекција на флотата на Ербас A350, откриени проблеми со моторите - Канал 5

Вонредна инспекција на флотата на Ербас A350, откриени проблеми со моторите

Cathay Pacific ја прегледале целата своја флота на Ербас А350 по проблем со моторот на летот за Цирих.

Вонредна инспекција на флотата на Ербас A350, откриени проблеми со моторите

При проверка на возниот парк откриени се дефекти на одредени компоненти на погонските единици, а во моментов се работи на нивна санација.

Ербас А350-1000 регистрација B-LXI на летот CX383 меѓу Хонг Конг (HKG) и Цирих (ZRH) вчера мораше да се врати на аеродромот откако беше откриено дека авионот имал проблем со моторот на Rolls-Royce Trent XWB-97. Според The ​​Aviation Herald, пилотите забележале аларм за пожар во десниот мотор. Тие го исклучиле генераторот и го активирале системот за противпожарен аларм.

И покрај предизвикувачките околности, екипажот успеал безбедно да го приземји леталото назад во Хонг Конг, откако го отфрлиле вишокот гориво. Следувал темелен преглед на моторот и констатирана е дефект на одредени компоненти. Авиокомпанијата соопшти дека ваков тип на дефект не е забележан на ниту еден А350 во целиот свет.

Cathay Pacific вчера извршиле проверка на целата своја флота од 48 Airbus A350 и откриле слични проблеми на 15 од авионите. Поради вонредната инспекција на авионот дошло до нарушување на редот на летови на авиокомпанијата.

Превозникот вчера и денеска откажал 24 повратни летови, велејќи дека на патниците им биле понудени алтернативни аранжмани за да стигнат до нивните крајни дестинации. Утре се очекува откажување на уште десет повратни летови до регионалните дестинации. Cathay Pacific тврди дека летовите на долги релации нема да бидат засегнати.

Три од 15-те авиони се веќе сервисирани. Според The ​​Aviation Herald, проблемот бил откриен на цревата за снабдување со гориво на моторот, кои наводно биле оштетени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 година

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за предлог-буџетот за 2027 година, по кој се поднесени над 300 амандмани.

Собранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 година

Владата планира приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП.

За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува економски раст од 3,8 проценти во 2027 година.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека буџетот обезбедува финансиска стабилност и средства за инфраструктурни проекти.СДСМ, пак, ги оспорува економските проекции и предупредува дека задолжувањето не го подобрило животниот стандард.Опозицијата ги критикува и поскапувањата на енергијата и отсуството на зголемување на минималната плата. Расправата може да трае до десет дена, од кои шест се предвидени за разгледување на амандманите.

По завршувањето на комисиската расправа, буџетот ќе продолжи во собраниска процедура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Ограничувањата на „Старшилд“ ја отежнуваат одбраната на Украина од руските напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека ограничената брзина на американскиот сателитски систем „Старшилд“ ја отежнува одбраната на Украина од руските напади.

Зеленски: Ограничувањата на „Старшилд“ ја отежнуваат одбраната на Украина од руските напади

Тој побара од САД и компанијата на Илон Маск да ги укинат ограничувањата, нагласувајќи дека од тоа зависи заштитата на животите и енергетската инфраструктура пред зимата. Проблемот со брзината на системот, кој го развива „Спејс Икс“, трае веќе неколку недели.

Украина го користи „Старлинк“ за комуникација на бојното поле, додека „Старшилд“ е наменет за воени потреби, вклучително и заштита од ракети и беспилотни летала.Ограничувањата првпат беа забележани во октомври, по што следуваа спротивставени изјави од Илон Маск и американскиот претседател Доналд Трамп. Маск тврдеше дека одговорноста е на американската влада, бидејќи таа управува со системот, додека Трамп негираше дека Вашингтон е одговорен.

Зеленски побара украинските власти да соработуваат што поблиску со американската администрација и компанијата на Маск за надминување на проблемот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција добива ново раководство.

Искра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Искра Хаџи Василева денеска официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот шеф Ислам Абази.

Примопредавањето ќе се одржи во просториите на обвинителството, по што е предвидена средба со јавниот обвинител Ненад Савески.

Хаџи Василева беше избрана на функцијата на 28 октомври, со освоени 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.по изборот, таа најави дека приоритет ќе ѝ бидат поефикасниот кривичен прогон на организираниот криминал и корупцијата, подобрата организација на работата и искористувањето на постојните ресурси.

Најави и залагање за дополнителни човечки и материјални капацитети на институцијата.. со денешното примопредавање официјално започнува мандатот на новата раководителка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер