МакедонијаВонреден инспекциски удар: АХВ влезе во големите синџири маркети, земени десетици мостри од хранаДосега се комплетирани резултатите за 45 мостри од млеко и млечни производи земени од поголемите синџири маркети во земјата, додека се чекаат резултатите од анализите на сувомесните производи. Агенцијата за храна и ветеринарство открила сериозни неправилности кај дел од млечните производи што се продаваат на домашниот пазар, при што кај повеќе производители и увозници е утврдено дека декларираниот процент на млечна маст не одговара на реалната содржина во производите. Во рамки на вонредните контроли, официјалните ветеринари на АХВ зеле 91 мостра од млеко, млечни и сувомесни производи од домашно производство и од увоз, со цел да се утврди дали квалитетот на производите соодветствува на податоците наведени на декларациите. Досега се комплетирани резултатите за 45 мостри од млеко и млечни производи земени од поголемите синџири маркети во земјата, додека се чекаат резултатите од анализите на сувомесните производи. Контролите покажале дека кај 10 оператори со храна анализираните производи не ги исполнувале одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи. Најдрастичен е случајот каде нмаесто декларираните 20 проценти имало само еден процент масленост. -Кај еден оператор со храна, со лабораториско тестирање на мостра од одземените 22 килограми ситно сирење, утврдено е дека биле декларирани 20 проценти млечна маст, а производот содржел само 1 процент, за што му е изречена парична казна од 3 500 евра во денарска противвредност. Поради измама на потрошувачите, инспекторите од АХВ на операторот му напишале казна од 3.500 евра . Дополнително, уште осум производители и увозници се казнети со по 1.050 евра бидејќи и кај нивните производи биле утврдени разлики меѓу декларираниот и реалниот процент на млечна маст. Кај уште еден оператор инспекторите откриле дека во производството на млечен производ биле користени растителни, односно палмини масти. За овој прекршок е изречена казна од 1.300 евра, а од продажба се повлечени и уништени 500 килограми од спорниот производ. Овие наоди доаѓаат во период кога домашното млечно производство се соочува со сериозни проблеми и се повеќе млеко и млечни производи јадеме од увоз кои се со спорен квалитет. Сточарите предупредуваат дека намалените откупни цени на суровото млеко дополнително го загрозуваат опстанокот на млечното говедарство. Колку е сериозна состојбата покажуваат и официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Во 2025 година во земјава биле евидентирани околу 142 илјади говеда, додека во 2011 година нивниот број изнесувал 265 илјади што само покажува дека половина од кравите ни ги нема што пак директно се одразува врз згоелеман зависноста од увоз кој од 2024 година веќе изнесува неверојатно над 100 милиони евра годишно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВооружен инциден пред „Ноќта на вештерките“ во Калифорнија, има мртви и ранети!Вооружен напад во Калифорнија во продавница за костими за „Ноќта на вештерките“.Полицијата трага по напаѓачите.Едно лице загина, а шест други се повредени во пукање во продавница за костими за Ноќта на вештерките, лоцирана во трговски центар во Ферфилд, Калифорнија. Пукањето се случило во продавницата „Ghost of Halloween“ во трговскиот центар „Solano Town Mall“ во Ферфилд, додека луѓето ги вршеле последните подготовки за популарниот американски празник. Едно лице загинало на самото место, додека шестмина ранети биле итно пренесени во болница. 🇺🇸 MASSIVE police presence after deadly shooting at Solano Town Center Mall in Fairfield, California One person was killed, and at least 6 others injured, with several in critical condition, after gunfire broke out at the Spirit Halloween store inside the mall The shooter is still on the loose Source: NBC / Writer: Ian https://t.co/HtZUhUPRWV — Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 31, 2026 Тројца од ранетите се во критична состојба и лекарите се борат за нивните животи. Пред продавницата пристигнале голем број полициски возила, а просторот бил блокиран поради истрагата. Засега, полицијата нема објавено опис на осомничениот, ниту пак потврдила дали во пукањето учествувал повеќе од еден напаѓач. Мотивот за нападот е исто така непознат. Идентитетот и возраста на жртвите сè уште не се објавени. Продавницата била полна со купувачи кога започнало пукањето, поради што преплашените луѓе почнале да бегаат за да си ги спасат животите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканАлександар Вучиќ предложен за претседател на СНССедницата на Главниот одбор на Српската напредна странка се одржа денес во „Белградска арена“.Вучиќ предложен за претседател на СНС – „Ќе има уште многу разочарувања за вас! На почетокот од своето обраќање, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, предложи да се донесе одлука за свикување вонредно собрание на СНС за 13 декември. – На кое ќе го избереме новото партиско раководство и партиските органи, и ќе ја подготвиме партијата за периодот што претстои. Сметам дека е праведно и демократски, во нашата куќа, во нашето семејство, да дадеме отчет за сработеното во претходниот период. И партијата, со нов оптимизам и сила – без оглед на тоа колку може да биде тешко – треба да биде подготвена за идните политички предизвици; СНС треба да ја предводи Србија во политичката борба против теророт – рече тој. Тој го предложи Александар Вучиќ за нов претседател на СНС, што присутните го поздравија со аплауз. – Ние сме бастион на демократијата и на зачувувањето на суверенитетот во Србија. Ви благодарам многу – рече Вучевиќ. Потоа, Вучиќ излезе на бината и рече дека вакви седници се одржувале многу пати и дека честопати тие претставувале подготовка за одредени важни активности. - Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Тој изјави дека изборниот пораз е дел од животот и дека е нормално да се губат натпревари.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКиву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против МиланПредводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. „Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време. Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот. – Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37