Волво започна со производство на новата електрична лимузина ES90 - Канал 5

Волво започна со производство на новата електрична лимузина ES90

Volvo Cars започна со производство на новиот целосно електричен модел ES90 за европските пазари, што претставува важен чекор во стратегијата на Volvo кон целосно електрична иднина.

Волво започна со производство на новата електрична лимузина ES90

ES90 носи безбедност, технологија и разновидност во стилска форма на модерен електричен седан. Прв Волво е со технологија од 800 волти што овозможува поголем домет и побрзо полнење од кој било електричен Volvo досега.

Нова ера на безбедност и технологија

„Целосно електричниот ES90 означува пресвртница додека Volvo Cars влегува во нова ера на безбедност, одржливост и технологија ориентирана кон човекот“, рече Франческа Гамбони, директорка за индустриски операции во Volvo Cars.

Моделот ја комбинира елеганцијата на седан со прилагодливоста на фастбек, со попростран ентериер и поголем клиренс типичен за SUV возила, создавајќи единствена категорија на возила.

Климатски неутрален

ES90 се произведува со користење на климатски неутрална енергија во фабриката на Volvo во Ченгду, и според компанијата, има еден од најмалите јаглеродни отпечатоци од кој било автомобил на Volvo досега.

Испораките до клиентите во Европа ќе започнат подоцна оваа година, а наскоро ќе биде достапен на клучните пазари во Азиско-пацифичкиот регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и Молдавија

Унгарија не даде согласност за клучниот процедурален чекор неопходен за забрзување на пристапните преговори на Европската унија со Украина и Молдавија, објави Политико, повикувајќи се на двајца дипломати на Европската унија.

Политико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и Молдавија

Европската унија на 15 јуни официјално го отвори првиот преговарачки кластер со Украина и Молдавија, а европските челници најавија дека Киев до средината на јули ќеги отвори сите шест кластери. Остварувањето на таа цел сега е доведено во прашање, бидејќи Унгарија вчера била единствената земја членка што се спротивставила на испраќањето писмо до Европскиот совет и до Европската комисија со таков предлог. Унгарскиот премиер Петер Маѓар не се спротивстави на отворањето на првиот кластер за Украина, но претходно реагираше дека ставањето на брза лента на земјата би испратило погрешна порака до Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, кои со години работат на членството во Европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпад

На територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. 

ЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпад

Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати.

Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад.

Под контрола е ставен пожарот во Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино, каде гори ниска вегетација.

Изгаснати се пожарите во општините Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 и во Чашка, во с. Чашка каде горела ниска вегетација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер