Волво постигна успех- испорачаа милион плаг-ин хибриди - Канал 5

Волво постигна успех- испорачаа милион плаг-ин хибриди

Volvo Cars достигна важна пресвртница во својата електрификација кога го испорача милионитиот plug-in хибриден автомобил во септември.

Волво постигна успех- испорачаа милион плаг-ин хибриди

Плаг- ин хибридите (PHEV) моментално сочинуваат 23% од глобалната продажба на Волво во првата половина од 2025 година, при што продажбата се зголеми од речиси 46.000 единици во 2019 година на повеќе од 177.000 во 2024 година. Побарувачката е предводена од моделите XC60 и XC90 PHEV.

XC60 е лидер на пазарот

XC60 беше најпродаваниот PHEV во Европа во 2024 година и лидер во сегментот на премиум PHEV на глобално ниво во последните три години. И двата модели, XC60 и XC90, беа освежени минатата година, дополнително зајакнувајќи ја нивната привлечност на клучните пазари како што се Шведска, САД и Кина.

„Volvo Cars е посветен на целосно електрична иднина и ќе стигнеме до таму со темпо што одговара на нашите клиенти“, рече Ерик Северинсон, главен комерцијален директор на Volvo Cars.

Електрично возење во пракса

Внатрешните податоци покажуваат дека PHEV возилата често се користат како целосно електрични возила, особено во урбаните средини. Во просек, возачите на Volvo PHEV ги користат своите автомобили без внатрешно согорување околу половина од вкупното време на возење.

Компанијата моментално нуди PHEV варијанти на пет различни модели, надополнувајќи ја линијата од шест целосно електрични модели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Торнадо уништи аеродром во Бразил, летови прекинати...!

Силно торнадо во средата ја погоди бразилската држава Санта Катарина и ја уништи аеродромската инфраструктура во градот Шапеко.

Видео: Торнадо уништи аеродром во Бразил, летови прекинати...!

Драма на пистата среде катастрофата: „Авионот силно се тресе“ .

Внатрешноста на терминалот и кровната конструкција се урнале под налетите на ветерот, хангарите и главната сала претрпеле оштетувања, а ветерот откорнал метални конструкции на влезот и искрши прозорци.

Снимките од дрон покажуваат оголени покриви во неколку делови од аеродромскиот комплекс, а дел од урнатата конструкција паднала дури и врз еден помал авион. Сите летови се прекинати.

Концесионерот „Voe Xap“ го потврди прекинот на работењето, односно на полетувањата и слетувањата, и апелираше до патниците да не доаѓаат на аеродромот додека техничките екипи вршат детален увид и санација на штетата.

Градските власти соопштија дека работењето е прекинато до петок, додека концесионерот наведува дека прекинот е на неодредено време.

Во моментот кога торнадото удри, патничкиот авион на „Азул“ се наоѓаше на пистата, подготвувајќи се за полетување. Во разговорот со контролната кула беше опишана ситуацијата на пистата.

„Стоиме, авионот силно се тресе, се поместува... Застанавме на пистата, леталото се движи, не можеме... радио врската... Чекаме да се смири за да можеме да се вратиме на паркинг-позицијата.

Се враќаме кон влезот на позицијата. Ќе процениме дали можеме да влеземе“, им рекоа членовите на екипажот на контролата на летање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пропадна ли договорот за увоз на дизел меѓу Трамп и Путин?

Контроверзниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на руски дизел во Соединетите Држави, пред изборите на средината на мандатот, се чини дека пропаѓа.

Пропадна ли договорот за увоз на дизел меѓу Трамп и Путин?

Контроверзниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на руски дизел во Соединетите Држави, пред изборите на средината на мандатот, се чини дека пропаѓа, а два танкера што првично се упатиле кон американскиот брег наеднаш го промениле курсот, пишува „Фајненшал тајмс“.

Промената на рутата доаѓа во момент кога состојбата со залихите на дизел во САД дополнително се влошува. Најновите податоци покажаа дека залихите паднале под 100 милиони барели, што се случува за првпат по повеќе од две децении. Овој недостиг би можел дополнително да го оптовари пазарот на горива, кој претставува една од клучните алки на американската економија.

Неколку недли пред изборите, Трамп постигна договор со рускиот претседател Владимир Путин за купување и увоз на пратки со дизел во САД, со цел да ги намали цените на бензинските пумпи и да придобие гласачи.

Овој потег не им донесе никаква корист на републиканците – во вторникот, демократските кандидати остварија убедливи победи ширум земјата и ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот.

Танкерите со руска нафта веќе не патуваат кон САД.

„Талисман“,руски танкер стар 20 години кој е под санкции од САД, Велика Британија и Европската унија, како и танкерот „Леру“ – кој е во сопственост на субјект од Хонгконг, плови под знамето на Сиера Леоне и е под санкции од Велика Британија, ЕУ и Канада – повеќе не ја наведуваат американската атлантска крајбрежна област како своја дестинација.

Во понеделникот, „Леру“ (Leroux) го промени својот сигнал и како нова дестинација го наведе Бразил, додека „Талисман“ (Talisman) се оддалечи од Атлантскиот Океан и се упати назад кон Средоземното Море, каде што моментално се наоѓа во близина на алжирскиот брег.

Овој брод емитува сигнал „чекање на наредби“, што значи дека за товарот сè уште нема потврден купувач или пристаниште за истовар.

Третиот танкер натоварен со руски дизел, бродот „Агиои Фанендес“ (Agioi Fanendes) во грчка сопственост, според податоците за пловидба, сè уште се упатува кон САД, но исто така емитува сигнал „чекање на наредби“.

Неговиот сопственик, компанијата „Истерн Медитеранеан Меритајм“ (Eastern Mediterranean Maritime), претходно за „Фајненшел тајмс“ (Financial Times) изјави дека бродот плови и чека наредби, бидејќи пристаништето за истовар сè уште не е потврдено.

Во средата, компанијата не одговори на новото барање за коментар. Од друга страна, „Бист“ (Beast) – танкер под санкции, регистриран на Сејшелите, кој товарот го презел на 27 октомври во руското пристаниште Приморск – исто така се упати кон САД и емитува сигнал „Атлантик“ (Atlantic), што укажува дека негова дестинација е атлантскиот брег на САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Пендаровски призна дека објектот кој се гради во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу.

Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу кој беше директно назначен од Пендаровски, гради зграда во Влае, нешто коешто со административна плата како директор, или пак како обичен вработен, не се заработува таа сума.

Токму ова е таа шема на СДС која за жал владееше со години во Македонија. Организираната криминална група е токму СДС на чело со криминалецот без тапија Филипче. Сите нивни функционери, кога излегоа од политиката или им завршија мандатите на функциите, веднаш отворија фирми, бизниси, градат згради, исто како што прават Филипче и Зоран Заев.

Во таа насока, очекуваме јасни одговори од соработникот на Пендаровски, од каде му се милионите за изградба на зградата во Влае? Дали пријавените семејни приходи на Муслиу можат да го оправдаат ваквиот капитал и дали можеби има и судир на интереси?

Бараме транспарентност, документи и одговори, а од надлежните институции очекуваме да го испитаат потеклото на средствата и евентуалните судири на интереси.

Го повикуваме ЈО да постапи по допрен глас и да го истражи овој случај.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер