Волво е лидер во автомобилската индустрија: Први што користат челик без емисии во сериско производство - Канал 5

Волво е лидер во автомобилската индустрија: Први што користат челик без емисии во сериско производство

Шведскиот бренд станува првиот производител на автомобили што воведува рециклиран челик без емисии во возилата за сериско производство.

Волво е лидер во автомобилската индустрија: Први што користат челик без емисии во сериско производство

Компанијата Волво Карс потпиша договор со шведската компанија за челик „SSAB“ за снабдување со рециклиран челик со речиси нула емисии на јаглерод диоксид, а испораките ќе започнат веќе оваа година.

Така, Волво стана првиот производител на автомобили што го користи овој иновативен челик во сериско производство.

Новиот материјал ќе биде инсталиран во целосно електричниот „SUV EX60“, како и во други модели базирани на новата механичка платформа „SPA3“.

Огромен чекор кон намалување на емисиите

„Челикот е одговорен за околу 25 проценти од вкупните емисии на материјали во ново возило на Волво“, рече Франческа Гамбони, директорка на синџирот на снабдување во компанијата.

Рецикрилираниот челик што го испорачува „SSAB“ ги намалува емисиите на CO₂ за речиси 100 проценти во споредба со конвенционалниот челик, додека ја одржува истата цврстина и безбедност.

Климатски цели до 2040 година

Волво планира да постигне нето нулта емисија на јаглерод диоксид до 2040 година, додека целта за 2030 година е да се намалат емисиите по возило за 65 до 75 проценти.

Дотогаш, 30 проценти од материјалите во нивниот возен парк треба да се рециклираат, а новите модели од 2030 година ќе содржат најмалку 35 проценти рециклирани компоненти.

Со овој потег, Волво дополнително ја зајакнува својата позиција како лидер во одржливата трансформација на автомобилската индустрија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на загинати во рускиот напад врз хуманитарен пункт во Украина надмина 50

Бројот на загинати во рускиот напад врз пункт за поделба на хуманитарна помош во украинската област Запорожје се искачи на 53, додека потрагата по настрадани продолжува петти ден.

Бројот на загинати во рускиот напад врз хуманитарен пункт во Украина надмина 50

Руските сили во понеделникот наутро извршиле повеќе воздушни напади врз селото. Првата бомба погодила училишна зграда во која се собрале локални жители за да подигнат хуманитарна помош.

Украинскиот претседател зеленски изјави дека по првичното бомбардирање руските сили фрлиле уште девет воздушни бомби врз засолништето во кое цивилите, меѓудругото, се обидувале да најдат заштита.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Триглав пронајден мртов 19 годишен планинар од Србија!

Млад човек од Србија е пронајден мртов на врвот на Јулиските алпи, Триглав, во Словенија.

На Триглав пронајден мртов 19 годишен планинар од Србија!

Словенечката служба за спасување во планина соопшти дека е завршена повеќeдневната потрага по млад планинар (19) од Србија, кој исчезна во областа на Триглав.

Планинарот е пронајден мртов, а службата изрази сочувство до неговото семејство и роднините.

Во неделата, на 1 ноември, планинарот останал заробен ноќно време, во областа Племенице поради густа магла и ветер .

Во потрагата учествувале планински спасувачи од Бовец и Мојстрана, а во понеделникот, на 2 ноември, пронашле неколку негови лични предмети.

Потрагата продолжила и во наредните денови, при што во акцијата биле вклучени хеликоптерски екипи од Брник, како и хеликоптери на словенечката војска и полиција.

Интервенцијата се одвивала на исклучително тежок терен и во многу тешки временски услови, проследени со снег, мраз, дожд, ветер и магла.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го пушти во употреба современо опремениот фризерско-козметички кабинет наменет за средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“. 

Ѓорѓиевски: Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“

Кабинетот располага со 6 фризерски работни места, 2 берберски, 2 позиции за шминкање, како и опрема за маникир и козметички третмани, простор во кој талентот ќе се развива, знаењето ќе се применува, а младите ќе ги прават првите чекори кон својата професија.

- Ова е можност еден млад човек да открие во што е најдобар и да изгради иднина со сопствените знаење, труд и вештини. Тука учениците ќе вежбаат едни на други, ќе ги совладуваат фризерските техники, ќе користат професионална опрема и ќе учат како се гради доверба со клиентот. Чекор по чекор, со поддршка од професорите, ќе стекнуваат искуство и самодоверба за вистинските предизвици на својата идна професија. Особено значајно е што во рамките на практичната настава ќе можат да им нудат услуги по субвенционирани цени на учениците од другите средни училишта. Така, практичната работа добива уште поголема вредност, а младите добиваат дополнителен мотив да го изберат стручното образование и да ја препознаат својата иднина во него. Верувам во овие млади луѓе. Во нивните вредни раце, во нивната креативност и во желбата да успеат – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека обврска на Град Скопје е да им обезбеди услови на младите со кои ќе можат да го покажат сето она што го умеат, бидејќи најдобро се учи кога теоријата се претвора во практика, а практиката во професија.

- Вложуваме во младите денес, за утре да стојат цврсто на свои нозе. Со свој занает. Со своја кариера. Со можност да создадат и сопствен бизнис. Нивниот успех е успех на Скопје – рече Ѓорѓиевски.

Фризерско-козметичкиот салон за учениците од „Димитар Влахов“ се наоѓа на булеварот Партизански одреди во Лептокарија во непосредна близина на Универзитет Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер