2Митева: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со жените од ЕПП
ФудбалВолшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медалАнгличаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал за да му го дадат нему.Голманот Џејсон Стил го заврши Светското првенство со бронзен медал околу вратот, иако не беше дел од составот на Англија за турнирот. Неверојатна сцена по натпреварот за третото место на Светското првенство меѓу Англија и Франција. Англија победи со 6:4 (4:0) по еден многу хаотичен натпревар, по што започна доделувањето на бронзените медали. Еден од нив му припадна на фудбалер кој не беше на списокот на селекторот Томас Тухел и кој никогаш претходно не го носел дресот на сениорската репрезентација на Англија. Станува збор за голманот Џејсон Стил, кој иако не беше дел од официјалниот состав од 26 играчи, го помина целиот турнир со тимот; неговите соиграчи ја прекинаа церемонијата за доделување медали за тој да може да се качи на подиумот, а потоа Џордан Хендерсон му го стави медалот околу вратот. Џејсон Стил има 35 години и е најпознат како долгогодишен голман на Мидлсбро, за кој бранел во периодот од 2007 до 2015 година. Во тоа време, тој бил член на сите младински репрезентации на Англија и настапил на Олимписките игри во 2012 година, а бил испраќан и на позајмици во Нортхемптон и Блекбурн. Бил откупен од Блекбурн, а потоа и од Сандерленд, додека од 2018 година е резервен голман на Брајтон. Селекторот Томас Тухел го повикал во март 2026 година за пријателските натпревари против Уругвај и Јапонија, а тој на крајот се приклучил како голман за тренинзи за време на турнирот. Постоела и идеја тој да биде дел од составот од 26 играчи како специјалист за пенали, но од таа замисла на крајот се сепак се откажале. Сепак, неговите соиграчи се погрижиле тој – кој бил со тимот во текот на подготовките и на самиот турнир – сепак да го добие својот медал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитровски: Дијалогот со Бугарија треба да продолжи во духот на заемното почитување на праватаЗаменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски денеска учествуваше на петтото издание на Форумот „EU Meets the Balkans 5.0“, што се одржа во Софија. На почетокот Димитровски ја поздрави публиката во салата на Технолошкиот парк на бугарски јазик. Тој рече дека нема никакви инструкции од македонската Влада, во Бугарија нашите политички претставници и претставниците на другите институции да зборуваат на англиски јазик. -Можам да зборувам на мојот мајчин македонски јазик, можам и на бугарски кој го владеам, но важно е да се разбереме и важно е што ќе кажам. Во обраќањето, Димитровски ја истакна определбата на нашата земја за полноправно членство во Европската Унија и нагласи дека европската интеграција останува наша стратешка цел. „Иднината на земјата ја гледаме во Европската Унија. Нашата цел е полноправно членство, за што спроведуваме реформи и ќе продолжиме да работиме со реално возможна динамика“, истакна Димитровски. Тој нагласи дека европската интеграција на Западен Балкан не е само процес на проширување, туку и инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Димитровски посочи дека Македонија останува посветена на спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди, очекувајќи постигнатиот напредок соодветно да биде вреднуван во пристапниот процес. Во тој контекст, ја истакна и важноста на добрососедските односи и регионалната соработка за европската перспектива на регионот. Тој нагласи дека нашата земја се залага за нивно унапредување преку отворен и конструктивен дијалог и реализација на конкретни регионални проекти. Во однос на постепената интеграција, Димитровски истакна дека таа треба да обезбеди конкретни европски придобивки за граѓаните и да се одвива паралелно со процесот на целосна интеграција, со јасна перспектива за полноправно членство во Европската Унија. Осврнувајќи се на прашањето на човековите права, Димитровски нагласи дека земјите членки на ЕУ имаат различни пристапи кон ова прашање, но за нашата земја почитувањето на правата на сите заедници е јасна определба. Во тој контекст, посочи дека вклучувањето на Бугарите во Уставот не претставува проблем, што го потврдува и Акцискиот план за малцинствата, кој се однесува на сите етнички заедници во земјата, вклучително и на бугарската заедница. Истовремено, нагласи дека е потребно заемно почитување на европските стандарди, вклучително и на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Воедно, изрази очекување дијалогот со Бугарија да продолжи во наредниот период, во насока на надминување на отворените прашања и унапредување на заемното почитување на правата. На Форумот учествуваа високи претставници на Европската Унија и земјите од регионот, кои дискутираа на теми поврзани со европската интеграција на регионот, како и безбедноста и економскиот развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитева: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со жените од ЕППСилната соработка се гради со присуство, со размена на идеи и со заедничка визија.Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со EPP Women, како дел од нашето европско политичко семејство. Овие два дена учествувам на академијата „Да ја искористиме силата на жените“ во Атина, која претставува можност за споделување на искуства, воспоставување нови иницијативи за градење соработки, како и за отворена дискусија за актуелните предизвици со кои се соочува Европа. Упатувам искрени честитки до Mairead McGuinness за изборот за претседателка на организацијата на жени на европската народна партија. Нејзиното долгогодишно искуство и посветеност се значаен потенцијал за понатамошно зајакнување на организацијата. За нас ова е континуитет на долгогодишното партнерството што го градиме, со амбиција за уште поголема соработка, посилно поврзување и поголема видливост на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во европското политичко семејство. Продолжуваме заедно, со јасна европска перспектива и зајакната соработка. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНаучниците предупредуваат на опаѓање на стапките на вакцинација кај децата во ЕвропаСтапките на вакцинација кај децата во Европа стагнираат или опаѓаат во последните години, според нова студија што ги анализира податоците за вакцинацијата против седум болести во земјите на Европската Унија во периодот од 1980 до 2024 година.Од 2019 година, 16 земји забележале пад на опфатот со вакцинација за четири или повеќе од анализираните вакцини. Вакцинацијата се смета за една од најефикасните мерки во јавното здравство. Сепак, научниците предупредуваат дека колебањето во врска со вакцините и сомнежите во рамките на Европската Унија придонеле за намалување на опфатот и за повторна појава на болести што можат да се спречат со вакцинација. Стапките на вакцинација опаднале за сите седум анализирани вакцини во Бугарија, Кипар, Ирска, Холандија, Романија и Шведска. Германија и Шпанија забележале пад кај пет од седумте вакцини. Во Франција и Италија, стапките на вакцинација се зголемиле за четири вакцини, а опаднале за три. Најниска стапка на вакцинација во Романија Највисоки стапки на вакцинација се забележани во Луксембург и Португалија, каде што опфатот за сите седум анализирани вакцини достигнал најмалку 95 проценти. Најниска стапка е забележана во Романија, каде што таа паднала под 80 проценти. Научниците истакнуваат дека падот на стапките на вакцинација започнал во периодот помеѓу 2019 и 2022 година, што се совпаѓа со пандемијата на КОВИД-19 и периодот непосредно по неа. Како една од можните причини тие ги наведуваат прекините во рутинските програми за вакцинација на децата за време на пандемијата. Тие предупредуваат дека намалувањето на опфатот со вакцинација го зголемува ризикот од слабеење и на колективната и на индивидуалната заштита од заразни болести. „Потребни се меѓународни, национални и локални мерки за да се променат овие трендови“, заклучија научниците. Извор: Индекс.хрТагови: вакцинација деца Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter