Волонтери ќе ја чистат Македонија-Генералка викенд - Канал 5

Волонтери ќе ја чистат Македонија-Генералка викенд

Расфрлан отпад е видлив низ цела држава, а не се поштедени ниту културните наследства. Во очајна ситуација е и древниот водовод познат како Скопски Аквадукт.

Волонтери ќе ја чистат Македонија-Генералка викенд

Во околината на локалитетот може да се види дека граѓаните овде исфрлаат работите кои не им се потребни.

Во целиот свет луѓето се обидуваат да ги заштитат културните наследства, но не и кај нас. Еве како во моментот изгледа Скопскиот Аквадукт.

Сепак има и такви кои се борат да го сочуваат културното наследство. На 9-ти мај започнува тридневниот настан кој ќе биде посветен на еколошки акции на над 500 места ширум земјата, а ќе започне токму од Аквадуктот. Само кај локалитетот ќе има над 200 волонтери кои ќе бидат вклучени во чистењето.

-На Аквадуктот ќе бидат од 200 до 300 волонтери и ќе присуствуваат и високи функционери од јавните институции, меѓутоа паралелно останатите 20.000 граѓани ќе чистат во над 500 локации низ цела држава, вклучувајќи го и Скопје, бидејќи во Скопје освен Аквадуктот ќе се чистат уште над 100 локации.

Како што рече директорката на компанијата која го организира настанот, Гордана Софија се очекува поддршка на настанот да дадат поголем број државни функционери и општествени чинители, меѓу кои се наоѓаат неколку министри, градоначалници, претставници на Црвениот крст и австрискиот амбасадор Мартин Памер.

-Ќе има и неколку јавни личности коишто веќе со снимање видеа и повик до сите граѓани ја поддржаа акцијата. Претседателката Гордана Сиљановска ја очекуваме, меѓутоа, Здравко меѓу нас е потврдено 99 посто, ги чекаме уште тие 1 посто.

Иако го нема потврдено своето присуство на настанот, претседателката се огласи преку видео повик во кој вели дека постојано се зборува за зелени политики, а живее во сиво-црна реалност.

-Полесно е да живееме во хармонија со природата одошто да војуваме до смрт со неа. Крајно време е да трчаме маратон кон здрава животна средина, да засадиме дрвја на љубовта и цвеќиња на добрината, да склучиме примирје со природата, да и го вратиме украденото, да се грижиме за сопственото здравје, но и за здравјето на растителниот и животинскиот свет ако сакаме да имаме здрава иднина. Годинава од 9-11 мај сите општини ширум државата ќе се обединат во најголемата еколошка акција Генералка Викенд како доказ за национална одговорност и еколошка будност, --Сиљановска Давкова.

Компанијата традиционално организира вакви настани веќе петта година по ред, а досега имаат направено еколошки акции на повеќе локации низ државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година

 Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.

Приведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година

На 22.11.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле М.Б.(31) од с.Челопек, тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родители

Ѓорѓиевски денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“.

Ѓорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родители

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, што се одржа под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

- Осум децении во кои генерации воспитувачи и стручни работници со знаење, трпение и љубов им обезбедуваат сигурна и професионална грижа на децата без родители и без родителска грижа. Секое дете заслужува да расте со чувство дека припаѓа. Да има кому да му се довери кога нешто го мачи, кого прво да го израдува со добра вест и кој да му каже „Верувам во тебе“ токму кога му е најпотребно. На сите што низ годините сте биле таа поддршка за децата, од срце ви благодарам. По 80 години, вредноста на вашата работа најдобро се гледа во оние навидум мали, а за едно дете огромни моменти кога знае дека може да смета на вас. Наша одговорност е да им бидеме потпора и додека растат и кога ќе дојде време сами да го изберат својот пат. Нека е честит големиот јубилеј – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје, останува посветен, во соработка со надлежните институции, на тоа овие деца да ги имаат истите можности како и нивните врсници - да учат, да спортуваат, да го откријат својот талент и со самодоверба да зачекорат во самостоен живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Парното во Скопје повторно поскапува: Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?

Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење.

Парното во Скопје повторно поскапува:  Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?

Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. За фирмите и другите правни лица, пак, предвидено е зголемување за околу 13 проценти.

Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас. Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, а од регулаторната комисија велат дека конечните проценти ќе се знаат по одржувањето на редовна седница за барањата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер