Волк нападнал девојче во Холандија- градските власти со апел - Канал 5

Волк нападнал девојче во Холандија- градските власти со апел

Мало девојче било нападнато од животно додека се шетало во град во Холандија.

Волк нападнал девојче во Холандија- градските власти со апел

Се сомничи дека се работи за волк, кој претходно бил вклучен во два други инцидента, а властите издале предупредување до жителите и подготвуваат дозвола за пукање во животното.

Нападот се случил вчера наутро во провинцијата Утрехт додека девојчето се шетало со својот татко и баба во шумската област меѓу Аустерлиц и Цајст.

Според холандските медиуми, девојчето било нападнато од зад грб од животното.

„За среќа, претрпе само неколку гребаници. Се сомнева дека ја нападна волк“, изјави Вилберт Нијлант, управител на имотот на соседниот природен резерват Ден Трек.

Полицијата соопшти дека се работи за „големо животно, можеби волк или куче“, кое го турнало или го прегазило детето.

Во покраината постои сериозен сомнеж дека станува збор за истиот волк кој претходно бил вмешан во два други инциденти во Леусден, во близина на резерватот каде девојчето бешо нападнато.

Пред две недели мало девојче било каснато од волк додека била во природа со наставниците од интернатот на соседниот имот Ден Трек. Две недели пред тоа куче било нападнато од волк. Делови од имотот оттогаш се затворени.

Провинцијата Утрехт ги предупреди жителите да не одат во шума со деца. Ова предупредување се однесува на шумските области во Leusden, Vaudenberg, Zaist и Utrecht Heuvelrug. Во другите делови на Утрехт Хеувелруг, на луѓето им се советува да бидат многу внимателни по инцидентот.

За да се увери дека се работи за истиот волк, побарана е итна ДНК анализа.

„Под претпоставка дека се работи за волк, експертите за волк велат дека е покажано нетипично и вознемирувачко однесување. Затоа е одлучено да се изготви дозвола за отстрел. Побарана е поддршка и одобрение од Министерството за земјоделство, рибарство, безбедност на храна и природа“, се наведува во соопштението на провинцијата Утрехт.

Ако се утврди дека еден волк е одговорен за трите неодамнешни инциденти, покраината сака да аплицира за декларација за убивање.

Бред Пит возеше формула 1 болид

Холивудскиот актер Бред Пит, чиј нов филм за Формула 1 ќе има премиера следната недела, го оствари својот сон да вози болид од Формула 1 откако тестираше возило на Мекларен на патеката во Остин.

Бред Пит возеше формула 1 болид

Актуелниот светски шампион во конкуренција на конструктори Мекларен потврди денеска дека познатиот актер го возел моделот „Мекларен МЦЛ60“ произведен во 2023 година на патеката во Тексас во четвртокот.

Медиумите известуваат дека британскиот тим спроведувал приватен тест со редовниот возач на Формула 1, Ландо Норис, и возачот на Формула 2, Алекс Дан.

Тоа беше прв пат 61-годишниот Пит, кој го игра измислениот возач Сони Хејс во филмот „Формула 1„ на „Епл““, да вози вистински болид од Формула 1 на патека.

Автомобилите што се користеа во снимањето на филмот беа автомобили од Формула 2, модифицирани од Мерцедес за да изгледаат како вистински автомобили од Формула 1 што се натпреваруваат на гран- при трките.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој е копродуцент на филмот, рече дека Пит покажал вистинска брзина додека го тестирал автомобилот Ф2.

„Да се гледа како Бред вози со брзина поголема од 290 километри на час беше навистина импресивно бидејќи тоа не е нешто што може да се научи преку ноќ“, рече Хамилтон.

Синер во музички проект со Бочели

Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер учествуваше во најновиот музички проект на прославениот оперски пејач и негов сонародник Андреа Бочели.

Синер во музички проект со Бочели

Во песната насловена „Polvere e Gloria“ (Прашина и слава), Синер не пее, туку рецитира на англиски јазик делови од своите говори одржани по најголемите победи во неговата кариера.

„Ќе има многу први места во нашите животи, само треба да бидете свои“, рецитира актуелниот шампион на Австралија Опен и неодамнешен финалист на Ролан Гарос, додека во позадина свири емотивна лирска музика.

„Ми претставува чест и задоволство што сум дел од овој проект со Андреа. Никогаш не можев да замислам дека ќе го слушнам својот глас во една од неговите песни, тоа е силна емоција“, рече Синер, кој зад себе има 19 АТП трофеи, вклучувајќи и три грен слем титули.

Бочели, кој има продадено повеќе од 70 милиони албуми, го опиша овој проект како „ода на упорноста и благородноста на секојдневниот труд, кој секој неизвесен чекор го претвора во дел од нешто поголемо“.

Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест

Тренерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто, потпиша нов тригодишен договор, објави англискиот прволигаш.

Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест

Португалскиот стратег седна на клупата на Форест во 2023 година.

Во својата прва сезона, му обезбеди опстанок на клубот во Премиер лигата, а изминатата сезона го водеше тимот до седмото место и нивно прво учество во европските купови од сезоната 1995/96.

„Воодушевен сум што можам да го продолжиме нашето патување во овој фантастичен фудбалски клуб. Откако пристигнавме во Форест, работевме исклучително напорно за да создадеме посебна врска меѓу играчите, навивачите и сите во клубот, што ни помогна да постигнеме големи работи минатата сезона“, рече Санто. /МИА

притисни ентер