Волф по несреќите на последните трки: Ситуацијата за Мерцедес навистина се покажа тешка

Со ограничени буџети, ситуацијата за Мерцедес навистина се покажа тешка.

Извршниот директор на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф, го призна проблемот со недостигот на резервни делови за новите болиди. Истакна дека тимот може да има тешкотии на следната трка за Големата награда на Бразил доколку некој од пилотите повторно доживее несреќа.

Според Волф, Мерцедес беше силно погоден иле тешко погодени по хавариите во Монца, во Остин и во Мексико Сити.

- Со буџетските ограничувања, ситуацијата е навистина тешка. Овие три несреќи го доведоа Мерцедес во тешка положба. Несреќата во петокот во Мексико Сити беше многу сериозна. Моравме да се префрлиме на целосно нова шасија, што е огромен удар за тимот со оглед на ограничувањата на трошоците. Веројатно ќе мора некако да го намалиме бројот на нови делови што ги вградуваме на болидите. Така да, на сцената во Бразил ќе имаме два пакети за надградба, две нови долни каросерии, тоа е сè. Нема да има други резервни делови. Тимот мора да работи во рамките на одредени ограничувања во однос на бројот на резервни делови, а понекогаш мора да биде креативен во решавањето на проблемите, истакна Волф.

Во пресрет на трката во Бразил, пилотите на Мерцедес Луис Хамилтон и Џорџ Расел се наоѓаат на шестото, односно седмото место во поредокот на возачи во Ф1 шампионатот.

Хегсет избран за министер за одбрана на САД

 Пит Хегсет со тесно мнозинство е избран за министер за одбрана на САД. Педесет сенатори гласаа „за“, но ист толкав број гласаа „против“. Поради изедначениот резултат од гласањето, одлуката ја донесе потпретседателот Џеј-Ди Венс.

Сите демократски сенатори гласаа против кандидатурата на Хегсет, како и тројца републикански сенатори. Вторпат во историјата за кандидат за министерско место да се одлучува со гласање на потпретседателот. Првпат се случи во 2017 година кога Бетси ДеВос стана министерка за образование.

Хегсет (44), поранешен водител на „Фокс њуз“ и одликуван ветеран, ветува големи промени во Пентагон.

Откако беше објавена неговата кандидатура, критичарите ги доведуваат во прашање неговите квалификации за функцијата, укажаа на проблематичната природа на неговиот темперамент, како и неговите минати ставови за жените во борбените единици.

За време на процесот на одобрување за неговата кандидатура, се појавија низа обвинувања против Хегсет, како за семејно насилство, а е обвинет и за прекумерно консумирање алкохол и финансиско лошо управување во организациите на ветераните.

Тој вети дека ќе се воздржи од алкохол доколку биде избран за министер и призна грешки во финансиското управување, но негираше дека сторил нешто лошо.

Македонските ракометри против трофејната Франција по сензација за Мундијалско 1/4-финале

Машката репрезентација на Македонија вечерва во Вараждин против големиот фаворит за медал Франција ќе го одигра последниот натпревар во втората фаза на СП 2025.

По одличните игри и резулати на претходните пет средби, избраниците на Лазаров во последниот дуел од втората фаза влегуваат со теоретски шанси за пласман во големото мунијалско четврфинале.Но, играат натпревар кој не смееме да се загуби.

За место меѓу осумте најдобри на 29 Светски шампионат потребни ни се три големи работи: Триумф над Франција или реми но и резултати во наша корист на дуелите Холандија – Австрија односно Катар Унгарија.

*Ако ја победиме Франција, треба Холандија да ремизира или загуби од Австрија, а Унгарија да ремизира или загуби од Катар.

*Ако ние ремизираме со Франција, а Холандија и Унгарија загубат од Австрија и Катар, во тој случај че решава гол-разликата.

Инаку пред денешната програма Македонија е на делба на третата позиција со Холандија со по четири бода. На првото место со 8 бода и со обезбедено четвртфинале е Франција, пред Унгарците со пет.

Најстудено во Битола, Прилеп и Берово, најмногу снег на Попова Шапка

 Утринава најстудено во Битола, Прилеп и Берово каде е измерена минимална температура од - 4 степени, а најтопло во Крушево и Гевгелија, каде се измерени 3 степени целзиусови, информираат од УХМР.

Во Тетово и Струмица минималната температура изнесува - 2, во Скопје-Петровец и Кавадарци - 1, потоа во Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Претор, Велес, Штип, Демир Капија - 0 степени, додека во Крива Паланка, Охрид, Виница, Маврови Анови, Попова Шапка минималната температура изнесува 1 степен и во Куманово 2 степени целзиусови.

Најголема снежна покривка има на Попова Шапка - 40 сантиметри, потоа Маврови Анови - 31, Крушево - 15 и Битола - 10.

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

притисни ентер