Волф: Никој нема да го стигне Верстапен оваа година - Канал 5

Волф: Никој нема да го стигне Верстапен оваа година

Макс Верстапен уште еднаш успеа на доминантен начин да ја мине прв целта, овој пат на Јапонското ГП во Сузука. Неговите ривали сезонава немаат многу надеж дека нешто ќе се промени.

Волф: Никој нема да го стигне Верстапен оваа година

Холандскиот возач водеше од првиот круг, првиот свиок и целосно заслужи да слави во Јапонија, трета година по ред.

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, призна дека оваа сезона нема да има борба за титулата, туку дека борбата ќе биде само за „најдобрите од останатите“:

-Макс е незапирлив оваа година. Никој нема да го спречи. Начинот на кој вози, начинот на кој се грижи за гумите е фасцинантен. Годинава борбата ќе биде само за второто место, никој друг не размислува за титулата, изјави Волф.

Ова е трета победа за Верстапен во четири трки оваа сезона. Единствениот пат кога не славеше беше во Австралија, каде што не ја заврши трката поради проблеми со болидот.

Моментално е прв во генералниот поредок со 77 бодови, 13 повеќе од неговиот тимски колега, Серхио Перез. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Започнува реконструкција на улица Трифун Бузев

Општина Карпош започнува акција за санирање на дел од улицата Трифун Бузев во населбата Карпош 4.

Општина Карпош: Започнува  реконструкција на улица Трифун Бузев

Станува збор за поставување на нова асфалтна база на коловозот во должина од 112 метри, работа на долниот строј, како и замена на рабниците и бекатон плочките долж пешачката патека. Во таа насока ќе бидат реконструирани и двата паркинга кои се наоѓаат во непосредна близина на коловозот, со поединечна должина од 80 метри.

По тој повод, заменик – градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски беше на увид на градежните работи кои се одвиваат на оваа улица.

Целата оваа реконструкција ќе трае од 30 до 40 работни денови и ги замолувам граѓаните кои живеат на самата улица и во близина на истата да бидат трпеливи. Општината и во иднина ќе инвестира во модернизација и подобрување на инфраструктурната мрежа на целата територија на Карпош - истакна Крстевски.

Изведувач на градежните работи е фирмата „Филип Инженеринг ДООЕЛ“, а целосниот зафат чини 8.441.538 денари. Средствата ги обезбеди Владата на РМ, а во случајов Општина Карпош ја доби оваа финансиска поддршка, откако изработи проект и аплицираше со него на Јавниот повик кој го распиша Министерството за локална самоуправа.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Под влијание на топла воздушна маса до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло

Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

УХМР: Под влијание на топла воздушна маса до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло

Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Америка ја затвора вратата за позната автомобилска марка: Кина и Русија – стоп!

Причината е нова американска регулатива што го ограничува увозот и продажбата на возила чија технологија има врски со Кина или Русија.

Америка ја затвора вратата за позната автомобилска марка: Кина и Русија – стоп!

„Polestar“ објави дека повеќе нема да може да продава автомобили на американскиот пазар од моделската 2027 година. Причината е нова американска регулатива што го ограничува увозот и продажбата на возила чија технологија има врски со Кина или Русија.

Министерството за трговија на САД не ѝ одобрило на компанијата дозвола да продолжи со продажба на возила според новите правила. „Polestar“ е во сопственост на „Volvo“ и „Geely“, кинески автомобилски гигант кој контролира неколку глобални брендови.

За разлика од „Polestar“, „Volvo Cars“ доби дозвола да продолжи со продажба на своите возила во САД на крајот на мај.

Во исто време, „Ford Motor Company“ се обидува да обезбеди одобрение за моделот „Lincoln Nautilus“, кој се произведува во Кина.

„Polestar“ вели дека ќе продолжи да ги продава постојните залихи на „Polestar 3“ и „Polestar 4“ во САД, како и да одржува сервисна мрежа за постојните клиенти.

Компанијата истакнува дека американскиот пазар повеќе не е клучен за нејзиното работење, бидејќи 94 проценти од продажбата во првиот квартал од 2026 година била генерирана надвор од САД.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер