Вокалниот ансамбл „Ноктурно" од Белград на програмата на „Охридско лето" - Канал 5

Вокалниот ансамбл „Ноктурно" од Белград на програмата на „Охридско лето"

Во рамки на музичкиот дел од програмата на „Охридско лето" оваа вечер е резервирана за настапот на уметниците од Вокалниот ансамбл „Ноктурно" од Србија.

Вокалниот ансамбл „Ноктурно" од Белград на програмата на „Охридско лето"

Ансамблот „Ноктурно" е основан во 2005 година, составен од професионални уметници кои се постојани членови на хорот на операта на Народниот театар во Белград. Ансамблот настанал со желба на домашната и странската публика да им се понудат дела од различни жанрови. Во текот на петнаесетте години постоење, ансамблот настапува во различни формации – од мешовит до само женски или само машки состав.

Последните години „Ноктурно" остварува плодна соработка со диригентот Ѓорѓе Станковиќ и се профилира како машки ансамбл кој ја негува традиционалната и духовна музика од Србија и Балканот. Остваруваат бројни настапи на домашната, српска сцена, но и во странство во САД, Исланд, Хрватска, Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

На програмата на вечерашниот концерт во Предворјето на „Света Софија" се традиционални напеви, црковни и духовни песни прилагодени на хорска изведба. Почетокот на концертот е во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Птица – комарец – човек – како западно нилската треска доби епидемиски размери?

Птиците одсекогаш биле резервоар за болеста нилска треска, од која и заболуваат. 

Птица – комарец – човек – како западно нилската треска доби епидемиски размери?

Посебно од нилска треска се подложни грабливите птици, најчесто чавка и гаврани, објаснува специјалист по птици Методија Велевски од Македонското еколошко друштво. Она што посебно е важно е да се знае дека вирусот не минува од заразена птица на човек туку само посредник е комарцот.

„Потребни се комарци, за да практично преку крвта на овие болни птици го пренесат вирусот понатаму. Причина е повеќе опстојувањето на комарците во оние застојани води каде што се размоножуваат во голем број и веќе се чуствуваат последиците од климатските промени. Порано се размножуваат тигристите комарци и поуспешно ги поминуваат зимите и остануваат во летото каде се во контакт со луѓето“, објаснува за Канал 5, Методија Велевски оринтолог македонско еколошко друштво.

Велевски ги истражува птиците нивниот живот но и преселби во преспанскиот регион. Тој вели дека климатските промени не се иднина, тоа реалниот живот и причина за дел од птиците преселници кои се хранат со комарци остануваат на јужната хемисфера заради климатските промени и можно е во иднина комарците да се ги има во поголем број. Прскањето е можеби едно решение, но поважно е да се делува на места со застојана вода и чистење на каналите на време и едукација за заштита од комарци кај граѓаните.

„Некои птици посебно се тука ластовичките и пиштарките се природни регулатори на бројноста на комораците. Меѓутоа и многу други организми посебно виленските кончиња се одлични ловци на комарци и тие прскања се меч со две острици“, вели Велевски.

Од АХВ објаснуваат дека имаат стотини пријави за умрени птици од граѓани и апелираат да не се прави паника.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението

Дваесет и четиригодишник од Центар што планинарел и најверојатно е каснат од инфициран комарец со западно нилска треска на повисоките предели е најмладиот пациент задржан на лекување на Инфективната клиника со воспаление на мозокот.

Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението

Дваесет и четиригодишник од Центар што планинарел и најверојатно е каснат од инфициран комарец со западно нилска треска на повисоките предели е најмладиот пациент задржан на лекување на Инфективната клиника со воспаление на мозокот предизвикан од вирус. Кај него нема посериозни компликации како што има кај петмината пациенти кои се повозрасни и имаат придружни болести, а се приклучени на апарати за дишење. Здравствените власти велат дека само во последната недела регистрирани се 12 нови случаи на западно нилска треска. Од регистрираните 38 случаи, од кои во моментов 2 се водат како веројатни, 28 се машки, а 10 се женски, во просек на 67 годишна возраст, засега нема регистрирано заразени деца.

Додека во општина Петровец и Гази Баба, поточно жаришта каде што е прогласена епидемија на жителите кои имаат над 60 години веќе им стигнуваат СМС пораки со насоки како да се заштитат, од здравство тврдат дека освен Студеничани, сите општини прскале против комарци. Најмногу и најрано е прскано во Илинден, каде што досега има три случаи, а во Студеничани каде дезинсекција годинава не се ни спровела има 2. Клековски не гледа проблем во ефективноста на сретствата што се употребуваат.

Додека водените површини како езерцето во парк и Смилковското деновиве се таргет на прскање против комарци, Клековски упати и апел до сите општини да ги проверат хидрантите и да внимаваат на површините каде што може да има задржување на вода што може да придонесе за размножување на комарците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшна несреќа во Бразил: Најмалку 22 мртви

Најмалку 22 лица загинаа во судир помеѓу минибус и камион на автопат во бразилската држава Парана, соопшти денес Федералната сообраќајна полиција.

Страшна несреќа во Бразил: Најмалку 22 мртви

Уште пет лица се повредени во несреќата, која се случи рано утрово, објави „CNN“. Повеќето од загинатите биле патници во минибус кој припаѓал на здравствената служба на општината Имбитува.

Возачот на камионот, исто така, починал. Повредените се однесени во болниците во Понта Гроса. Минибусот патувал од Имбитува до болниците во пошироката област Куритиба, додека камионот патувал од Карамбеј до Прудентополис.

На местото на несреќата интервенирале членови на Федералната сообраќајна полиција, цивилната полиција, брзата помош, противпожарната служба и екипи од концесионерот Виа Араукарија, кој управува со делницата.

Фото: X

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер