По вчерашниот концерт , организиран од опозицијата со поддршка на милионерот Ричард Бренсон , границата на Венецуела кон Колумбија е затворена од војската. Во пресметката со жителите на пограничните места, тројца војници дезертирале.
Самопрогласениот претседател Хуан Гваидо се обврза дека ќе ја донесе хуманитарната помош , заглавена на границата со Колумбија , додека претседателот Николас Мадуро денеска спроведе целосно затворање на границата.
Командантот на оружените сили на Венецуела , Ремиѓо Себаљос на твитер напиша дека добил наредба лично од Мадуро војската да ја затвори границата , за како што напишал , да се обезбеди мирот и безбедноста на граѓаните.