СветВојската на Уганда уби 242 бунтовници во источно КонгоАрмијата на Уганда денеска соопшти дека убила 242 бунтовници на истокот на Демократска Република Конго за време на нејзините неодамнешни операции.Милицијата CODECO во провинцијата Итури ги нападнала единиците на Уганда во селото Фатаки, но била одбиена, објави војската. Еден војник од Уганда е убиен. Локалните извори потврдија дека имало борби, при што биле пронајдени бројни тела на мртви бунтовници во изминатите неколку дена. Армијата на Уганда е распоредена во областа во источно Конго за да го спречи ширењето на бунтовниците од Уганда АДФ кои бегаат од воена офанзива. Конгоанската милиција CODECO се здружи со исламистичката милиција од Уганда. Повеќе од 100 вооружени групи се борат за влијание во источниот дел на Конго богат со ресурси. Шумите служат и како засолниште за милициите од соседните држави. Провинцијата Итури се граничи со провинцијата Северен Киву, која во голема мера е преземена од милицијата М23 поддржана од Руанда. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПриведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаЈанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкцииКрајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции, само со неселективна одговорност можеме да изградиме општество во кое корупцијата не се премолчува и толерира.Нема ситуација во која СДС нема да се обиде да измисли, конструира и изврти нешто што нема никаква допирна точка со реалноста. Целосно ја поздравувам и ја поддржувам акцијата на надлежните институции за спречување на корупцијата, како и храброста и решителноста на граѓанинот кој го пријавил барањето за мито и соработувал со институциите за случајот да биде откриен и процесуиран. Само со таков однос, пријавување, постапување и неселективна одговорност можеме да изградиме општество во кое корупцијата нема да се премолчува и толерира. За вакви постапки мора да има нулта толеранција, без разлика кој е сторителот. Во однос на мене лично, сакам да бидам кристално јасен дека целосно се оградувам од постапувањето на приведеното лице. Неговото постапување нема никаква врска со мене, со мојата функција, со моето работење или со каква било моја одлука или постапка. Лицето е возач кој во минатото работел и кај други функционери, а на позицијата возач кај генерален секретар е само околу шест месеци. Неговото незаконско постапување е исклучиво негова лична одговорност и за стореното треба да одговара пред надлежните институции. И до сите оние кои мислат дека на ваков начин можат да дојдат до пари или дека ваквото работење може да им се исплати сакам недвосмислено да истакнам дека со оваа Влада, со институциите кои постапуваат и со моето работење како поединец, но и како дел од овој систем, криминалот нема да ви биде исплатлив. Нема да дозволам нечии незаконски постапки да го валкаат угледот на луѓето кои чесно, одговорно и деноноќно работат за резултати, ниту ќе дозволам со такви постапки да се фрла сенка врз работата што ја вложуваме секој ден. Токму затоа е крајно несериозно и политички бедно тоа што СДС повторно се обидува од конкретен случај да произведе политичка конструкција. Кај нив очигледно нема ситуација во која нема да се обидат да измислат „врска“, да извртуваат факти и да фрлаат клевети, само за да создадат политичка приказна таму каде што не постои. Но, конструкцијата им е целосно промашена. Нивниот проблем е што не можат да прифатат дека денес институциите постапуваат. Не можат да прифатат дека никој не смее да биде заштитен ако го прекршил законот. И токму затоа денес се обидуваат да ја претстават како проблем акцијата која всушност покажува дека системот функционира. Нема да дозволам нивните политички конструкции да ја сменат вистината. Корупцијата треба да се пријавува. Институциите треба да постапуваат. А секој што ќе го прекрши законот треба да одговара без оглед на функција, партија или близина со кој било функционер. Тоа е нашата позиција. А СДС, наместо да измислува приказни, нека се соочи со фактот дека времето на заштита од одговорност заврши, објави на ФБ генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИнфантино се кандидираше за четврт мандат на чело на ФИФА, нема противкандидати Џани Инфантино (56) повторно ќе се кандидира за претседател на ФИФА на изборите во март 2027 година. Светската фудбалска организација потврди дека Инфантино, кој е на чело на ФИФА од 2016 година, се бори за четврти мандат. Неговата одлука доаѓа по турбулентен период во кој се соочи со силен отпор поради планот за продажба на удели во натпреварувањата на ФИФА на приватни инвеститори. Во официјално соопштение, ФИФА ја цитираше најавата на Инфантино во април дека повторно ќе се кандидира. „Секако, ништо не се променило. Г-дин Инфантино ќе се кандидира“, рече ФИФА. Ова е прва официјална потврда за неговата намера по контроверзиите што следеа по Светското првенство ова лето. Конфликт со УЕФА Односите меѓу ФИФА и УЕФА се влошија во последните недели. ФИФА го обвини европското тело за „кампања за оцрнување на федерацијата и нејзиното раководство“ како одговор на правната постапка што ја покрена УЕФА. Минатата недела, УЕФА поднесе правни документи во САД барајќи пристап до докази и документи на ФИФА и предупреди дека може да поднесе кривични пријави во Швајцарија. Поради спорниот финансиски план, УЕФА претходно се закани дека ќе ги бојкотира сите натпреварувања на ФИФА, вклучително и Светското првенство. Иако европската организација се откажа од обидот да гласа за недоверба на Инфантино, тие се уверени дека можат да му спротивстават на друг кандидат. Гласањето за недоверба би барало промена во статутот на ФИФА, што бара поддршка од три четвртини од членовите, односно 159 гласови, па таквото сценарио во моментов не се смета за реално. Потрага по противкандидат Кандидатурата бара поддршка од најмалку 106 од 211 национални асоцијации, а апликациите се примаат до 18 ноември. Досега нема други официјални кандидати за претседател на ФИФА. Претседателот на КОНКАКАФ, Виктор Монтаљани, неофицијално се споменува како можен противник на Инфантино.Тагови: Инфантино ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсени се 17 возачи, 12 од нив возеле без дозвола Лишени од слобода 17 возачи за „безобѕирно управување возило“, 12 возеле без положен возачки испит.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 17 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од КЗ. Од нив, 12 управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.И.(31) од тетовско, 17- годишник и 16- годишник од Скопје, С.Ј. (35) од Виница, Д.Г.(29) од Скопје, Б.Ј.(33) од скопско, Б.И.(19) од скопско, К.Ј.(24) од Скопје, 17-годишник од кочанско, M.Ш. (44) од Скопје, М.М.(21) од Тетово и 16-годишна малолетничка од Виница. Исто така лишени се од слобода и Б.Б. (50) од струшко, Р.Д.(51) од Прилеп, Р.Ј. (56) од тетовско и А.Н. (39) од Прилеп, бидејќи возеле под дејство на алкохол. Од слобода е лишен и П.Р. (27) од Гостивар, затоа што управувал возило во спротивен правец на еднонасочна улица. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook