Војската на Шпанија од воздух фрли 26 тони помош за Појасот Газа (ВИДЕО) - Канал 5

Војската на Шпанија од воздух фрли 26 тони помош за Појасот Газа (ВИДЕО)

Шпанската војска денеска фрли 26 тони храна од авион во опколениот Појас Газа и побара од Израел да ја отвори копнената граница за помош.

Војската на Шпанија од воздух фрли 26 тони помош за Појасот Газа (ВИДЕО)

„Утрово беа фрлени 26 тони хуманитарна помош која се состои од над 11.000 оброци“, соопшти шпанското Министерство за надворешни работи.

Вчера два авиони полетаа од воената база во шпанскиот град Сарагоса и исфрлија пакети на територијата опколена од израелската армија.

„Шпанија инсистира на отворање на граничните премини бидејќи тоа е неопходна мерка за да се избегне гладот ​​во Појасот Газа“, порача Мадрид.

Шпанија вели дека влезот на помош по патишта е поефективен начин за справување со хуманитарната вонредна состојба, но поради „тешкотии на пристап“ се советува испорака на помош преку воздух, што го вршат земји како Франција, Германија и САД.

„Околу 1,1 милион луѓе во Газа се соочуваат со катастрофален недостиг на храна. Сегашната (воздушна) испорака на помош не е доволна за да се запре гладот ​​и да се обезбедат основните потреби како што се вода и хигиенски материјали“, се вели во соопштението.

Околу 32.000 Палестинци, од кои 70 отсто жени и деца, беа убиени во Појасот Газа по ескалацијата на конфликтот на 7 октомври, соопшти Шпанија. Ранети се 74.188 палестински цивили.

Овој месец Шпанија јавно даде поддршка за агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), на која ѝ плати 19,5 милиони евра од вкупно 50 милиони евра помош за Палестинците минатата година. Таа најави и испраќање дополнителни 23,5 милиони за образование на децата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банка

На денешната надзорна расправа за Алта банка, се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Мицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банка

На денешната надзорна расправа за Алта банка, се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој посочи дека една од суштинските цели на надзорната расправа треба да биде разграничувањето на надлежностите и одговорностите на институциите во државата, особено имајќи ја предвид уставно загарантираната самостојност на Народната банка.

„Пред македонската јавност да разјасниме суштински прашања од уставен правен и институционален аспект. Сметам дека една од основните цели на оваа надзорна расправа треба да биде прецизното разграничување на надлежностите и одговорностите на секоја институција во државата. Вие покрај тоа што се претседателка на Републиката сте и долгогодишен професор по уставно право и поранешен пратеник во ова Собрание“, рече Мицевски кон претседателката Сиљановска Давкова.

Пратеникот Мицевски, во рамки на надзорната расправа, побара од претседателката на државата, Сиљановска Давкова, јасно и прецизно да ги образложи своите уставни и законски надлежности во однос на темата за која се одржува расправата, со акцент на случајот со Алта банка.

Притоа, тој потсети на членот 60 од Уставот, кој ја гарантира самостојноста на Народната банка, како и на членот 5 од Законот за Народната банка, кој ја утврдува нејзината независност.

„Која е вашата конкретна надлежност согласно Уставот и законите во однос на темата за која што денес ја одржуваме оваа надзорна расправа имајќи предвид дека членот 60 од Уставот ја гарантира самостојноста на Народна банка, а членот 5 од Законот за Народна банка ја гарантира нејзината независност. Дали претседателот на Републиката има какви било законски надлежности во постапката за издавање на банкарски дозволи, давање согласност за стекнување на квалификувано учество во банка, вршење на банкарска супервизија или воведување на привремена администрација. Дали во конкретниот случај со Алта банка вие или вашиот кабинет сте биле вклучени во која било од овие постапки“, праша Мицевски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноска до Костовски: Дали имавте комуникација со тогашните владини функционери од СДС за Еуростандард банка?

Дафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во рамките на која се одржа продолжението на надзорната расправа на темата: „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола

Стојаноска до Костовски: Дали имавте комуникација со тогашните владини функционери од СДС за Еуростандард банка?

Дафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во рамките на која се одржа продолжението на надзорната расправа на темата: „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, постави прашање до Трифун Костовски во врска со механизмите за спасување на Еуростандард банка, како и дали тој остварил средби со тогашни владини функционери.

,,Во периодот пред затворањето на Еуростандард банка, дали лично остваривте средби или комуникација со тогашниот премиер Зоран Заев, тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска или пак со било кој друг висок државен функционер и што конкретно побаравте од нив, доколку имало некаква комуникација и дали евентуално нешто имаме доказ за тие разговори и преземените обврски?“, праша пратеничката Стојаноска.

Таа посочи дека Костовски во изминатиот период јавно го поддржал пристапот на Народната банка кон Алта банка, односно преземените мерки за нејзино стабилизирање и обидот за обезбедување нов сопственик: ,,Кои конкретни механизми за спасување на Еуростандард банка ги имаше на располагање во 2020 година Народна банка, а според вас не ги искористи и дали тогаш формално или официјално побаравте воведување администрација наместо од она што се случи одземање на дозволата за работа“.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Австралиска репортерка стана интернет сензација: „Дали има дозвола за тие мускули?“ (ВИДЕО)

Австралиската телевизиска репортерка Савана Бурк стана вирална по нејзиниот извештај за евакуација предизвикана од сомнителен пакет.

Австралиска репортерка стана интернет сензација: „Дали има дозвола за тие мускули?“ (ВИДЕО)

Сепак, вниманието на гледачите не го привлече самата вест, туку нејзините мускулести раце. Снимката од нејзиниот извештај се прошири на социјалните мрежи и собра милиони прегледи.

Вниманието на гледачите насочено кон нејзините мускули

Бурк, репортерка за австралиската мрежа „7News“, известуваше за безбедносен инцидент во градот Маручидор. За време на нејзиното јавување пред камерата, гледачите ги забележаа нејзините добро дефинирани мускули на рацете, а снимката брзо почна да кружи на интернет.

Наместо да дискутираат за самиот инцидент, многу луѓе на социјалните мрежи почнаа да зборуваат за нејзината физичка подготвеност.

„Директно од теретана пред камера“, „Мислам дека никој не слуша што зборува таа“, „Е, ова се вистински бицепси“, „Не слушнав ниту збор од тоа што го кажа“ и „Дали има дозвола за тие мускули?“ – ова се само дел од коментарите.

Околу илјада луѓе евакуирани поради сомнителен пакет

Инцидентот за кој известуваше Бурк се случи во вторникот, на 17 ноември, кога околу илјада луѓе беа евакуирани поради сомнителен пакет.

Полицијата го огради просторот околу улицата „Корнмил Парејд“ откако во локалната полициска станица пристигна сомнителен плик. Пакетот бил примен веднаш по пладне, а на лице место биле испратени пожарникари и специјализирани тимови за да проценат дали постои опасност. Увидот покажа дека пакетот не содржи експлозивни материи и не претставува опасност за јавноста.

Џеси Кармајкл, вршител на должноста командант на противпожарната станица, изјави за „7News“ дека службите за итни случаи мора секогаш сериозно да ги сфаќаат ваквите ситуации, без оглед на тоа дали на крајот навистина постои реална закана или не.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер