ЖивотВојникот кој го имал Хитлер на нишан – и не пукалКојзнае како би изгледала историјата на светот денеска, доколку Хенри Тенди во 1917 година донел друга одлука.Се до крајот на својот живот, Адолф Хитлер ги одржувал спомените за своето учество во Првата светска воја. А една од нив била и тоа дека пред самиот крај на војната, бил ранет на фронтот. Лутал обидувајќи се дојде до рововите во кој биле неговите соборци, кога налетал на британски војник кој го држел на нишан. Хитлер после изјавил дека британскиот војник кратко време се двоумел, а кога сфатил дека тогашниот 29 годишен германски војник нема никаква намера да го подигне своето оружје, му покажал да помине. Хитлер во знак на благодарност го поздравил и продолжил понатаму. Случката е историски факт, исто како што е факт и тоа дека Хитлер во војната бил неколку пати ранет, односно тоа дека доколку куршумите или шрапнелите завршеле неколку сантиметри во овој или оној правец, историјата би можела да биде толку драматично променета што денеска не би ги имале страшните спомени на Втората светска војна, холокаустот и ужасите со милионски жртви. Факт е и тоа дека Хитлер во 1937 година, здогледувајќи извесна фотографија на најодликуваниот британски војник од Првата светска војна, Хенри Тенди, заклучил дека војникот кој му го поштедил животот е токму Тенди. Тенди во моментот на ранувањето на Хитлер навистина бил на позициите околу местото на кое бил ранет Хитлер. Кога британскиот премиер Невил Чемберлен во 1937 година бил во посета на нацистичкиот канцелар за да го договорат Минхенскиот договор, после кои премиерот наивно поверувал дека со тоа апетитите на нацистите и фашистите засекогаш се запрени, Хитлер му ја раскажал оваа случка и наводно го замолил Чембрлен да му пренесе поздрав на Тенди. А Тенди е приказна за себе. Роден е 1891 година, како син на британски војни, дел од детството го поминал во сиропиталиште, за потоа кога станал полнолетен да замине во војска. Во војната бил прво ранет во Битката кај Ипрес, злогласна по употребата на боеви отрови, уште во 1914 година. Потоа ранет е во 1916 година во Битката на Сома, за во декември 1917 година повторно да биде ранет, но успеал брзо да се заздрави и повторно да замине на фронтот. Што се однесува до неговите подвизи, во август 1918 година, заедно со уште двајца соборци поминал од британските ровови до германскиот, кој успеал да го дигне во воздух во Битката кај Камбраја. Од таа акција се вратиле со 20 заробеници. Нешто слично повторил и еден месец подоцна во Хавинкорт. Кон крајот на септември, само неколку дена подоцна, заедно со уште неколку соборци со ползење преку “ничија земја“ заземал германски ров и тоа под непријателски оган. Ова се случило во близина на француското место Марсон, местото на кое се сеќава младиот Хитлер, кој подоцна ќе стане фирер. На Тенди ни тоа не му било доволно туку со своите луѓе го поправил импровизираниот мост, а потоа го пробил обрачот во кој се нашле дел од неговите луѓе со кои тргнал длабоко во непријателската територија. Во тоа време не постоело воено одличие кое Тенди не го добил. За последниот пробој го добил Викториниот крст, а како што тврдел Хитлер, во таа акција налетал и на самиот иден нацистички идеолог кој целиот свет ќе го однесе во нова глобална војна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багажДвегодишно дете накратко исчезна на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Израел откако се качило на лента за багаж и пешачело неколку метри до местото каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.Инцидентот се случил во четврток, кога семејство кое се подготвувало за лет за Ларнака, Кипар, се соочило со исчезнувањето на своето дете, објави денес Канал 12. Откако родителите не успеале да го пронајдат детето, ја известиле полицијата, која започнала потрага по исчезнатото дете на аеродромот. Двегодишното дете било пронајдено неколку минути подоцна на лента за багаж, каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони. Аеродромските власти соопштија дека детето е пронајдено неповредено и во добра состојба, откако пешачело само неколку метри на лентата. Во соопштението се наведува и дека детето не било под надзор на своите родители во времето на инцидентот. Израелските аеродромски власти започнале истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот, а според извештаите на медиумите, полицијата ја разгледува и можноста за покренување истрага. Извор: Б92Тагови: аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕОТоварен авион на „UPS“ и авион на „Copa Airlines“ се судрија на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во текот на ноќта, при што беа повредени две лица.Во судирот учествуваа „Boeing 767“ на „UPS“ и „Boeing 737“ на „Copa Airlines“, објави „CBS“. „Околу 21:15 часот, авион што пристигнуваше и се повлекуваше се судрија на раскрсницата на две писти“, вели Грег Чин, директор за комуникации на меѓународниот аеродром во Мајами. 🚨 JUST IN: First video of the damage following a tarmac collision between a UPS 767 and Copa Airlines 737 at Miami International Several injuries reported on the Copa 737 But thank God this wasn’t more severe 🙏🏻 https://t.co/dAootpX9Hm — Nick Sortor (@nicksortor) November 15, 2026 Чин вели дека противпожарната служба на Мајами им пружила помош на двајца пациенти на местото на настанот за полесни повреди и дека не им бил потребен медицински превоз, како и дека летовите биле пренасочени кон други писти, па судирот не влијаел врз работењето на аеродромот. Карго авионот на „UPS“ требало да полета од Мајами до Богота, Колумбија, а авионот на „Copa Airlines“ слетал од Панама Сити, Панама.Тагови: авион Мајами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕксплозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)На двата танкери избувнале експлозии и голем пожар.Два танкери за нафта се запалија откако наидоа на подводни мини во јужниот дел од Ормускиот теснец во текот на ноќта, соопштија поморските сили на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), велејќи дека бродовите се обиделе тајно да поминат низ неовластена рута. ИРГЦ во соопштението наведува дека танкерите претходно ги исклучиле своите системи за навигација и автоматска идентификација на бродови во обид да го сокријат своето движење низ Ормускиот теснец. Според Иранскиот корпус на револуционерна гарда, откако наидоа на морските мини, на двата танкери избувнаа експлозии и голем пожар. Во соопштението се додава дека уште два танкери за нафта, кои исто така се обиделе да поминат низ неовластена рута, дејствувале по предупредувањата од центарот за контрола на поморскиот сообраќај на ИРГЦ и се вратиле кон Персискиот Залив. 🚨🇮🇷 Another day, another oil tanker IN FLAMES in the Strait of Hormuz, with Iran's Revolutionary Guards releasing footage of the burning vessel. Tehran says the tanker was attempting to pass through the strategic waterway without authorization. Writer: Oliver https://t.co/wqbwoEpDXV — Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 14, 2026 Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook