Војнеска Зикова: Атлетиката е основа за развој на националниот спорт - Канал 5

Војнеска Зикова: Атлетиката е основа за развој на националниот спорт

 Претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска-Зикова смета дека основните училишта се вистински расадник на млади таленти, каде што децата имаат можност да го развиваат спортот,.

Војнеска Зикова: Атлетиката е основа за развој на националниот спорт

Претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска-Зикова смета дека основните училишта се вистински расадник на млади таленти, каде што децата имаат можност да го развиваат спортот, кој е од суштинско значење за националниот спортски развој. Според неа, атлетиката, како основа за сите спортови, игра клучна улога во овој процес. Таа вели дека секое дете треба најпрво да научи да трча и да скока, развивајќи техника и координација, пред да се насочи кон специфичен спорт.

Во интервјуто за МИА, Војнеска-Зикова вели дека кај нас се случува обратното.

-Кај нас се случува обратно. Кај нас детето оди прво на фудбал, на кошарка, и потоа не знае да трча и на 12 години ќе го вратат во атлетика каде што треба да најде кондиционен тренер или некој да го коригира, а тоа се веќе автоматизирани движења кои навистина се тешки да се коригираат, вели таа.

Дополнува дека не случајно системите на развиените земји се уредени на тој начин што базичните спортови, особено атлетиката, е посебен предмет во основното образование.

-Апсолутно дека тие деца не може само атлетика да тренираат, понатаму ќе си се дефинираат онаму каде што припаѓаат и имаат афинитети. Меѓутоа, мораме да допреме до основните школи, до локалната самоуправа, за на некој начин да ги извлечеме талентите од таму и успееме децата да ги научиме на основните движења. Значи, природните движења што им се за да може понатаму да бидат селектирани во секој спорт затоа што, сепак, атлетиката како мултидисциплинарен спорт е основа за развој на сите спортови, дополнува таа.

Војнеска-Зикова на чело на Атлетската федерација доаѓа во 2019 година, а претходно беше потпретседателка. Во интервјуто за МИА оценува дека изминатите години работите се поместени во Федерацијата. Посочува дека заедно се потрудиле да ги поместат границите и да го искористат целиот потенцијал. Ова вклучува активности како спортска дипломатија, едукација на тренери, промоција на спортот во државата и соработка со општините.

-Започнувањето на детската атлетика, зголемувањето на бројот на учесници, подигнувањето на самиот начин на организирање на националните првенства, соборувањето на државните рекорди коишто секако се показател за тоа што се работи во една Федерација, имплементирање на платформи и проекти коишто на некој начин ни се наметнати од самата Европска и Светска федерација. Сметам дека сето тоа делува за една поинаква слика за Атлетската федерација, вели таа.

Како најголем успех го издвојува влегувањето во водечките структури на Европската атлетска федерација, конкретно во Советот на Европската атлетска федерација, ситуација која што, како што посочува, никогаш претходно во годините на постоење на АФСМ, а тоа е повеќе од 75 години, се нема случено.

Сметам дека сме во блиска непосредна комуникација со Европската асоцијација. Апсолутно дека сето она што се случува таму гледаме да го имплементираме кај нас, не во таква форма затоа што секоја држава си има посебен начин и систем на дејствување, посебни проблеми. Не можеме нашите проблеми да ги споредиме со проблемите на другите држави, меѓутоа навистина се трудиме секоја една можност да ја искористиме. Се трудиме да направиме иновации во самиот спорт и она на крајот од денот што е најбитно да го зголемиме бројот на спортисти кои се инволвирани во атлетиката покрај оние рекреативци кои станаа многу актуелни во последно време и на некој начин ни го промовираат спортот, вели таа.

Според неа, основа се спортистите кои се натпреваруваат на стаза.

-Основата ни се младинците кои треба да го понесат товарот на идната репрезентација и сметам дека тука сме на добар пат со самиот факт што сега имаме репрезентативци како Дарио Јовановски, Дрита Ислами, Андријана Поп Арсова, Јован Стојовски кои навистина се созреани, кои се возрасни. Меѓутоа имаме после тоа и една прекрасна друга генерација која веќе руши рекорди на големо, која веќе исполнува норми за европските младински првенства и на која навистина можеме да се потпреме во периодот што следува доколку правилно работиме со нив, доколку ги поддржуваме, инвестираме во нив, им подадеме рака како што во суштина и треба да правиме затоа што наша обврска се клубовите и спортистите и верувам дека ќе продолжиме со ова темпо на дејствување, вели Арсова.

Преку членувањето во Европскиот атлетски совет, во Скопје по прв пат се одржа „Конвенцијата на Европската атлетска асоцијација“ и „Избор на најдобри атлетичари на Европа“. За Војнеска-Зикова, тоа е голема привилегија за нас како држава и како Федерација. Таа навестува дека кога ќе се создадат услови може да се дојде до момент на организирање на некое атлетско првенство.

-Кога ќе се создадат услови, вклучувајќи ја инфраструктурата, подигнувањето на нивото на резултатите на самата Федерација, убедена сум дека полека ќе стигнеме до момент на добивање на некое Европско првенство за младинци, за крос-кантри, некое Светско првенство. Тука не е во прв степен само стадионот, затоа што самата организација на големи натпревари има други услови, инфраструктура која што, за жал, ние во моментов ја немаме, а верувам дека наскоро ќе ја имаме затоа што во разговори со министерот неколку пати е нагласено дека стазата на Градскиот стадион е веќе со изминат сертификат, треба да се репарира и лиценцира. Доволно е покрај таа стаза, да се најде локација кoja што веќе ја имаме во соработка со Армијата, а тоа е Воениот стадион, за изградба на терен за загревање каде што спортистите би можеле да се загреваат, а сето тоа долгорочно гледано е во насока на создавање услови првенствено за нашите спортисти, а секундарно за апликации коишто можат да ни послужат за добивање за таков тип на натпревари. Во моментов можеби не сме биле подготвени, меѓутоа еден голем исчекор е Конвенцијата, вели таа.

Дополнува дека нашите човечки ресурси се способни да организираат настани на високо ниво и според неа, време е да направиме чекор напред и да конкурираме за нови типови на настани како крос натпревари и планинско трчање, користејќи ги природните убавини.

Што се однесува до домашната поддршка и најавите на министерот за спорт Борко Ристовски за инвестиции во спортската инфраструктура, таа посочи дека целта е атлетиката да стане подостапна за клубовите.

-Сметам дека во моментов актуелно е градењето на стаза во Гевгелија, стаза со димензии што можеби не се соодветни за организирање на натпревари, меѓутоа доволно е за тренажен процес. Мислам има и покрај Скопје, во Куманово, Охрид, Илинден, во Пробиштип. Целта е атлетиката да ја направиме што подостапна за клубовите. Значи, за спортистите треба стаза, треба препони, треба стартен блок. Има технички дисциплини, треба да облечат спортистите спринтерици коишто не можат да ги користат на трева или не можат да ги користат на асфалт. Сето тоа мислам дека е за мене еден многу добар старт, многу добар почеток. Ако успееме да допреме до локалните самоуправи, она што во суштина и се трудиме неколку години наназад да го направиме односно во секое помало населено место да се изгради тартан патека па макар таа да била во форма и на патека за рекреативци, меѓутоа доволна за спортистите да можат да го изработат тренажниот процес, мислам дека ќе биде идеално, вели таа.

На прашањето како тече рушењето на национални рекорди, претседателката на АФСМ истакна дека е горда на актуелната, како што рече „златна генерација“ која покажува дека имаме спортисти кои можат да бидат конкурентни на европско и светско ниво.

Самото освојување на медали од балканските првенства, самото исполнување на критериум за учество на Европско и на Светско првенство е показател дека ние повеќе не ја користиме вајлд картата, дека ние навистина имаме спортисти кои можат да бидат конкурентни. Со самиот факт на тоа што исполнуваат норма тоа е доволен показател какви потенцијали имаат спортистите и сметам дека навистина сме на еден добар пат, а работиме интензивно на поддршката на сениорите, меѓутоа ние сме свесни дека нормално времето на сениорите полека ќе истекува, сите се над 27-28 години, до 30-31 година. Таа генерација ќе треба да се заменува и ме радува што во таа генерација веќе се приклучуваат спортисти кои имаат по 17-18 години па на некој начин се конкурентни со резултати и на некој начин јас што велам, им дишат во врат на сениорите и можеме да очекуваме здрава и силна репрезентација од нив, нагласува Војнеска-Зикова.

За родовата еднаквост во атлетиката и спортот воопшто, потенцира дека е важно инволвирањето на жените во самите структури на федерациите и клубовите.

-Она што секогаш на некој начин го потенцирам, го форсирам е инволвирањето на жените во самите структури на федерациите, не конкретно на федерациите, туку на клубовите. Значи, клубовите се тие коишто ги предлагаат членовите било за Собрание, било за член за Извршен одбор, член за некоја комисија, било член за некоја си тренерска комисија, сето тоа произлегува од клубовите. Борбата на жените е на секое ниво. Значи, не е на ниво на претседател и сега тука ќе работиме само околу таа проблематика. Основата почнува од клубовите, основата почнува од секојдневните активности, потенцира таа.

Според Војнеска Зикова, проблемот со третманот на жените е глобален и бара промена на менталитетот. Таа вели дека е неопходно жените да се охрабруваат и да влегуваат во борбата без да се грижат како ќе бидат доживеани. Верува дека жените се подобро организирани и способни лидери, бидејќи секојдневно се справуваат со многу предизвици и дека затоа треба да бидат на вистинските позиции, бидејќи имаат искуство и знаење од спортот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија .

Зеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија и дека понатамошните одговори, односно целите за напади со долг дострел, веќе се утврдени.

„Благодарен сум на секоја единица за нивната прецизност и на сите наши одбранбени и безбедносни сили на Украина за систематската природа на украинските напади со долг дострел. Операцијата против руската индустрија за рафинирање на нафта продолжува, како одговор на руските напади врз украинските енергетски објекти“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

Зеленски додаде дека електраните, енергетските мрежи, снабдувањето со топлина, снабдувањето со вода и цивилната логистика на територијата на Украина се под постојани напади од руски беспилотни летала и ракети „Шахид“, и дека Русија не ја менува природата на своите агресивни активности и дека ги напуштила чекорите за деескалација за кои зборуваа партнерите и дека планира понатамошни напади.

Тој рече дека искуството од хуманитарната операција во градот Олешки, кој е под руска контрола, во југоисточна Украина, каде што кон крајот на октомври беше воспоставено локално примирје за неколку дена за хуманитарни активности, покажува дека ако рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ја запре војната, може да дојде до смирување.

„Украина не треба да биде убедена дека е потребен мир што е можно поскоро. Ние го сакаме тоа. Русија треба да одлучи дека времето за војна е завршено. Нашите напади со долг дострел, нашите напади со среден дострел, како и целиот притисок од партнерите врз Русија поради оваа војна, тоа е она што создава мотивација за вистински преговори“, нагласи Зеленски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран објави снимка на воените тунели (ВИДЕО)

Државните медиуми на Иран објавија снимки за кои тврдат дека ги прикажуваат подземните тунели на морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на југот од земјата. 

Иран објави снимка на воените тунели (ВИДЕО)

Камиони со лансери и ракетни тенкови може да се видат во ходниците. Ирански извори наведуваат дека во комплексот се складирани противбродски ракети и моторни чамци.

Снимката, исто така, го прикажува Абдолах Хаџи-Садеги, претставникот на иранскиот врховен лидер во ИРГЦ, како го обиколува комплексот со воени претставници. Лансирање ракета беше прикажано во посебни кадри, но не е потврдено дека овие сцени се снимени за време на обиколката.

Точната локација на тунелот и датумот на снимањето не се независно потврдени.

Видеото објавено по американските напади

Видеото е објавено еден ден откако САД извршија ограничени напади на иранскиот остров Кешм во Ормутскиот теснец. Американски функционер ги опиша како одбранбени напади и рече дека тие не значат враќање на големи борбени операции против Иран.

Не е потврдено дека објавувањето на снимките е поврзано со нападите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон

Федералната судијка на САД, Тања Чуткан, издаде привремена забрана за изградба на Триумфалната капија на претседателот Доналд Трамп во областа на Вашингтон.

Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон

Федералната судијка на САД, Тања Чуткан, издаде привремена забрана за изградба на Триумфалната капија на претседателот Доналд Трамп во областа на Вашингтон, кратко откако комисија за планирање предводена од членови на Комисијата за планирање на Трамп ја одобри нејзината изградба.

Привремената забрана ѝ забранува на администрацијата да „започне, изврши или на друг начин да изврши каква било изградба, ископ или други чекори“ во проектот Триумфална капија во период од 14 дена, објави NBC News.

Наредбата на судијата дојде еден час откако Националната комисија за планирање на капиталот го одобри огромниот и контроверзен проект за лакови, кој ќе биде сместен во Меморијалниот круг помеѓу Споменикот на Линколн и Националните гробишта Арлингтон.

Дистриктот Колумбија и американската држава Вирџинија поднесоа тужба со која бараат привремена забрана за Триумфалната капија.

Демократскиот конгресмен Дон Бејер од Вирџинија ја поздрави пресудата и го обвини Трамп дека се обидува да ги заобиколи законските пречки.

„Оваа борба не е завршена. Иако оваа одлука го спречува Доналд Трамп веднаш да ги спроведе своите планови за создавање споменик на неговото его, судовите и Конгресот мора да воспостават трајни заштитни мерки за да ја спречат администрацијата на Трамп да го прекрши законот и да продолжи со овој проект“, се вели во соопштението на Баер.

Администрацијата на Трамп ја пофали одлуката на комисијата да ја одобри Триумфалната капија и ја критикуваше пресудата со која беше блокирана.

„Белата куќа ја поздравува одлуката на Националната комисија за планирање на капиталот целосно да ја одобри историската визија на претседателот Трамп за многу потребната Триумфална капија во Вашингтон. Активистичкиот Окружен суд потоа го блокираше проектот“, изјави портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, во соопштението на платформата X.

Тој рече дека администрацијата е уверена дека барањата за Триумфалната капија ќе бидат „целосно оправдани додека продолжува овој судски спор“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер