Војната во Блискиот Исток засега не влијае врз работата на странските компании во земјава - Канал 5

Војната во Блискиот Исток засега не влијае врз работата на странските компании во земјава

Поскапениот транспорт и потешката достапност до суровини и репроматеријали поради војната на Блискиот Исток веќе се чувствуваат во индустријата, вели првиот човек на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо. 

Војната во Блискиот Исток засега не влијае врз работата на странските компании во земјава

Засега нема директни сигнали за намалување на нарачките низ компаниите, но ситуацијата е неизвесна и тешко е да се процени како ќе се развива. Во меѓувреме, трошоците за логистика растат, а контејнерскиот транспорт е поскапен за околу 65 проценти. Дополнителен ризик се најавените блокади на транспортерите и прашањето кој ќе го преземе товарот од зголемените трошоци – компаниите или клиентите, имајќи предвид дека најголем дел од домашното производството е наменето за извоз.

- Драстично намалување на нарачките се уште не постои, бидејки постои една несигурност и сите чекаат да видат што ќе се случи. Кој ќе прогласи победа, што значи победа и кој како ќе ја дефинира истата за да видиме како ќе влијае кон сите нас, така да ситуацијата е флуидна. - Виктор Мизо – директор на Агенција за странски инвестиции

Истражување меѓу странските инвеститори, направено пред почетокот на конфликтот, покажува дека тие и претходно се соочувале со предизвици. Како најголем проблем го издвојуваат недостатокот на работна сила – 89% од компаниите тешко наоѓаат кадар, од оператори до инженери. Околу 80% укажуваат и на потешкотии во процесот на добивање државна помош, па бараат воведување на „one stop shop“ систем за решавање на административните процедури на едно место.

- Во пелагонискиот регион, а најверојатно така ќе биде и во другите региони, бројот на луѓе кои што се меѓу 61 и 65 години е за малку поголем од луѓето меѓу 24 и 29 години. Луѓето што ќе одат во пензија се во поголем број од луѓето што би барале работа. - Георги Тренковски комерцијален директор на „Кромберг и Шуберт“

- Кај нас обично кога ќе се обратите до некоја институција таму се решава проблемот, па ве префрлаат е сега за другото кај друг, премногу се разводенува и можеби ние полесно ќе се справиме, но тоа да го објасните на некои странци малку е потешко. - Сашко Наков – генерален директор на „Амнефол“ – Кочани

И покрај предизвиците, 55% од компаниите би реинвестирале во земјава, главно поради ниските трошоци за производство, деловната клима и продуктивноста на работниците. Анкетата е спроведена од средината на јануари до почетокот на февруари меѓу 47 компании со странски капитал кои вработуваат над 40 илјади луѓе и имаат инвестиции од над 6 милијарди евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„WhatsApp“ воведува нова функција – контролирајте кој може да го види вашиот телефонски број

Во јуни, „WhatsApp“ воведе функција за корисничко име, а сега продолжува со дополнителни опции за контрола на приватноста.

„WhatsApp“ воведува нова функција – контролирајте кој може да го види вашиот телефонски број

„WhatsApp“ ја лансираше функцијата за корисничко име со фокус на приватноста, овозможувајќи им на корисниците да комуницираат меѓусебно без да мораат да ги знаат телефонските броеви едни на други.

Надоврзувајќи се на ова, платформата сега тестира функција која им дава на корисниците попрецизна контрола врз видливоста на нивните телефонски броеви, пренесува „GSMArena“.

Оваа информација доаѓа од порталот „WABetaInfo“, кој забележа дека функцијата моментално е во фаза на развој во бета-верзијата на апликацијата „WhatsApp“ за „Android“ (верзија 2.26.45.1).

Според порталот, новата функција за приватност на телефонските броеви нуди четири опции: „Сите“, „Мои контакти“, „Мои контакти, освен...“ и „Никој“.

Овие опции им овозможуваат на корисниците да одлучат кој може да ги гледа нивните телефонски броеви за време на повици и во разговори.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест лица уапсени по пукањето во Краков: Го величале напаѓачот

Шест лица се приведени по масовното пукање на Главниот плоштад во Краков. Меѓу приведените има пет полски државјани и еден државјанин на Украина, соопшти полското Министерство за внатрешни работи.

Шест лица уапсени по пукањето во Краков: Го величале напаѓачот

Според портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Каролина Галецка, апсењата уследиле по откривањето на содржини на интернет кои би можеле да укажуваат на закана за други лица.

Полицијата истражува можни „имитатори“ на напаѓачот, кој усмрти шест лица.

По нападот што се случи во саботата во центарот на Краков, органите на редот спроведуваат операции низ целата земја.

Централното биро за борба против сајбер-криминалот приведе шест лица на возраст меѓу 15 и 36 години.

„По нападот во Краков, Централното биро за борба против сајбер-криминалот и полицијата остануваат крајно будни во однос на можни имитатори“, нагласи Галецка.

Портпаролката објасни дека полициските службеници, меѓу другото, анализирале објави во кои се величало злосторството извршено во Краков од страна на Михал Оксињски.

Полицијата следи не само јавно достапни содржини на социјалните мрежи, туку и информации што се појавуваат на „darknet“ – дел од интернетот достапен само преку специјализиран софтвер.

Според Централното биро за борба против сајбер-криминалот, приведените признале дека објавувале лажни информации. Некои од нив своите постапки ги оправдале тврдејќи дека „само се шегувале“, додека властите допрва треба да утврдат дали приведените планирале нов напад, пренесе „Newsmax Polska“.

Лажни вести се шират по пукањето

По нападот во Краков, интернетот беше преплавен со лажни вести. Полицијата предупреди дека некои од лицата кои стојат зад овие објави се обиделе да ги искористат драматичните настани за да стекнат популарност на социјалните мрежи.

Заменик-премиерот Кшиштоф Гавковски изјави дека лажни информации за нападот почнале да кружат само неколку минути по инцидентот.

Гавковски додаде дека надлежните органи утврдиле вмешаност на руски ботови и тролови во ширењето на лажни информации поврзани со нападот.

На 7 ноември, напаѓачот – 24-годишниот Михал Оксињски – со автомобил влегол на Главниот плоштад во Краков и почнал да пука кон случајни минувачи. Шест лица загинаа, додека 15 повредени се задржани во болница – меѓу нив и двајца полицајци, од кои едниот, според информациите, е во тешка состојба.

Во домот на напаѓачот беа пронајдени уште три тела, за кои се верува дека се на неговите родители и сестра.

Напаѓачот беше ранет за време на полициска интервенција и почина рано утринава во болница во Краков. Истрагата за нападот продолжува, и покрај смртта на сторителот.

Обвинителството ги одзеде неговите телефони и електронска опрема. Меѓу другото, во моментов се испитуваат и мотивите на напаѓачот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Истрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците.

Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година.

Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата.

Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата.

Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер