Воената академија во Скопје ќе добие спортска сала, покрај питомците ќе ја користат и локалните училишта во општина Аеродром - Канал 5

Воената академија во Скопје ќе добие спортска сала, покрај питомците ќе ја користат и локалните училишта во општина Аеродром

 Камен - темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје беше поставен денеска во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, како и министрите за одбрана и спорт, Владо Мисајловски и Борко Ристовски.

Воената академија во Скопје ќе добие спортска сала, покрај питомците ќе ја користат и локалните училишта во општина Аеродром

Како што беше појаснето на настанот, инвеститор на овој проект е Министерството за спорт, а вредноста изнесува 64.780.000 денари. Предвидено е новата сала да биде со димензии 45x30 метри, со стандарден терен за ракомет, кошарка и одбојка, трибина со капацитет за 400 гледачи, соблекувални и дополнителен подтрибински простор. По завршувањето на инвестицијата, спортската сала ќе биде дадена на трајно користење на Министерството за одбрана, за тренинг на питомците на Воената академија, но, ќе биле обезбедени термини и за учениците и жителите на општина Аеродром.

Задоволство од реализацијата на проектот изрази премиерот Мицкоски.

- За две години е даден рокот да се изгради, министерот за спорт е оптимист дека догодина ова време можеме да ја отвориме. Да видиме дали ќе успееме да го мотивираме изведувачот да работи така брзо и да ја стави во употреба оваа спортска сала, рече премиерот во изјава за медиуми.

Министерот Мисајловски потенцира дека е ова прв објект кој се гради во рамки на Воената академија после 30 години, и како резултат на соработката помеѓу министерствата за одбрана и за спорт.

-Сакам да нагласам дека по 30 години тука во Воената академија се започнува со нов објект. Триесет години постоење - еден нов објект навистина ќе значи и за питомците и за студентите, но и за целата Армија. Не застануваме тука, ќе продолжиме и со многу други проекти. Овој проект доаѓа директно од Министерството за спорт и навистина - одлична соработка, благодарен сум. Потпишавме меморандум за соработка и еве може да видиме дека почнува да се остварува овој проект, рече министерот Мисајловски во изјава за медиуми.

Тој додаде и дека на последната владина седница поминало и реконструкција, односно проект за Домот на АРМ и хотелот „Шар“ на Попова Шапка.

Министерот Ристовски рече дека оваа сала нема да ја користат само спортисти, туку ќе ја користат и питомците од Воената академија, ќе ја користат и локалните училишта во општина Аеродром, ќе ја користат и сите оние деца кои ќе изразат желба да се рекреираат, професионално да се занимаваат, спортски клубови и така натаму.

- Ова е една повеќенаменска инвестиција на Министерството за спорт што ја изведовме во соработка со Министерството за одбрана, истакна Ристовски во изјава за медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“.

Успех во сенка на неуспехот

Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот.

Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“.

„SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот.

НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер