Воена парада во Солун по повод националниот празник на Грција - Канал 5

Воена парада во Солун по повод националниот празник на Грција

На воената парада учествуваа припадници на армијата, пешадиски тимови, оклопни возила и сл, а од воздух прелетуваа авионите Рафал, кои Грција ги купи од Франција, Ф-16, Ф-4, воени хеликоптери, но и легендарниот авион Спитфајр.

Воена парада во Солун по повод националниот празник на Грција

Во присуство на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, министерот за одбрана, претставници на локалната власт и на партиите, како и илјадници граѓани, во Солун се одржа традиционалната воена парада по повод националниот празник, денот „Охи“ (Не), односно негативниот одговор на Грција на ултиматумот од Италија во 1940 година, јави дописничката на МИА од Атина.

На воената парада учествуваа припадници на армијата, пешадиски тимови, оклопни возила и сл, а од воздух прелетуваа авионите Рафал, кои Грција ги купи од Франција, Ф-16, Ф-4, воени хеликоптери, но и легендарниот авион Спитфајр.

Особено впечатливи беа маневрите на пилотот на Ф-16 на крајот од парадата, кој воедно испрати и порака до Грците за националниот празник.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и министерот за одбрана Никос Дендиас, по завршувањето на парадата истакнаа дека Грција е фактор и столб на стабилност во поширокиот регион.

Сакеларопулу рече дека во „турбулентното меѓународно опкружување во кое живееме, Грција ќе продолжи да ги истакнува своите национални права и ќе остане столб на стабилноста и мирот во поширокиот регион“.

Дендиас порача дека „Грција ќе продолжи да ги брани своите права и да биде фактор на мир и стабилност на Балканот, Источниот Медитеран и поширокиот регион“.

Како и секоја година, така и сега, во Атина и во останатите грчки градови се одржаа паради на учениците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Абази пред заминување го заокружи своето работење за СДС и ДУИ и го спаси Филипче

Абази пред заминување го заокружи своето работење за СДС и ДУИ и го спаси Филипче од одговорност за случајот со модуларната болница во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Абази пред заминување го заокружи своето работење за СДС и ДУИ и го спаси Филипче

Модуларните болници беа поставени низ државата за време на ковид пандемијата како „урбана опрема“. За да биде возможно болница да спаѓа во категоријата „урбана опрема“, тогашната влада на СДС и ДУИ го смени Законот за градење по итна постапка, со што се овозможи Министерството за здравство да дава одобренија за нивно поставување.

За време на ковид кризата, Венко Филипче беше министер за здравство, а болниците биле набавени како стоки, кои не можеле да бидат користени како објекти за здравствена дејност. Техничката спецификација, пак, била изготвена од лице назначено директно од Венко Филипче.

Светска банка барала одобренија за поставување и употреба на модуларните болници, како и извод од Катастар, со цел да се покаже одржливоста на проектот. Но, одобрение не можела да издаде ниту општината, ниту Министерството за транспорт и врски, затоа што процедурата не била запазена.

Катастар одбивал да врши упис на болниците, затоа што тие биле набавени како стоки и немало извештај од надзор, согласно член 74 од Законот за градење, кој бил потребен за нивно запишување.

Во случајот со модуларната болница во Тетово, каде животите ги загубија 14 лица за неполни две минути, Артан Етеми, тогашен економски директор на болницата, бил против поставувањето на ваков тип објект затоа што немало приклучоци, немало никаков надзор, а немале ниту достапни средства за да ги платат приклучоците.

Но, Венко Филипче сепак одлучил модуларните болници да бидат пуштени во употреба.

Токму поради ова, обвинетите кажаа дека Венко Филипче треба да седи на обвинителната клупа заедно со нив.

Предметот за овој настан, кој се случи на 8 септември 2021 година, а за кој беше оформен предмет на 10 септември истата година, долго време стоеше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, за на крај Ислам Абази да го спаси Филипче од одговорност.

Ова не е прв случај во кој Ислам Абази работи во интерес на Заев, Филипче и Ахмети, а сега, пред заминување, си ја доработува задачата за која беше поставен во време на СДС. Тој не го прогласи Филипче за виновен.

Во меѓувреме, Венко Филипче во своите јавни настапи повторно се навраќа на своите скандали и се обидува пред јавноста да продаде приказна за своите „успеси“ како министер за здравство.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Табановце за влез и излез се чека околу 40 минути, на Богородица за излез околу 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На Табановце за влез и излез се чека околу 40 минути, на Богородица за излез околу 30 минути

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин ГП Табановце за влез и излез од државата времето на чекање е околу 40 минути, на ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни:

петок од 17:00 – 22:00 часот,

сабота од 09:00 до 18:00 часот и

недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

петок од 15:00 – 22:00 часот,

сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.

Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и многу топло, попладне услови за пороен дожд

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Денес сончево и многу топло, попладне услови за пороен дожд

Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер