Пет лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно осум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
1Пет лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно осум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
2Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
БалканВодостојот на Дунав на рекордно ниско ниво, во Србија се појавија нацистички бродови (ВИДЕО)Најлошата суша во Европа во изминатите години ја остави моќната река Дунав на најниско ниво досега во овој век.Се појавија остатоци на десетици германски воени бродови, натоварени со експлозиви кои биле потопени во Втората светска војна во близина на српскиот пристанишен град Прахово. Црноморската флота на нацистичка Германија потопила стотици бродови долж Дунав во 1944 година додека се повлекувале од советските сили, а овие бродови сè уште го нарушуваат речниот сообраќај за време на ниското ниво на вода. Сепак, овогодинешната суша, за која научниците тврдат дека е последица на глобалното затоплување, откри повеќе од дваесет трупови на еден дел од Дунав кај Прахово во источна Србија, од кои многу сè уште содржат тони муниција и експлозиви и претставуваат опасност за пловидбата. „Германската флота зад себе остави голема еколошка катастрофа која ни се заканува нас, жителите на Прахово“, вели Велимир Трајиловиќ, пензионер од Прахово кој напишал книга за германските бродови. Работниците во локалната рибарска индустрија се исто така изложени на ризик, вклучително и оние од Романија. Месечните суши и рекордно високите температури, исто така, го попречија речниот сообраќај на виталните артерии во другите делови на Европа, вклучително и Германија, Италија и Франција. Во Србија властите прибегнаа кон багери за да ги одржат отворени водните патишта на Дунав. Во близина на Прахово, поради труповите на некои бродови, водниот пат на Дунав е стеснет од 180 на само 100 метри. Расфрлани низ коритото на реката, некои бродови сè уште имаат оклопни одбранбени оружја, оклопни мостови, скршени јарболи и искривени трупови, додека други лежат по песочните насипи. Во март, српската влада објави повик за спасување на труповите и отстранување на муницијата и експлозивите. Цената на операцијата била проценета на 29 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПет лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно осум пријави за семејно насилство во последното деноноќиеНа 30.06.2026 во 21:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода З.Д.(38) од Прилеп бидејќи упатувал закани кон неговиот татко. Според пријавеното, додека се заканувал, си нанел и повреда со стаклен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 30.06.2026 во 20:10 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Ф.А. (28) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во 19:25 часот, физички ги нападнал неговата снаа и неговиот брат. По целосно документирање на случајот, против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава. На 01.07.2026 во 01:15 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена пријави дека на 21.06.2026 во семејниот дом на подрачјето на Карпош, била физички нападната од нејзиниот сопруг Ц.С.(45), додека на 30.06.2026 се обидел да ја избрка од домот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 01.07.2026 околу 03:40 часот во СВР Скопје 22-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот партнер Н.М.(32). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 30.06.2026 во 19:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Н.(68), по претходна пријава дека во домот упатил закани кон неговиот 40-годишен син и неговото семејство, при што со тврд предмет се обидел да го нападне неговиот малолетен внук. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 30.06.2026 во 16:50 часот во Полициската станица Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Ј.Ф.(27) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 62-годишен татко. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 30.06.2026 во 15:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.В.(59) од Струмица, постапувајќи по пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата сопруга и кон мајката на сопругата. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 30.06.2026 во 19:30 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 22-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:00 часот во село Банско физички нападнал 26-годишна девојка, со која бил во љубовна врска. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе урна Цесна во Велика Британија: Двајца загинааДве лица загинаа откако лесен авион се урна на поле во Есекс, соопшти британската полиција.Двоседниот авион Цесна се урна вчера попладне, кратко по полетувањето од аеродромот Норт Вилд на планирано „кратко патување“, објави Скај њуз. Via Bluesky: Two dead after plane crashed during flight experience #Essexhttps://t.co/fzFEE3LR4K — ESSEX (@DailyESSEX) July 1, 2026 Идентитетите на жртвите сè уште не се објавени. Two dead after plane crash in Essex during 'short flight experience'https://t.co/LMntcgYJ6R https://t.co/LMntcgYJ6R — The Daily Record (@Daily_Record) July 1, 2026 Тагови: Велика Британија Цесна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВласта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик 15:00Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаЃорѓиевски: Поради силното невреме, кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на теренГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека поради силното невреме, кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен.„Почитувани граѓани, Поради силното невреме кое во текот на денешниот ден го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција. 🫡 Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции. Сите капацитети се ставени во функција, со една цел навремена заштита на граѓаните и спречување на поголеми последици. Екипите на Град Скопје ќе бидат на располагање во текот на целата ноќ и ќе интервенираат секаде каде што ќе биде потребно. Не можеме да го запреме невремето, но можеме организирано, одговорно и заеднички да спречиме поголеми штети. Ги повикувам граѓаните на внимателност, смиреност и соработка со надлежните служби. Службите се на терен. ♥️ Граѓаните не се сами.“- соопшти скопскиот градоначалник.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook