Водителка на временска прогноза беше критикувана дека се облекува како проститутка! - Канал 5

Водителка на временска прогноза беше критикувана дека се облекува како проститутка!

Џинџер Зи се соочи со недолични непримерни коментари на социјалните мрежи, откако еден корисник на Твитер ѝ напиша дека изгледа и се облекува како проститутка.

Водителка на временска прогноза беше критикувана дека се облекува како проститутка!

Многу жени секојдневно се изложени на бесмислени критики и грди коментари, особено кога работат на телевизија, а тоа на своја кожа го почувствува една позната водителка на временска прогноза во емисијата „Добро утро Америко“.

Џинџер Зи се соочи со недолични непримерни коментари на социјалните мрежи, откако еден корисник на Твитер ѝ напиша дека изгледа и се облекува како проститутка.

– Џинџер Зи, се облекува и позира како пензионирана стриптизерка која станала шетачка – напишала личноста која се претставува како „Лајонс“ на Твитер.

Сепак, на овој навредлив „твит“ водителката возврати со насмевка.

- Ми недостигаа овие остри критики на Твитер во последно време. Ви благодарам што ме насмеавте, напиша таа, а потоа објави серија фотографии на кои се гледа како всушност таа изгледа пред камерите.

- Сега кога ја измисливте оваа приказна, може ли да ми кажете кога дојдов на ред да излезам меѓу проститутките? И како влегов во студиото „GMA“? - ја прашува таа неименуваната личност и додава:

- Ако ова го носи стриптизета која станала проститутка... тогаш веќе немам коментар и немам врска со тоа - нагласила Џинџер.

Водителката освен пишаниот одговор, сподели уште една фотографија на која позира во студиото во црно-бело карирано здолниште до колена, бела кошула, црн џемпер и исти такви салонки.

Зи доби поддршка од јавноста и многумина се согласија дека таа секогаш изгледа елегантно и убаво, и дека веројатно многумина се во заблуда оти морала да работи којзнае што за да се вработи на телевизија. Некои од корисниците го поддржаа нејзиниот груб однос кон „троловите“, посочувајќи дека тоа е повеќе од оправдано. Џинџер на сите им одговори дека таквите ситуации ја забавуваат, дека не ја нервираат.

Инаку, ова не е првпат познатата водителка да се соочува со злонамерни коментари. Пред две години на Твитер имаше објава на една корисничка која напиша дека „нејзината стилистка треба да биде отпуштена бидејќи нејзината шминка е ужасна и потсетува на лошитот панк од 80-тите“.

А, Џинџер на неговиот натпис сталожено одговори велејќи: „за жал, не може да го отпушти својот стилист затоа што тоа е таа“. Таа, исто така, повика да не се врши притисок врз жените да бидат слаби, откако една личност ја нарече „тенка“. Таа откри дека во тинејџерските години се борела со анорексија и дека таквите коментари може да влијаат на нејзиното нарушување во исхраната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите потврдуваат дека Алта банка имала сопственички удел во ЕУ банка

Фактите и документите јасно покажуваат дека Алта банка немала забрана за работење во Европската Унија, спротивно на лагите и манипулации што во јавноста ги пласираа СДС и Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите потврдуваат дека Алта банка имала сопственички удел во ЕУ банка

Вистината за случајот со Алта банка е сосема поинаква од политичките конструкции и хистеријата што ја создаваа Филипче и СДС.

Имено, Алта банка поседувала 9,63% од акциите во Адико банка, додека компанијата Дипломат пеј купила удел од 9,99%. Во август 2024 година, на двете компании им биле суспендирани гласачките права, откако надлежниот австриски регулатор утврдил дека тие дејствувале заеднички како поврзани лица и заедно стекнале квалификуван удел од 19,62%, без претходно да го известат надлежниот регулатор, согласно законските обврски.

Станува збор за прекршочна санкција, односно регулаторна постапка поврзана со ненавремено пријавување на стекнат удел, а не за забрана за работење на Алта банка во Европската Унија од страна на Европската централна банка.

Дополнително, во декември 2024 година, Дипломат пеј го продала својот удел на австриски инвеститор, по што во февруари 2025 година, била укината суспензијата на гласачките права на Алта пеј во Адико банка, констатирајќи дека повеќе не постоеле услови за заедничко дејствување меѓу двете компании.

Овие околности јасно покажуваат дека случајот се однесува на конкретна регулаторна обврска при стекнување акционерски удел, а не на забрана за работа во ЕУ, со што сите гали и манипулации на СДС и Филипче паѓаат во вода.

Банката немала никаква забрана за работа од Европската Унија и со самото тоа немало никаков основ и можност на Алта банка да и се забрани влез во Македонија, а од друга страна, пак, и Рајфајзен имала договор со групацијата на Мацура.

Банка која има забрана за работа од ЕУ како што сака да претстави СДС, а не прекршочна казна што е во случајов за ненавремено пријавување на удел од над 10%, нема можност да влезе во македонскиот банкарски систем.

СДС и Филипче уште еднаш се фатени во сопствените лаги и конструкции, оваа регулаторна постапка да ја претстават како забрана за работење во Европската Унија, кога станува збор за две различни работи.

Лажат и манипулираат за Алта банка со цел да предизвикаат страв и паника кај граѓаните исто како што беше и случајот со мигрантите, водата за пиење во Скопје, за пензиите, ИПАРД програмата, извештајот на Томас Вајц.

Таквите сценарија на СДС и Филипче за креирање хаос и несигурност нема да им успеат како што не им успеаја ни до сега, граѓаните не им веруваат и има за што не им веруваат.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски шампион и европски медалисти на 55. „Златен гонг“ во Скопје

Од 13 до 15 ноември, во салата „Расадник“ во Кисела Вода, се одржува јубилејното 55. издание на „Златен гонг“, еден од најстарите меѓународни боксерски турнири во Европа. 

Светски шампион и европски медалисти на 55. „Златен гонг“ во Скопје

На него настапуваат 89 боксери и боксерки од 20 земји, а организатор е Македонската боксерска федерација.

Меѓу најзвучните имиња е Украинецот Јуриј Захарјејев, сениорски светски шампион од Белград 2021. На 19 години тој стана првиот боксер што во иста година освои светско злато и кај младинците и кај сениорите. Во Скопје настапува и Данило Жасан, бронзен медалист од сениорското Светско првенство во Ливерпул во 2025 година. Украинскиот состав го засилуваат и Џамал Кулијев, европски шампион У23 од 2024 и светски бронзен медалист У19 од 2022, како и Матвиј Ражба, европски шампион У17 од 2019 година.

Во женска конкуренција, Ирина Луцак доаѓа со европско злато У23 од 2024 и сениорска европска бронза од Софија 2026. Нејзина противничка во четвртфиналето до 80 кг е македонската боксерка Марија Костовска. Во украинската селекција се и Наталија Меринова, европска шампионка У23 од 2024, и Анастасија Сарањук, бронзена на Европското првенство У17 во 2021 година.

Од Литванија настапува Александар Трофимчук, европски вицешампион У23 од 2024, кој во финалето во Софија боксуваше токму против Захарјејев. Во литванскиот состав се и Едгарас Скурделис, европски младински вицешампион од 2011, и Алгирдас Баниулис, бронзен медалист од Светските воени игри во 2019 година.

Молдавија ја предводи Даниил Гуранда, европски шампион У17 од 2023, европски вицешампион У19 од 2024 и бронзен на Европското У19 во 2025. Неговите сонародници Михај Поромбак и Владислав Васковски освоија европска бронза У23 во 2025 година. Поромбак има и бронза од Европското У22 во 2023.

Во Скопје боксуваат и Румен Руменов од Бугарија, европски бронзен медалист У23 од 2024, Хамза Рашљанин од Србија, европски бронзен медалист У19 од 2024, и Башким Бајоку, кој за Косово освои бронза на Европското У22 во 2023 година.

Програма во салата „Расадник“:

петок, 13 ноември, во 14:00 – четвртфинални борби

сабота, 14 ноември, во 14:00 – полуфинални борби

недела, 15 ноември, во 17:00 – финални борби

Влезот е слободен. Македонската боксерска федерација ги поканува љубителите на боксот да ги проследат борбите во „Расадник“ и да им дадат поддршка на домашните натпреварувачи.

Македонска боксерска федерација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка

​Се размотува клопчето околу Алта Банка и причините зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи со „алта банка“.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка

Нема голем скандал во Македонија а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети.

Додека СДС глуми спотер во јавноста излегоа информации дека сватот на Али Ахмети е со кредит од 5 милиони евра од Алта Банка Белград.

Во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, на владина седница била разгледувана точка за деловни односи со „Алта банка“.

Две години подоцна, според објавените информации во јавноста, компанија во која учествува „АС Сењак“, фирма поврзана со сватот на Али Ахмети, добива кредит од 5 милиони евра токму од „Алта банка“ во Белград.

Сега прашањето е дали Фатмир Бесими и тогашната влада на СДС и ДУИ знаеле какви деловни релации се развиваат околу оваа банка?

Како е одобрен кредитот? Кои биле гаранциите? И дали постоеле недозволени поврзаности меѓу политичките и бизнис-интересите?

Особено симптоматично е што СДС денес молчи и се обидува да се дистанцира од одлуките на сопствените функционери.

Не може вчера да ја отворате вратата за деловна соработка, а денес да се правите дека не знаете ништо.

Бараме Јавното обвинителство да ги испита владините одлуки, кредитот од 5 милиони евра и сите евентуално поврзани трансакции.

Кој ја отвори вратата за „Алта банка“, кој имал корист и зошто СДС денес молчи за своите функционери? Граѓаните заслужуваат одговори.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер