Не се намалува поддршката за крајната десница во Франција- Марин ле Пен во голема предност во првиот круг претседателски избори
1Не се намалува поддршката за крајната десница во Франција- Марин ле Пен во голема предност во првиот круг претседателски избори
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
КултураВодици – празник над празниците за охриѓаниБогојавление – Водици, еден од најсветите денови за охриѓани. Празник со душа, ден кој го чекаат цела година.И неможе да се пренесе со зборови возбудата која жителите на Балканскиот Ерусалим ја чувствуваат на денот на осветувањето на водите во Охридското Езеро, но и денови претходно. Единствено што може е да се дојде и да се почувствува магијата и светоста на овој ден. Осумдесет и едногодишниот Симон Ѓурчин, охриѓанец, жител на Варош, стариот дел од градот, од својата седма година скока по светиот крст, па до лани секоја година се капел во студените езерски води за Водици. Иако ниту еднаш не го извадил чесниот крст, раскажувајќи за МИА за Богојавленските празнувања, возбудата во неговиот глас за тие мигови кажува колку само му значи празникот. Ѓурчин на јавноста и е познат како охриѓанецот кој традиционално со свечено одело, скока во езерото после чинот на осветување и вадење на светиот крст од среќниот фаќач. Покрај капењето во езерските води со ниски зимски температури, нагласи дека во 74-годишното искуство никогаш не настинал, не се разболел. – Водици е еден од најсветите наши празници. Седумдесет и четири години се фрлам во водите на Охридското Езеро на 19 јануари. Од седум години почнав. Тоа ни е традиција. Од кога израснав и се оформив како возрасен човек не сум се фрлал и не сум се пријавувал за фаќање на светиот крст, но секогаш сум учествувал. Го немам фатено никогаш. Сум бил многу блиску, но не сум го фатил. Важно е капењето, славата, веселбите…. секогаш сум учествувал, со посебен жар истакнува Ѓурчин. Во студените езерски води, планирал да се капе до својата 80 година и покрај желбата тоа да го прави повторно, годинава рече дека ќе ги послуша советите на лекарите и семејството и нема да скокне. – Не сум сигурен. Сакав да завршам со 80 години, годините си го прават своето. Ме караат сите и семејството и лекарите, вели Симон, кој има голема желба да ја продолжи традицијата. Идејата да се капе во одело, облечен со кошула и машна произлегла од неговата оригиналност да биде поразличен од другите. – Не знам дали можам да го објаснам тоа. Решив да се капам во одело како некој знак за распознавање, како повозрасен. Така ме знаеа ене го оној со оделото пак скока. Се имам фрлено од пристаниште, од бродовите, од највисокото…, вели нашиот соговорник. Ниту строгите закони во минатото не ги спречувале во чинот на осветување на водите Иако во минатото, во времето на комунизот, осветувањето на водите и фрлање на светиот крст за Водици било забрането, сепак, Симон раскажува дека тоа не ги спречувало да ја прекинат традицијата. Честопати добивале и ќотек од полицијата, ама останале верни на традицијата, како што вели, не се плашеле во името на верата. – Понекогаш беше тешко фрлање, не зборувам за ладно или физички, имаше многу забрани, власта не дозволуваше да се слави. Постарите што беа верници, патриоти, рано наутро во три – четири часот се собираа. Прво го фрлаа светиот крст во голем казан, попот ќе си испееше, ние деца околу казанот, 20, 50, стотици, собрани, борба водевме и го фаќавме. Тој што ќе го фатеше крстот беше голем славеник, наградуван од целиот град, се присетува Ѓурчин. Иако, вели тој, крстот се фрлал со криење во црква, сепак се наоѓал некој од старите рибари што ќе го земел и со трчање ќе го фрлел во езеро. – Властите забрануваа да се скока по крстот, забрануваа да се оди во црква. Ние сепак го правевме тоа, верата беше посилна, не правевме зло. Што ќе ни правеа. Одевме масовно. Тие викаа ни даваа ќотек, ние упорно одевме, раскажува Ѓурчин. И во минатото, како и сега, откако ќе го изваделе светиот крст од студените езерски води се собирале во тајфи од по пет – шест души и групно оделе од куќа во куќа, каде се дарувани од домаќините. – Секоја куќа едвај ги чекаше да дојдат и генерално ги наградуваа со пари. Нема одредена сума. Луѓето даваат колку што имаат. Инаку се дава и девизи, како кој, различно, но се дава многу, раскажува Ѓурчин забележувајќи на измами од лажни групи, во последно време, кои оделе по куќи претставувајќи се со името на актуелниот фаќач. Празникот Водици, додава, во Охрид е најсвет ден. Во градот се чувствува посебна атмосфера. По чинот на осветување со нетрпение го чекале фаќачот во домовите, за благослов, здравје, среќа и бериќет. – Кога ќе дојде дома фаќачот со чесниот крст и тајфата најпрво пред врата почнуваат да ја пеат песната „Во Јордание“, вратата се отвора, пеат до крај им се придружуваме и ние од куќата во пеењето. Следуваат благослови: за многу години, радосни, весели… Ги покануваме внатре и ги пречекуваме со вино, ракија и се што има дома, истакнуава Ѓурчин. Славењето во минатото забележа дека било со многу голема почит и страст, со верба во Бога. Иако, додаде, дека и во поново време се враќаме на традицијата, со поддршка на црквата. Невозможно е да се намести фаќачот на крст, Варошани се одлични пливачи и најдобро се снаоѓаат во студените езерски води Во однос на сомнежите во јавноста дека фаќањето на светиот крст во Охрид е наместено и оти повеќе пати го фаќа ист човек, односно иста тајфа од Варош, тој тврди дека е невозможно да се намести. Според него, Варошани се подобри пливачи и добро го познаваат тој дел од езерото затоа и тие се најчестите фаќачи. – Невозможно е да се намести, децата се еден до друг. Свештеникотј и да сака да има фаќачите се толку набиени еден до друг што нема можност да го погоди и никогаш не било наместено. Варошани се далеку подобри пливачи, се снаоѓаат повеќе во водата и се случуваше неколку години по ред исто лице да го фати крстот. Е тука се правеше сомнеж кај луѓето. Нема местење за фаќање на крст. Тие се деца, полупијани се сите, еден над еден се. Во фрлањето летаат таму каде што лета крстот, нагласи Ѓурчин. Во Охрид се фрла поразличен крст од другите градови, односно тој пропаѓа веднаш и плива на дното, мора да се нурне за да се види и извади. – Ако не го фатат уште на површина, тој пропаѓа долу. На крстот има дрвце и бело шамивче. Дрвцето го држи крстот да плови, на дното може да падне во муљ и да се изгуби, а вака плови дрвцето и така се наоѓа. Мислам, не сум сигурен дека само еднаш во историјата на Водици е изгубен крст, никогаш повеќе, секогаш се наоѓа, раскажува Симон. Ден по Водици, Свети Јован Крстител за охриѓани Денот на рибарите Богојавленските чествувања во Охрид продолжуваат и следниот ден, на Свети Јован Крстител, кај охриѓани познат како Ден на рибарите. На тој ден охриѓани повторно се капат во студените езерски води на плажата Сараиште, а традиционално се фрлаат и буриња со вино, за оној кој ќе го извади бурето со црвено вино следува награда. – Рибарите сами го измислија тој ден. Почнува со песната „Во Јордание“, фрлаат буриња со вино, а оној што ќе го извади обележаното буре е наградуван. Порано се правеше рибина чорба, рибата ја донираа рибарите. Во времето кога беше забрането фрлањето на крстот за Водици, рибарите го префрлиле честувањето следниот ден и тогаш користеле момент да ги осветат езерските води и да се фрли крст, раскажува Ѓурчин. Покрај традиционалното капење во одело за Водици, Симон секоја година скокал и на Денот на рибарите, кога имал извадено и буре со вино. Тој ни раскажа една анегдота со поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере, кој беше редовен гостин во Охрид за време на Богојавленските чествувања и капач на Денот на рибарите, како му помогнал да излезе со бурето од студените езерски води. Младите да ја почитуваат традицијата Нашиот соговорник, на младите им порача да ја почитуваат и негуваат традицијата, која е поврзана со нашата вера. Скокачите пак по светиот крст да внимаваат да не конзумираат алкохол, да се дисциплинирани и да не влегуваат во вода додека не почне пеењето на песната „Во Јордание. – Тие влегуваат половина час порано, ќе измрзнат, ќе се здрват и неможат надвор да излезат, а камоли да стигнат до светиот крст. Свештеникот не го фрла крстот додека не се испее три пат песната „Во Јордание“, советува Ѓурчин, кој е голем почитувач на вековната традиција во Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
СудбинаТинејџерка среде погреб стана од мртовечкиот ковчег пред шокираното семејство (ВИДЕО)Во Гватемала, 15-годишно девојче за кое се верува дека е мртво ги шокираше семејството и пријателите кога се разбуди во ковчегот на сопствениот погреб. Видеото од тој момент стана вирално, а „Њујорк пост“ пишува за неверојатниот настан. Таа беше прогласена за мртва од нејзиниот татко Сè започна минатата сабота наутро, кога тинејџерката Јулеиди Икскотоак се онесвести додека нејзиниот татко Абрахам ја возел во медицинскиот центар. Таткото, евангелистички пастор, го запре автомобилот и го провери нејзиниот пулс и дишење. Бидејќи не почувствува витални знаци, ја прогласи за мртва на самото место. „Таа едноставно престана да постои, почина на пат“, изјави Икскотоак за локалните медиуми. „Видов дека повеќе не дише и не можев да го почувствувам нејзиниот пулс на зглобовите. Ситуацијата беше многу тешка за мене. Не стигна до болницата.“ Будење среде погребот Смртта никогаш не беше официјално потврдена од лекар, ниту беше издадена смртна потврда. Семејството, следејќи го локалниот обичај за брз погреб, веднаш купило ковчег. Погребот се одржа во семејниот дом во руралното село Ел Џокот само осум часа откако девојчето се онесвестило. Видеото од погребот покажува луѓе собрани околу дрвен ковчег. Мајката на Јулеиди, Лесвија Риос, се наведна над ковчегот и ја забележа нејзината ќерка како се движи. „Постојано велев дека е жива, не е мртва“, рече мајката. „Додека плачев над нејзиниот ковчег, го отворивме малото прозорче и таа се движеше. Се будеше и одеднаш седна.“ На чудење на присутните, тинејџерката се исправи во ковчегот и почна да зборува. Семејството ѝ помогна да излезе и ѝ даде чаша вода, а тагата се претвори во прослава со извици „алелуја“. 🇬🇹 Adolescente despierta en su propio ataúd después de creerla muerta en Guatemala: Una joven de 15 años, identificada como Yuleidy Ixcotoyac, despertó dentro de su ataúd tras permanecer cerca de ocho horas en un velatorio en la aldea El Jocote, en el departamento de Quiché. Según la información disponible, la menor sufrió un desvanecimiento y su padre la dio por muerta al no detectar respiración ni pulso. Según relató su padre, Abraham Ixcotoyac, en una entrevista con TV Sac, la joven sufrió un malestar en la madrugada y perdió el conocimiento mientras él la trasladaba en automóvil con la intención de llevarla a un centro de salud. "Ella salió inconsciente de acá de la casa, la trasladaba para el hospital", afirmó Ixcotoyac. El hombre sostuvo que, poco antes de llegar al municipio de San Pedro Jocopilas, notó que su hija no respiraba y no tenía pulso. El padre de la joven aclaró que Yuleidy no llegó a recibir atención médica. "No ingresó a hospital ella", dijo durante la entrevista. También señaló que, tras advertir que no presentaba signos vitales, buscó una funeraria para conseguir un ataúd y trasladarla de regreso a su vivienda. Durante la ceremonia fúnebre, los asistentes observaron movimientos en el féretro y, al percatarse de lo ocurrido, la auxiliaron. La joven se encuentra consciente y en recuperación. — Alerta Mundial (@AlertaMundoNews) October 11, 2026 Закрепнување и поделени реакции Јулејди се сети на моментите пред да ја изгуби свеста. „Срцето почна многу да ме боли, се чувствував тешко, а потоа паднав, како да сум се онесвестила“, рече таа. 15-годишната девојка сега се опоравува дома, е свесна и вели дека „му благодари на Бога“ што е жива. Видеото од настанот се прошири на социјалните мрежи и предизвика стотици коментари. Додека многумина зборуваат за „чудо“, други изразуваат загриженост дека девојката веројатно е трауматизирана. Некои се обидоа да направат шега од целата ситуација. „Потсетник за иднината - не паѓајте во несвест во Гватемала“, напиша еден корисник. Други беа изненадени од брзината со која беше организиран погребот: „Колку брзо успеаја да ја стават во ковчегот?!“. Имаше и коментари како: „Затоа сакам кремација, за секој случај да не се разбудам под земја“ и „Моментот кога ирационалните стравови повеќе не се ирационални“. Здравствените власти во Гватемала сè уште не го коментираа инцидентот.Тагови: погреб тинејџерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
БизарноМу ги запалиле роговите и му ги пресекле гласните жици за да не испушта крици- Полворин го преживеал „toro embolado“ (ВИДЕО)Спасен бик, одгледуван исклучиво за борба со бикови, е жив доказ дека секое животно заслужува сочувство, а не суровост. Приказната, која ја сподели Лук Барит, директор на кампањата во Network for Animals, е за бик кој одамна требало да биде мртов. Бикот се вика Полворин и е „toro embolado ', шпанска раса за борба со бикови одгледувана за индустријата во која биковите се провоцираат, исцрпуваат, рануваат и убиваат пред разбеснетата толпа. Најмалку 7.000 бикови се убиваат во Шпанија секоја година за време на традиционалните борби со бикови и фестивали. Полворин речиси стана еден од биковите што не ја преживеале традицијата. На локалниот фестивал „торо емболадо“ (бик со оган) во Мединасели, Шпанија, роговите на бикот се палат: топки од запалив материјал се прицврстуваат на роговите. Со пламен што пламти само на неколку сантиметри од нивните очи и жешки парчиња што паѓаат врз нивните тела, биковите трчаат во паника, гонети од толпа што вреска и се смее на нивниот страв. Полворин беше предодреден за истата судбина: беше принуден да трча сè додека не се сруши од исцрпеност. Доби тешки изгореници на грбот и го изгуби видот на едното око. Неговите мачители му ги пресекоа гласните жици за никој да не може да ги чуе неговите вресоци, а кога заврши фестивалот, тој не беше поштеден, туку беше предодреден за колење. Но, приказната на Полворин не заврши трагично. Бикот беше спасен и однесен во засолништето „Ла Кандела“ во Андалузија, со кое соработува Мрежата за животни. И за прв пат во неговиот живот, никој не се обиде да му наштети на Полворин. Кога волонтерите го посетија Полворин, тие стоеја само неколку метри од неговото огромно тело од 850 килограми. Никој не чувствуваше страв, дури ни Барит, директорот на кампањата, кој го гледаше бикот како полека оди низ оградениот простор - смирен и љубопитен, повеќе заинтересиран за храна отколку за луѓе. Полворин беше она што навистина е: нежен џин, жив, безбеден и конечно слободен да ужива во сонцето, тревата и мирот што суровоста и колењето се обидоа да му ги одземат. На Полворин му беше дадена втора шанса за живот, шанса што многу малку бикови ја добиваат во индустријата за борби со бикови. Но, спасувањето не е само момент, туку ветување што мора да се одржува секој ден. Организацијата „Мрежа за животни“ сака Полворин да ја добие потребната грижа до крајот на животот: големи количини храна, специјализирана ветеринарна грижа и цврста и добро одржувана безбедносна ограда. Поради овие трошоци, линијата никогаш не се повлекува и помошта во форма на донации од сите добротвори, и организации и богати поединци, е секогаш добредојдена. Полворин веќе заборави дека бил жртва на индустријата за борби со бикови. Никогаш не смееме да го заборавиме ова: затоа организацијата Мрежа за животни одлучи да стави крај на тортурата врз биковите, а на 14 ноември, од 18:00 часот, Плаза Мајор во Мединасели, во шпанската покраина Сорија, ќе стане почетна точка на борбата и ќе започне меѓународна кампања на социјалните мрежи за да се стави крај на страдањето на биковите што горат поради оваа сурова традиција.Тагови: рогови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНе се намалува поддршката за крајната десница во Франција- Марин ле Пен во голема предност во првиот круг претседателски избори Лидерката на француската крајнодесничарска партија Национален митинг, Марин Ле Пен и натаму има убедлива предност во првиот круг од претседателските избори што ќе се одржат следната година.Лидерката на француската крајнодесничарска партија Национален митинг, Марин Ле Пен и натаму има убедлива предност во првиот круг од претседателските избори што ќе се одржат следната година, а во вториот круг би ѝ се придружил и лидерот на левицата Жан-Лук Меланшон, според најновата анкета, пренесува денеска Bfmtv. Антисемитските изјави што му се припишуваат на Жордан Бардела, сепак, не ја запреа динамиката на партијата Национален собир, покажува истражувањето на агенцијата „Толуна Харис интерактив“ за М6 и РТЛ. Според резултатите од истражувањето, меѓу 35 и 37 отсто од француските гласачи би гласале за кандидатот на Националното собрание, според пет сценарија тестирани од агенцијата за испитување на јавното мислење. Во сите варијанти, лидерот на Неосвоена Франција, Жан-Лук Меланшон, би ѝ се придружил во вториот круг од изборите, освојувајќи меѓу 18 и 19 отсто од гласовите. Тој на тој начин би го надминал Едуард Филип од централно-десничарската партија Хоризонти, кој би добил меѓу 13 отсто, доколку Габриел Атал исто така бил кандидат, и 17 отсто од гласовите, доколку центристичкиот блок има само еден кандидат. Атал, лидерот на партијата Ренесанса, би освоил меѓу 5 и 12 отсто од гласовите. Рафаел Глуксман, неодамна назначениот социјалдемократски кандидат, се предвидува дека ќе освои меѓу 10 и 11 отсто од гласовите. Од друга страна, се проценува дека лидерот на централно-десничарската Републиканска партија Бруно Ретахо би освоил меѓу 7 и 10 отсто од гласовите. French far-right leader Marine Le Pen and hard-left rival Jean-Luc Melenchon widened their lead over other candidates and would face each other in a run-off in all tested scenarios, a poll showed, stressing growing polarisation as President Emmanuel Macron's era ends https://t.co/SJcKUcWSbT — Reuters (@Reuters) October 12, 2026 Ова истражување, исто така, покажува дека откритијата на Медиапарт во врска со антисемитските изјави кои му се припишуваат на Жордан Бардела од неговата младост не му наштетиле на Националното собрание, но донекаде го нарушиле неговиот имиџ во споредба со оној на Марин Ле Пен. Додека претходните истражувања покажаа дека нема разлика во перцепцијата на јавноста кога станува збор за овие двајца партиски лидери, се чини дека Жордан Бардела сега изгуби дел од довербата, па Марин Ле Пен изгледа поубедлива отколку што беше минатиот јули. Имено, 51 отсто од Французите сметаат дека Марин Ле Пен би била добар претседател, што е зголемување за 6 процентни поени во однос на почетокот на летото, додека 47 отсто од нив имаат исто мислење за Жордан Бардела.Тагови: Марин Ле Пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00