3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница
СветВодич на детски камп призна цека дрогирал и силувал деца: Полош е од ѓаволот Водич на детски летен камп, Џон Рубен (76), од Нотингемшир се изјасни за виновен за дрогирање и сексуално напаѓање на две момчиња во летниот камп што го водел.Поранешниот ветеринар признал дека дрогирал и сексуално напаѓал две момчиња во летниот камп откако им ставил седативи во слатките, објави Скај њуз. Тој признал сексуален напад врз дете под 13 години, напад врз дете под 13 години со пенетрација, осум обвиненија за суровост кон деца, три обвиненија за правење непристојни слики од деца и четири обвиненија за дрога. На Крунскиот суд во Лестер му било кажано дека Рубен, за кого обвинителите велат дека го водел летниот камп најмалку 27 години, ставил седативи во слатките и ги нападнал двете деца откако ги замолил малите деца да ги изедат „лепливите слатки“ што е можно побрзо пред спиење. Обвинителката Мери Прајор изјави дека обвиненијата се однесуваат на летен камп во изнајмени простории во близина на село во Лестершир минатото лето. „Постои долга историја на деца во кампот кои се чувствувале лошо во текот на многу години. Тој ги создавал правилата. Со години играл со децата она што го нарекува слатка игра каде што одел во спалните соби. Играта е дека секој мора да изеде навистина лепливи слатки што е можно побрзо, но мора да ги џвака. Децата секогаш се чувствувале лошо следниот ден, но тој го објаснувал тоа како прекумерна вознемиреност“, рече Прајор. Рубен е притворен до понатамошно рочиште на истиот суд, кое е закажано за 28 ноември.Тагови: кампови дрогирал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДенеска нови цени на нафтените дериватиРегуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата. Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисНовак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес ОпенНајтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк, УС Опен во конкуренција на мешани двојки.Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август. Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим. И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон. Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја. Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ. Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ. Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел? Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел. Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат. Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook