Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата за пиење во Скопје е безбедна покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 43 мерни места во градот.

- Секторот за санитарна контрола во периодот од 13 до 17 јануари 2025 зема 191 примероци за физичко-хемиска и 191 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат денеска од ЈП Водовод и канализација.

Манчестер јунајтед сака да го ангажира Осимен

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен, може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лигата, објави „Teamtalk“.

Сериозно заинтересиран за 26-годишниот Нигериец е Манчестер јунајтед кој е во потрага по напаѓач.

Сепак, амбициите на Осимен се настапи во Лигата на шампионите и неговата висока плата може да го отежнат потпишувањето на договорот.

Осимен настапува за Галатасарај како позајмен фудбалер.

Во тековната сезона на 24 натпревари за Галатасарај, Осимен постигна 19 голови и пет асистенции.

ВМРО-ДПМНЕ:Ако срамот имаше второ име ќе се викаше Кацарска-Трпков,омилените судии на СДС и ДУИ

Ако срамот имаше второ име сигурно тоа ќе се викаше Добрила Кацарска и Илија Трпков.

Злоупотреби со притвори, изживување со судења кои траат по 12 часа, неосновани апсења, стигматизирања, политички говори во судница, уништувања на семејства и поигрување со нивните судбини, споро убивање на правдата се дел од политичките злодела на дел од партиските судии на Заев, Филипче, СДС и ДУИ.

Ако срамот имаше второ име сигурно тоа ќе се викаше Добрила Кацарска и Илија Трпков.

Со вистинско чудење сеуште се раскажуваат телефонските повици и нарачки кои овие политички извршители ги добивале од Владата на Заев и Филипче во процесите кои ги водеа, а чија цел беше наместо докажување на правда, силна политичка пресметка.

Исто како што се раскажува и сервилноста, понизноста и бесрамноста со која истите судии, слуги на СДС и ДУИ, ги кршеа и газеа процедурите, законите и носеа одлуки со кои зацрнуваа семејства. Се натпреваруваа кој ќе направи поголема штета врз ВМРО-ДПМНЕ во исто време кога милионскиот грабеж на Македонија од Ахмети, Филипче и Заев остануваше неказнет.

Нивните одлуки беа срам и преседан за судството и обвинителството, а за многу помали работи истите тие не само што требаа да бидат разрешени од судии, тие требаат и мораа да се соочат и со кривична одговорност и да бидат ставени на столбот на срамот како ја понижуваа и сопираа правдата.

На сето ова мора да му дојде крај. Токму затоа СДС не ги поддржува судските реформи и не поддржува смена на Коцевски. Затоа што тие се последната брана за правдата која мора и ќе биде победена.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Москва: Американските компании загубија 300 милијарди долари со напуштање на рускиот пазар

 Директорот на рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитриев, изјави денеска, пред почетокот на руско-американските преговори во Ријад, дека американскиот претседател Доналд Трамп е „човек кој решава проблеми“.

„Навистина гледаме дека претседателот Трамп и неговиот тим - тим кој решава проблеми, луѓе кои многу брзо, многу ефективно и многу успешно се соочија со голем број големи предизвици“, рече Дмитриев.

Тој посочи дека американските компании изгубиле околу 300 милијарди долари со напуштањето на рускиот пазар поради војната во Украина.

„Она што е важно е изнаоѓање заеднички економски патишта и позитивни решенија, пред се за САД и за многу други земји кои почнуваат да сфаќаат дека рускиот пазар е исклучително атрактивен и дека е неопходно да се биде присутен таму“, рече тој.

„Се разбира, денешните разговори со американската делегација се исклучително важни. Сите очи се вперени во тоа дали САД и Русија ќе успеат да ги подобрат своите односи, бидејќи нашите подобри односи ќе ни овозможат да решиме голем број глобални задачи и проблеми со кои се соочува светот во моментов“, им рече тој на новинарите пред руско-американските разговори во Ријад, додавајќи дека тој ќе биде одговорен за разговорите за „економскиот аспект“.

Дмитриев, поранешен банкар на Голдман Сакс, образован во САД, одигра голема улога во првите контакти меѓу Москва и Вашингтон за време на првиот претседателски мандат на Трамп.

притисни ентер