Водата во Северното море со рекордно висока температура од 21,5 степени - Канал 5

Водата во Северното море со рекордно висока температура од 21,5 степени

Водата во Северното море достигна рекордно висока температура од 21,5 степени целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт..

Водата во Северното море со рекордно висока температура од 21,5 степени

Мерењата биле направени минатиот викенд на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук Ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени пред осум години.

Истражувањето на швајцарските научници на Универзитетот во Берн покажува дека затоплувањето на морињата во Европа во најголем дел е последица на климатските промени, кои летово доведуваат до зголемување на температурата до 2 целзиусови степени во Средоземното море..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Гостивар и западнонилска треска и денеска тема за редовни партиски препукувања

Резултатите од анализите од водата во Гостивар да се објават јавно повторно бараат од СДСМ. 

Водата во Гостивар и западнонилска треска и денеска тема за редовни партиски препукувања

Партискиот лидер Филипче изразува сомнежи дека водата во Гостивар е питка иако пред неколку денови од здравствените власти беше проглсена за исправна, поради големиот број на пациенти во гостиварската болница... Вели не може да им се верува само на изјавите од надлежните без документите да бидат објавени јавно и ја обвини власта за лошо менаџирање и на кризата со водата во Гостивар и на епидемијата со западнонилска треска поради двојното зголемување на зарзени за само една недела.

„Зошто не го кажат резултатот со водата во Гостивар, зошто не се покаже во јавност. Исправна ли е водата за пиење? Како може да им се верува само на изјавите на премиеорт и министерот ако знаеме дека само три дена откако беше прогласена болницата во Гостивар беше полна со пациенти, а три дена преходно кажале дека водата е исправна. Тие луѓе немаат кредибилитет, не ја говорат вистината, кријат факти. Кој ја менаџира кризата министерот за здравство упатува на една, друга трета институција. Кој ја менаџира кризата со проблемот во Скопје. Градоначалникот излегува вели се прска по онолку пати, по толку пати. Па зошто има толку пациенти ако се прска. Се проверил ли ефектот од прскање, се таргетирале ли добро жариштата?“ – Венко Филипче, претседател на СДСМ .

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат Гостиварци со години конзумирале небезбедна вода токму кога Филипче бил министер за здравство и бараат Обвинителството да отвори случај по допрен глас и да истражи зошто тогаш не се постапило по ниту една од 400 анализи за загадена вода низ повеќе места во земјава, а за кои ВМРО-ДПМНЕ неодамна обелодени.

„Граѓаните со години конзумирале небезбедна вода во Гостивар, Филипче за тоа знаел, а не постапувал. Документите кои ги добивме од свиркачи, за анализите и испитувањата за квалитетот на водата кои ги правеле надлежните институции, докажуваат дека Филипче како министер за здравство не преземал ниту една мерка за нејзино решавање, а денеска како без срам обвинува за голготата која жителите на Гостивар ја поминаа токму поради него и неговите коалициски другари Ахмети и Таравари. Обвинителството мора да постапи“– Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера министерот за здравство Клековски ги презентираше резултатите од последните анализи направени од Центарот за јавно здравје, кои покажуваат дека водата е исправна за пиење, за за официјалниот извештај од мерењата ги повика да ги објават гостиварски Водовод и општината Гостивар.. За неколку дена, како што најави Клековски ќе биде објавен и епидемиолошкиот извештај за бројто на заболени и хоспитализиртани од почетокот на кризата. Во меѓувреме судот вчера им го продолжи притворот на директорката и двајцата раководители на Водовод, осомничени за труењето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата во вторник на седница ќе ја донесе мерката „училишна кошничка“

Во вторник на владина седница ќе се донесе одлуката за  воведување на така наречената уличишна кошничка – најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Владата во вторник на седница ќе ја донесе мерката „училишна кошничка“

Мерката доаѓа на предлог на министерстовто за економија, од каде брифираат дека по денешниот состанок со трговците на големо и мало кои продаваат училишни материјали, ќе биде донесена конечната одлука за што би содржела мерата. Училишни кошнички имаше и во изминативе две години, според пресметките на надлежните примената на кошничите во тој период придонела за заштеда на семејствата од најмалку 1 500 денари...

„Да ќе има и во вторник на владина седница ќе донесеме одлука...“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада .

Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања, по потшишувањето на меморандумот за соработка со Државниот завод за ревизија, рече дека буџетот е во добра кондиција, но големи бафери и простор за идни интервенции нема. Прашана колку досегашните мерки поврзани со намалените акцизи кај дериватите, мерка која и во моментов е активна, но и онаа за намалено ДДВ кај горивата влијаеле врз буџетот – Кочоска вели тешко е се направи прецизна проценка.

„Да видиме како ќе одат состојбите понатаму гледате дека инфлацијата се стабилизира што беше една од главните цели преку овие мерки да не направиме дополнително да влијаеме на инфлацијата. Да видиме сега министерстовто за економија со какви пресметки и предлози ќе излезе па ќе зборувмае. Но јас многу пати повторувам големи бафери и простор во буџетот нема тоа е многу оддамна е потрошено и тоа сите го знаеме. Далеку сме ние од тоа дека немаме пари и од банкрот. Ние зборуваме тука за одредени мерки кои може да се дадат во таа насока. Јас не би рекал дека буџетот е во лоша кондиција само нема за се исто како и дома што нема за се...“ - Гордана Димитриевска Кочоска – министер за финаснии.

Во меѓувреме по три месеци намалување– минималната синдикална кошничка која ја пресметува Сојузот на синдикати во август бележи раст, и тоа од 177 денари. На едно четири члено семејство месечно според синдикатот за основите потреби му се потребни 68 675 денари, од кои само за храна и пијалаци месечно се трошат над 25 илјади денари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски и Мицкоски ги пренесоа државните приоритети на Амбасадорскиот совет во Скопје

Разговори за изнаоѓање на решение постојано се во тек, но во рамки на веќе извесните црвени линии, изјави премиерот Христијан Мицкоски во однос на дипломатските напори за деблокада на македонските евроинтеграции.

Муцунски и Мицкоски ги пренесоа државните приоритети на Амбасадорскиот совет во Скопје

Тој истакна дека додека македонскиот устав нуди заштита на правата на сите заедници во државава, вклучително и бугарската, соседна Бугарија се уште не ги спровела пресудите од ЕСЧП кои се во корист на тамошната македонска заедница. Мицкоски рече дека е подготвен да се сретне со неговиот бугарски колега Румен Радев доколку претходно дипломатските напори успеат да ги приближат македонските и бугарските позиции.

-Јас сум подготвен во било кој момент да седнам и да разговарам, но средба колку да биде само средба а притоа да нема никаков ефект, не сум љубител на губење нити на своето ниту на неговото време. Очекувам дека дипломатските обиди да се изнајде решение претходно ќе ги доближат позициите на двете страни, па ако има можност за такво доближување тогаш апсолутно сум подготвен да седнам да разговарам,- - Христијан Мицкоски, претседател на Влада.

Мицкоски и претседателката Сиљановска Давкова присуствуваа на Амбасадорскиот совет кој денеска се оддржа во Скопје, прв пат по 2019та година. Пред почетокот, шефот на дипломатијата Муцунски, ги предочи стратешките насоки за амбасадорите и ги определи ЕУ членките, САД, но и Индија и земјите од Арапскиот залив како приоритетни трговски партнери за државава.

-Прво е заштитата на македонските национални интереси, второ е користењето на потенцијалот на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија но и стимулирање на трговијата, односно извозната компонента на нашата економија и третото е заштитата на интересите на нашите граѓани надвор од нејзините граници, независно дали се тоа македонци кои што живеат надвор од нашата држава или се тоа наши граѓани кои патуваат заради различни причини,- -Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија.

На отворањето на Амбасадорскиот совет денеска се обрати и шефот на чешката дипломатија Петр Мацинка кој е во официјална посета на државава. Иако Муцунски не ја адресираше вчерашната изјава на неговиот чешки колега според кој Македонија и Бугарија немаат билатерален спор туку мултилатерално прашање на сите земји на ЕУ, како што вели Муцунски, Чешка испратила јасна поддршка за македонското членство во ЕУ и понудила помош во изнаоѓање на соодветно решение во спорот со Бугарија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер