ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево
2ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево
СветВодачот на воениот преврат на Мадагаскар ја презема функцијата претседателВодачот на воениот удар на Мадагаскар денеска изјави дека „ја презема функцијата претседател“.Полковникот Мишел Рандрианирина, кој ја предводеше побуната на војниците што го собори претседателот Андри Раџоелина, во интервју за Асошиејтед изјави дека очекува во следните неколку дена да положи заклетва како нов лидер на земјата. Рандрианирина вчера објави дека вооружените сили ја преземаат власта на Мадагаскар, со што се стави крај на неделите протести против Раџоелина и неговата влада, главно предводени од младите. Тој рече дека ја презема улогата на шеф на државата откако Уставниот суд го повикал да го стори тоа во отсуство на Раџоелина, кој побегнал од Мадагаскар по востанието. Пресвртница во повеќенеделните протести било приклучувањето на елитната воена единица ЦАПСАТ кон демонстрантите. - Моравме вчера да ја преземеме одговорноста затоа што во земјата повеќе ништо не остана – нема претседател, нема претседател на Сенатот, нема влада, рече Рандрианирина. Раџоелина, кој беше претседател од 2018 година, рече дека побегнал на безбедно место од страв за својот живот по побуната на војниците на Рандрианирина. Тој го отфрли военото преземање на власта како незаконит обид за преврат удар од страна на побунетата фракција. Парламентот вчера изгласа негово разрешување и покрај тоа што Раџоелина со декрет малку пред тоа го распушти долниот дом на парламентот, со што дополнително ја продлабочи политичката криза во земјата. Инспирирани од слични маршеви на генерацијата З во Кенија и Непал, протестите беа најголемиот бран немири на ова сиромашно острово во Индискиот Океан во последните години. Демонстрантите, кои првично излегоа на улиците поради честите прекини на вода и струја, а потоа бараа негова оставка и се бореа против корупцијата, повеќепати одбиле дијалог со претседателот. Обединетите нации наведуваат дека во протестите загинале најмалку 22 лица, додека 100 биле повредени. Владата на Мадагаскар ги отфрли тие бројки. Тагови: Мадагаскар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општествотоПретседателот на владата Христијан Мицкоски никаде во својот говор на 8ми септември не ги спомена ниту нарече СДС и Венко Филипче за талог во општеството.Очигледно сами си се препознаа. Но тоа е фројдовскиот синдром кај СДС затоа што и тие знаат дека се фабрика за нихилизам, и поделби, кои дури и од прославата за 8ми септември сакаат да направат поделби и расеат омраза. Нивните фрустрации и завист се на најголемо и највисоко ниво. И затоа воопшто не сме изненадени што самите се пронајдоа во терминот талог. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-СандевоСѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 34 пожари, од кои седум се ставени под контрола. Во општина Струга пожар има кај селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, каде што гори нискостеблеста шума. Во општина Македонски Брод гори кај селото Белица, односно кај местото викано Кајорец кон селото Брезница, а во Чучер-Сандево гори во близина на селото Брест на Скопска Црна Гора. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вчера уште еднаш предупреди жителите да внимаваат заради тоа што се уште има опасност од пожари .Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба48 годишниот пејач кој беше хоспитализиран по повреда од огнено оружје е во стабилна сосотојба велат од Грдска болница за Канал 5. Во план е да се прави втора интервенција кај него велат од таму.Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 01 часот и 50 минути наутро, во СВР Скопје било пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесено лице со иницијали А.М од Скопје.Според полицијата настанот се случил на влезот на Арачиново , откако од возило едно лице кое го познавало , а било во придружба со друго лице со огнено оружје пукало кон него . Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот .Тагови: Арачиново Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter