Водачот на најозлогласениот култ во Турција: Аднан Октар на десетици жени им го испрал мозокот, ги вика „мачиња“, а ги уценува со снимки на оргии (видео) - Канал 5

Водачот на најозлогласениот култ во Турција: Аднан Октар на десетици жени им го испрал мозокот, ги вика „мачиња“, а ги уценува со снимки на оргии (видео)

Аднан Октар (62), познат и под псевдонимот Харун Јахи, е водачот на еден од најозлогласените култови во Турција. Опкружен со десетици жени на кои наводно им го испрал мозокот.

Водачот на најозлогласениот култ во Турција: Аднан Октар на десетици жени им го испрал мозокот, ги вика „мачиња“, а ги уценува со снимки на оргии (видео)
Октар е турски писател, ексцентричен и влијателен телевизиски проповедник, кој комбинира теолошки дискусии со гостување на атрактивни, млади следбенички. Како што пишува Вокатив, жените во неговото опкружување мораат да се облекуваат и да изгледаат како што тој сака. Облечени се по последна мода, со беспрекорна шминка. Тој смета дека жените постојат за да бидат убави и сакани.
Октар живее во луксузна вила на три ката на едно од најубавите места на Босфор. На огромниот имот опкружен со мускулесто обезбедување, редовно е во друштво на поволина од неговите 300 следбеници, кои ги нарекува негова „придружба“. Мнозинство станува збор за млади, згодни девојки, кои тој ги нарекува „мачиња“, но помеѓу нив има и момчиња.
Некои од нив тврдат дека биле принудени да учествуваат во оргии, кои се и снимани. Тие снимки подоцна се користени за уцени, за да девојките не смеат да го напуштат култот. Тој за нив е „господар„, а често следбениците водат сопствени дискусии за тоа зошто теоријата на еволуцијата е погрешна.
Октар за себе вели дека е феминист, но според зборовите на оние кои успеале да избегаат од мрачниот култ, тој е „обична свиња“.

Аднан Октар своето движење го започнал во осумдесеттите години од минатиот век, расправајќи против еволуцијата и комунизмот, а проповедајќи исламски креационизам. Власите во Турција се обидуваат да му застанат на патот, но во тоа не засега не се успешни. Октар е позната телевизиска личност, а напишал и бројни книги кои поттикнуваат теории на заговор за исламскиот креационизам.
Октар е во пријателски односи со претседателот на Турција Реџеп Ердоган и јавно го поддржува.
Во текот на 2008 година Октар бил осуден на три години затвор поради создавање на илегалана организација во лична корист. Тужителите тврделе дека тајно снимал секс со неговите следбенички за да ги уценува. Во последните две децении Октар бил замешан во броојни судски процеси, и како тужен и како тужител. Често целат на неговите напади се интернет сајтовите кои негативно ја оценуваат неговата работа, а на кои пристапот треба да им биде блокиран по одлуката на турските судови.
Покренал дури 5000 тужби против оние за кои тврди дека го клеветеле. Наводно добил 90 отсто такви спорови, а добар дел од нив се однесуваат на семејствата на неговите следбеници. Октар сака да ги тужи семејствата кои се обидуваат да контактираат со своите деца и на кои им пречи зошто со нив може да разговараат само во присуство на неговото обезбедување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Предлог законот за јавни набавки попладнево стаса на дневен ред во Собранието, откако владеачкото мнозинство го отрфли предлогот на СДСМ тој да биде повлечен.. 

Власта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Дејан Трајкоски е во Парламентот..

Дејан, откако вчера претседателката Сиљановска стави вето на еден член од предлог законот, мнозинството експресно реагираше...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка.

Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година.

Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување.

Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година.

Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес.

Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата всушност ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венецијанската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството.

Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем.

Напротив, побараното мислење од Венецијанската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди.

Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења.

Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури.

За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер